Со погледот лево десно ако покажувам не ми следи. Да се врти. А за смеење спонтано. Или можеби еднаш на мене
Хм. А ако идеш лево десно? Фигурата да ја види и да ја следи би требало веќе. Не мора секогаш зашто не ги интересира некад ако се фокусирани на друго. И како што те праша феникс која недела е родено? И тоа е важно Едит: Видов дека е 38ма. Тоа е терминско бебе секако. Види уште некој ден сигурно ќе почне повеќе да се интересира. Мојата 5 недели следи понекогаш а сега овие две недели не престанува се прати со очите. Немој да се секираш почекај уште некој ден и не мораш да користиш играчки зашто не верувам дека ги интересираат.
Обично сите milestones, се очекуваат според термин на раѓање, немаше причина за грижа. Ќе почне да следи за брзо.
Во раце гледа лево десно. Кога е на грбче или стомак тогаш ништо. На грбче за пример не врти глава по предмет. За себе не сум приметила. Ќе повнимавам баш . На грбче главата си ја врти како му дојде.
Не се водиме по milestones, туку секој milestone го очекуваат според термин на раѓање, не според дата. Значи ако нешто се очекува до 6 месеци да се направи, ако е родено 38ма, се трпи и до 6и пол. Ме разбра сега?
Поблиску стави и ја играчката да ја забележи и потоа движија ја постепено кон другата страна. Јас забележав прво дека играчките што висат над креветчето почна да ги забележува, а претходно воопшто не ги регистрираше.
Дали може од вода што се напи малку да се појави проливче? Вчера запна свекрва ми дај и малку вода дај и малку да не е жедна ајде добро реков 30тина мл испи. Ова беше накај 9 вечерта. И од 5 до сега 3 пати малку потечна кака од вообичаено. Водата беше флаширана и превриена.
4 ипол месеци. Не е класичен пролив ама е потечно и така кисело мириса. Може и вирусче е да. Ок не дека нешто има што да се прави. Пробиотик давам, млекце си пие. Евентуално маллу бекутан чајче за мешето.
На доење е? Ако е сенф жолта, потечна ок е. Моето така какаше мислев пролив е, ама нормално било дека е само на доење да е потечно. Може да зголемиш некоја капка на пробиотикот, наместо 5 Биогаја да дадеш 7.
Не, на АД преминавме од пред 1 месец. Може да дадам уште некоја капка пробиотик. 5 биогаја и дадов прееска. Сенф жолта е каката ама има специфирен мирис. Ќе го побарам после матичниот ако пак кака.
Јас како што знам бојата е најбитна мирисот може да варира. Мислам дека штом е сенф жолта немаш простор за грижа ама пак прашај си
Ми треба искуство за преминот од мајчино на ад. Сега ми се уврте во глава дека е гладна и затоа на моменти е кенкава и имаме проблем со спиење откако премина на ад спие подолго и полесно и како сте навечер со станување?
Не видов промена во спиењето искрено. Од месец можда па навака спие добро навечер. И да стане презаспива најчесто. Ако се расони ја оставам во креветче и си легнувам, ќе попрета некогаш и цел саат и ќе заспие. Е некогаш сака во раце ама среќа ретко. И првото дете спиеше добро навечер ама во 5 беше кукурек секој ден до кај 1ипол год негде. Искрено мислам до детето си е најмногу.
Консултирај се за секој случај. Рота да не примавте скоро? Мојот после 10тина дена од ротата какаше така течно.