zdravo imas li slika da vidam koj termos go koristis i kokku vreme drzi? i nie sme na ad pa ni treba nekoj barem nekolku chasa da drzi toplo..
Мамички како ги облекувате бебињата за спиење, дали ги покривате со кебиња или во вреќа за спиење, јас сабајле кога станав од памет се извадив кога видов дека ќебето го става во уста мислев дека му е преку глава, инаку сме 4 месеца
Боди по кратки, шпикозни и вреќа без ракави 2.0 тог. Мислам таман му е, 20 степени ни е во собата кога легнува.
Вреќа е најубаво, за да си ги скратиш тие стресови а и да знаеш дека секогаш е покриено.Моето е исто 4 месеци и спие во вреќа од 1 месец.
Мајки дали некоја ја има wonder weeks да ми пресмета кога бебево е во скок ? Ако може да ми пише во инбокс
Не се откажувај од доење. Издржи, уште малку па ќе почнете со кашички. Ако е кенкава, не значи дека секогаш е гладна. Може ја боли меше, може и се спие, а не може да заспие. Верувам дека си ги следиш пелените (мочкани, жолто какано...).
Не се откажувам си плачам и си дојам. Денес беше ок, го истеравме денов без да се молзам и да одмрзнувам. Закажав консултација со специјалист за лактација да види во живо што се случува како врти глава и како заплакува можда ќе ме посоветува нешто да не правам погрешно ама ќе се трудам до крај! Размислувам да почнам со вкусови од 5ипол тоа би било негде за месец и 3недели па после како пди воведувањето на оброците знам дека прв оброк негде тек после цел месец од пробување доаѓа а втор и трет + ужинки? И како ги растеретувате денските подои со додавање на оброци и ужинки? Да знам да се припремам психички зошто попладневните подои ми се најмачни сабајлечкитр и утринските се сосема ок
Во вреќа е најпрактично. Спие по боди на кратки, шпикозни, без чорапчиња во вреќа од 1.5 тог. За спиење ни е 20-21 степени.
19 месеци е, од прв ден спие во вреќа (освен во лето) и раат сум. Кога беше бебе боди, шпикозни, вреќа без ракави. Сега боди и вреќа со ракави и ногавици.
@Baby warrior извини ако се надоврзувам без врска, ги прочитав последниве 2-3 коментари само, па од нив извлеков заклучок, не ви ја знам ситуацијата. Сакам да ти дадам поддршка за доењето (ние бевме од прв ден комбинирано АД и доење, најтешката битка што сум ја изборила е да се префрлиме на ексклузивно доење и успеавме на 4 месеци да го исфрлиме АД - сакам да кажам, ако можев јас СЕКОЈ МОЖЕ, особено што како што сфаќам досега детето било само на доење?). За вкусовите не мора да чекаш 5 и пол месеци, јас почнав од 4 и пол по совет од педијатар, на 6 месеци веќе воведов оброк- житарки и јогурт.
Ве читам дека добар дел користите вреќи за спиење. Може да ми препорачате од каде сте ги купиле? Дома ни е прилично топло, денски е 25 степени а за спиење 23. Гледав едни ама не ме бендисаа беа со ногавици и доста дебели.
Од кога ви почнаа бебињата да ја поткреваат главата свретни на стомак? 2,5 месеци е бебе ама тешко на стомак ја дига главата. Кога е во раце ја исправа ама ова тешко му оди....
Размислувам да консултирам педијатар и за порано воведување и читав деновиве баш околу таа тема. Мн извори викаат дека дигестивниот тракт не е спремен до 6месеци за храна и препораките се да се почека ама само ради тоа што минправи скандали попладне со доењево сепак ќе прашам дали е ок или да почекам и дали тоа би сменило нешто во калорискиот збир за да се осеќа бебка ок
Рачунај на 5 ако почнеш дури на 6 ќе имате еден цел оброк, не оди брзо воведувањето. Плус тој еден оброк ретко е и обилен, мојава иако е буце пак едвај 80 грама јаде. Јас почнав недела пред да направи 5 па по точно месец имавме нешто што доликува на оброк ама сеа со вадење заби се враќаме чекор назад, она е возбудена почнува да јаде отвара уста ама ја болат непцата па по неколку лажички ми ја граба лажицата да се чешка со неа и не сака повеќе. Муабетот ми е тешко дека ќе ти јаде количина на храна што би го оптеретила желудникот, а секако почнуваш со полесни намирници првиот месец.
Мислам дека ако напредува добро на мајчино млеко препорачуваат после 5 месеци да се почне со кашички. Јас прашав педијатар во петокот ми речее ако ти напредува вака со мајчино дури после 5 месеци ќе почнеш со дохрана
Имам една кутија Аптамил 1 не е отворена ја купив кога се породив за случај ако не му е доволно од цицање, така ми стои. Ако некоја од вас користи пишете ми ќе ви ја пуштам по карго само поштарината да си ја покриете.