Ставај го почесто и само ќе си почне. Моево е 1 месец и прави обиди да дигне главче, по малку ја мрда и со ноженца како да се придвижува. Ќерка ми дури после 3 месеци почна.
Не размислувај. Уживај со бебе. Се ќе биде во ред. Остави на педијатарот да ти каже кога да почнеш, како и со што.
Може има во Памук Пале, Стружанка.... јас не користев вреќа ни за прво дете, ни сега за бебе. И кај нас е топло.
Освен стресот ти што го доживуваш (што верувам не ти е лесно), не гледам дека имаш друга причина толку рано да почнуваш. Зошто овие сега што ги поминувате се најтешките скокови, после кога ќе дојдат следните веќе ќе имате почнато со храна. Плус, не мораш до толку да се водиш дека треба еден месец да воведуваш па да нудиш оброк. Можеш да му даваш на бебе и одма колку сака. А може и да се деси да не сака многу па пак да ги имаш моментите на цице а само ќе имаш почнато во период кој не се препорачува (освен ако ептен нема медицински причини за тоа).
Епа тоа ми треба како совет дали може да направат проблем две три лажички јаболче или морковче на 5месеци и дали да брзам или сепак да се помачам и да чекам до 6ти месец за да почнеме. Мојата идеја е дека кога ќе има оброк барем еден ќе може да скратам еден подој попладне што ми е проблематичен и пто најчесто го плаче Јас земав од ело летна за есенва мн убави дезени имаат без ногавици за до 6м од вечерва планирам да почнам да ја ставам да видам како ќе реагира. До сега со памучно кебенце летоска ми клоцаше и муслин прекривче жешко и беше сега не го клоца кебенцето значи ок и е. Од вечерва ќе видам со вреќата како ќе биде и дали ќе спие помирно зошто се врти во сон многу
Ќе ја мерат наредна недела на педијатар и ќе видием до кај сме па ќе пресечам што и како да почнуваме. И јас нејќам пред 6 ама со ова скандаливе со цицањето ме тера да мислам на се. А имаш право 100% што ако не сака ни кашички хахаха
Ако ти го гледаш тоа како брзање не брзај и не почнувај. Секое бебе со свое темпо. Јас побрзав ради неколку причини а и два педијатри ми рекоа да почнам од 5 дека бебето ми е скроз спремно. Треба и бебе да е спремно, да може да седи без проблем бар на 60 степени, да има развиена моторика и да покажува интерес за храна. Мојава само се ѕвери на маса дур јадеме а и еве иако не сме на блв она се џапа со рацете по лажицата и сама става во уста. Некогаш одбива ако не и дадам сама да јаде. Исто кај неа од што со нагол раст имавме проблем со хемоглобин па давав железо суплемент а одкога почнавме со храна пу пу супер е хемоглобинот.
Здраво мамички. Дали сте давале антибиотик на 5 месечно бебе секако по препорака на доктор? Нас ни препиша докторот, ама некако не ми се дава... Кашла многу, не знам дали со инхалации да продолжам без антибиотик
Да, антибиотик е даден најверојатно зашто има наод, од ракав не се дава антибиотик. Дај му, зашто може да се влоши без него ако е потребен.
Според педијатарот на првото (сеа во пензија) на 5.5 е најдобро 2недели да се пробаат и од 6 оброк. Јас тогаш највеќе се зезнав што давав по шеми нели 3 лажички па 5 .... Или можеби само психа е... сега не знам кога ќе почнам ама веројатно исто со таа разлика дека ќе давам колку сака нормално не од прв ден Во однос на доењето во 4 тиот скок од 17 до 19 ч беше на ци*ка обесена нон стоп. Сега па ова цица ако мрдне негде нешто мисли сосе цицка може да се сврти или некогаш од ништо никако стиска со немпцата па уште и лево десно врти како кутре некое. Не да боли ,партали ми се брадавките. Башка не знам дали има врска со првото само на лева цицаше сеа на лева имам повеќе млеко(визуелно поголе а е градата) плус и кога цица од лева над 3 ч не бара а кога цица од десна за 1 ч пак... Чудни се многу работи околу доењево и точно тоа ме фасцинира Друго што сакав да прашам ,моево дете е упорно да седне Значи чим на 45 степени се најде дали во релаксатор или раце она бутка со главата за во седечка да дојде Не знам дали смеам онака со ,,влечење" за рачиња да ја вежбам ? Си има и време за на меше и обожава да седи ,еден период и да спие сакаше така. Пробува и да се сврти кога е на грб ама до сеа неуспешно... дома немам на што да ја ставам баш на 45 освен релаксаторот...на прошетка оддамна не сме биле а треба. Како ги облекувате за надвор во случај утре да тргнам ? Постов карма каша Инаку 4м (кога летнаа ) правиме утре.
Немаше ни 2 месеци кога примаше антибиотик. Кашлаше, а наод немаше ама сепак докторката одлучи дека е подобро да зема антибиотик пошто може наеднаш да направи наод. Покрај антибиотикот правевме и инхалации, дури по 10тина дена намали со кашлица.
A omega kolku vreme se dava? Bebi e 2meseci i mi rece pedijatarot na babytol da zemam posebno d3 i plus na babytol d3+omega Ne znam zaso dve dozi d3
Нашите се денови разлика и мојава сака да седи се бутка сама. Ние во држење ја стануваме на ноџиња и сама во скут си седнува ама гледам да не е долго. Се мислам веќе и спортскиот дел од количката да го пробам пред три недели го отворив од мерак ама малечка ми беше пропадна цела сега мислам за две-три недели на 5месеци веќе да го почнеме зошто во корпа нејке да лежи само во транспортер на количка ама веќе и е тесничко. Е сега за во количка не го разбирам тоа со степените anex количкиве имаат три нивоа, лежечка, потстаната и седната. Пошто го имам и релаксаторот на анекс таму веќе на 45 си поседува дневно додека готвам и баш се радува така да вероватно вториот степен на количка би бил ок веќе штознам. Многу е цврста мојава се исправа мислиш ќе оди за шеткање надвор, денес на пример боди на прерамчиња, хеланчиња и дуксерче и чорапки и патичиња. Одозгора јакниче и ја покривам со тенко кебенце
Мислам дека Д3 го дозираат и според килажа и каков е растот. Нас ортопедот на 5м ни рече исто така дупла доза Д3 и два пати неделно (за викенди) тројна доза. Омега дооолго се дава ама мислам после годинка има некои што се полесни за давање, овие капкиве ми се ноќна мора мене да и ги дадам на малава, војни водиме
После примена вакцина по колку време се стабилизиравте ? На 13 ја прими пред некој ден ама денес е најлош, кемчи, само во раце сака и два пати се покака така убаво до прокиснување во рок од 15 минути. До пред ова ништо немавме а на педијатар ми рекоја првите ден два се со реакции, еве моево денес пријави. И баги поспан е денес а кога ќе се разбуди плачи за в раце, вака се смее си седи ама повеќе спие денес отколку што е разбуден
Мислам дека со 6 е веќе да може да има оброк. Со вкусови може да се почне и порано ете од 5. Секако се 2-3 лажички само што се вика ќе лизнува. Таман 3-4 недели да испроба 10тина работи и после да се почне со оброк. Мојот педијатар минатата недела ми рече може да почнеме ама 4-4ипол месеци ми е баш рано. Ќе почнам на 5 евентуално една недела покасно.
Ние букиравме за Виена за декември . Пред 2 години бевме со мм и преубаво поминавме. Сега се решивме и мажето мало да го носиме Тогаш здравје ќе има 9м