Iskreno se cudam i jas znaci na nastinka nema samo taka koga go ostavam mi se nakasluva a koga e vo mene ili koga spie navecer i preku den nema kaslanje.hahah Glumci uste od mali noze
Го користев отприлика еден месец од 3ти до 4ти. Искрено ќе ти кажам дека и додека го користев пак имаше денови кога блуцкаше почесто, ама имаше огромна разлика, откако престанав исто пак имаше денови помалце, повеќе, ама не како што беше кога го почнав кога после секое јадење доста количина блуцкаше
А дали повраќаше како водичка? Моево ќе поврати после јадење и еден саат откако јадел ќе поврати како вода проѕирно.
Мамички, Вие што ги храните бебушките со АД млеко, кога одите надвор како спремате млеко? Бебе е 2,5 месеци и јаде на 3/4 часа. Пошто термос не сакам да користам дали можеби е ок во шишенце му ставам само прашак, и со флаширана вода (Ладна користам), да носам мало шише од 0,5 и така да му растворам?
Јас колку што знам не. Млекото се прави со топла вода, барем на Хип пишува околу 50 степени да е. Јас носам термос со топла вода и шише со превриена изладена и мешам. Пр 100мл топла и 50мл ладна. Прво ќе ја растворам формулата со топлата па ќе ја оладам. Ова засега ми се покажа најдобро. Термос имав на free on, ама земав и од ДМ и се покажа доста добар. Долго време ми ја држи топла водата. Зошто да не сакаш термос? Ние сме само на АД и не би можела да замислам без термос да се заебавам цел ден.
Можеш, јас искрено имам филтер дома и вода ставам во стаклено шише ако излегувам додека беше топло времево.И сум подготвувала млеко со нестоплена вода малку не и по ќејф ама све е навика до 2 ипол месеци греев после и така сум и правела. Ама сега кога е поладно пак термосот ми е секогаш спремен од греач во термос и седи водата млака. Термос имам од дм инокс и еден од карес исто инокс. Со неа избегнувам пластика, шишњата ми се стаклени, вода во стакло. Тањирчиња исто керамички од зара хоме ги најдов.
Ние сме на доење ама не се молзам па инцидентно некогаш користиме АД особено во кола кога патуваме и така правам ама со бебешка вода бебелан незагреана растварам hipp формула и не сме имале проблем.
Е сега ве зачитав за приготвување, разгледувам тањирчиња, чашка, прибор сетови за хранење. Од kids & co на mushie ми се преслатки само како да знам дека силиконот е safe ептен ми е страв од овие ствари и сакам да купам нешто што е проверено зошто храна ќе внесуваме секој ден не ми е битно колку пари се. Какви користите вие?
За сега само едно тањирче имаме, пластично е со капак од Twistshake и пишува дека е BPA free. И јас сакам и силиконско да земам. Од Mushie имаме лигавче и на него пишува дека е safe и bpa free.
Здраво мајки, Морам да споделам мое искуство во врска со капките и пробиотикот за бебе. Мислам дека @Надеж♥️ и уште една членка споделија лошо искуство со капките. Гледајќи колку се мачеше малава периодов за какање, за прткање, ме копкаше дали е возможно да е до тоа. Решив да исклучам Бејбитол Д3+Омега, стана малку полесно, но имаше пак епизоди на јаки грчеви, па решив да пробам да исклучам и пробиотик. Мајки, од тој ден па наваму, веќе недела дена детево ги нема тие плачења, вриштење, виткање пред какање. Сега се случува да прокенка, но прокенкува минута и кака. Инаку се будеше и од спиење со вриштење затоа што се напињаше да се искака, некогаш успешно, некогаш безуспешно. Кога беше будна па ич да не збориме, неколку денови навечер не можев да ја успијам, ја шетав во раце по саат-два да ми задреме, па пак се будеше со плачење и така во круг и на крај не какаше. Вчера бевме на контрола кај педијатарот што ја води во Систина, му кажав за ова, ми рече штом е така, не давај веќе од тој пробиотик, ако сакаш можеш да смениш, ако не не мора. А за да надоместам омега, ми предложи ако најдам некаде, на Д3 + К1 да додавам Вигантол 1-2 капки. Сега толку грижа на совест чувствувам што сум ја измачувала со денови не знаејќи дека и наштетувам, и за син ми исто, само што тогаш не се сетив на вакво нешто, па се измачивме некој месец...
Дали добро разбрав, да надоместиш омега со Вигантол? Не може да надоместиш,тие се Д3. Јас давам Вигантол плус Омега од Бејбитол.
Очигледно погрешно го сфатив, ама пак тогаш како се заменува омега...? Ми кажа наместо Д3+Омега да се додаде витамин Д, и јас не разбирам баш зошто што како. Најверојатно тоа и ме натера да помислам дека така се заменува...ако има некој стручен на таа тема ако може да ми појасни. Инаку во докторот имам голема доверба, затоа што и првото дете ми го водеше од раѓање, па и сега за секоја поголема работа се консултирам со него.
Во замена за Д3 ќе даваш вигантол, а омега ќе земеш капсули посебно без Д3. Вчера др. Од Систина ми рече слободно и по 3 капки Вигантол да давам. Затоа споделив искуство од кога му прекинав се и заменив ново бебе имав дома. Јас давам Вигантол и Бејбитол омега+дха
Како што ти кажа @Надеж♥️, друг тип на Омега за бебиња немам сретнато освен Бејбитол. Во зелено пакување се чисто само омега без к1+д3. Вигантол давам 2 капки толку ми рече матичната.
И моево е кутрото со плачки и вриштење и некакање Ве прочитав тука па ги прекинав колиеф и рекол а сеуште ги прима д3+к1 и омега оти не сум купила замена но ќе побарам Плус почнав еспумисан и мислам дека му помогнаа многу Но се уште плаче и тоа најмногу попладне а накај 12-13 часот ги давам витамините така да можно е да е од нив Ама многу е жално како се витка од болки
Јас спасот му го видов когс прекинав д3+к1. Од тогаш ниту еспумисан сум дала ниту колии а не давам ни сируп веќе грчеви нема детето