Активно ли е бебето?? Кај мене е премногу активна, фобија имам кога цица, при цицање ми повраќа од што мрда, прета, а многу е лакома. Кога цица активно, ја прекинувам при цицање, ја поткревам да ждригне и ја оставам пак да цица, се лути, плаче, ама приметив дека ова функционира. Исто така и давам почесто да цица а помалку. Сега стана од спиење, цицаше како да нема цицано цел ден и прета мрда, нормално одма поврати уште додека цица.
Од хормоните ти е, Кортизолот и дисбаланс на тероидната, нормална последица од бременост. Со време ќе си дојде све на место. Јас цел живот се влечкам со овој проблем, и реума у артритис и тероидна испитував често. Мега Б комплекс на synergy, спас. Моментално само обичен б6 пијам. И јас вака ко тебе ја оставав бебка од страв да не ја испуштам. Трнење и сечење у зглобовите имав. Стегач ќе ставиш, ама ќе бидеш лимитирана со движење, и мораш да пазиш кога го ставаш. Види со витамините, треба да ти се среди од една доза...
Значи викате б комплекс а? Ги пијам пре мама понекогаш ама гледам мала количина има б вит внатре ќе земам чисто б комплекс на синерџи и ја да пробам
Јеп. Ти треба нешто за да се опуштат нервите во телото т.е. на рацете. Мене оваа болка иницијално ми почна во слаткара коа работев со 12ч смени, ко да ми се расипаа рацете Дадов отказ, неколку месеци не ми прекинуваше болката, па бев и на специјалист во Млим Балкан. Имав 24 години тогаш, и пред да почнам со било каква терапија ми ги препорачаа овие мега Б комплекс да ги пијам. Лабораторија и тероидна ќе те пратат да испитуваш. Ама сеуште ти е рано да испитуваш тероидна тебе, тазе си породена. Таа знае да даде болки во зглобовите, мене ми беше на граница, па со витамините се регулираше и таа.
Искрено и ми треба малце да смирам нерви не може секско ништо да штети б комплекс, навечер ги пиеш или небитно?
Здраво мамички, не знам дали ова прашање е за тука, не ја најдов темата, поминаа 3ипол месеци откако се породив косата почна ужасно да ми паѓа, не знам што уште не пробав помагајте ако знаете нешто што може да ми помогне
Не сум пробала лично бидејќи немам таков проблем, но објавија на еден канал за мајки шампон и лосион од пискавица на Olival, во dm ги имало.
Да се осетиш дека не си сама ќе ти пратам слика да ја видиш мојата состојба 4месеци по пороѓај Јас земав ампули и шампон против опаѓање на ice cream линијава на Inebria по фризерски салони ја има сигурно си ја забележала…уште пред еден месец кога почна, на сликава се гледа дека има многу нови малечки пораснато инаку е страшна глетката. Сите околу мене ми викаат дека секоја втора жена постпартум се соочува со ова… кај мене буквално цели прамени. Цел живот имам убава сјајна густа и негувана коса - како самодовербата да ми ја зема некој откако се случи ова. Само камуфлирам ја прибирам на страна нешто измислувам и чекам да порасне
Ќе ти растат нови секако и без апмулите. За жал секоја поминува, па уште ако доиш, бетер мислам… и мене цели прамени ми паѓаат, 11 месеци постпартум. Имам многу нови, ко сателитска сум во главава.
Ме уплашивте, јас имам бујна коса и ми паѓала на времето ама и ми расти како луда. Сега за прв пат ја скратив ептен, под рамена, инаку до полојна имав коса.
Да само на доење сме, инаку претходно никогаш не сум имала проблем со опаѓање на коса, сега баш се исплашив бидејќи ненормално ми паѓа целава куќа е со влакна, тебе цело време ти паѓа до сега после 11 месеци?
И ја си мислам од доењето најмногу … а тек 4месеци само…сакам да дојам барем до прв роденден премногу премногу лошо изгледа напред кога ми е врзана горе високо а пуштена од бебка не можам пошто ме фаќа одма ме кубе
Да цело време, ама нормално е од хормоните е, не е ништо. Ама веќе ми расте нова, со антени сум. Исто, цело време ми е врзана, еве уште дојам, иако не сакам со сила дојам ќе мора да ја поминам зимава, зашто не прифаќа ништо моево дете од течност освен мојава цицка… Али ќе доиш, ќе почне да расте полека пак, нема да е до волку лошо. И јас сум со многу густа коса, се ишишав дури до рамо, само да може пуштена да ја носам, а јас ја немам пуштено од реп.
Мене ми е краток боб, густа од секогаш ама сега… Фризерот рече дека имам нови влакна и ќе си се обнови сама
И ја цело време врзана и кога ќе видам влакно по алишта на бебка миниде да се фрлам, пред некој ден си фатила едно и низ раце си го мота се смее … кога ја видоооов
Цело време и наоѓам мои влакна во раце дури и во пелена а репов не сум го пуштила одкога сум породена
Јас не дојам и ќелава сум така да не е до тоа хаха, до све целокупно мислам и најмногу стресот телото што го поминува. Само гледам кај тебе има надеж многу бебешки влакна. Јас сабајле во 7 се фарбав, станав се гледам бела плус без коса. Ај викам да затемни нешто може ќе мислам има повеќе коса. и додека излезе мм се избањав, се исфенирав и бев шеткав со дете.
Jas ne dojam a kosa ima nasekade okolu mene, mi e strav da ja mijam i ceslam celi prameni pagaat pa baska koga ke pobeli plus kako pitacka na semafor sum