ти препорачувам ваја пробиотик, вигантол веќе си земала тоа е д3 мора да даваш и к1 ако е на доење, ако не немаш потреба, другово се шо ти е набројано се капки за грчеви и се даваат по потреба
Ние користевме колиеф и рекол бимбо по препорака од педијатар во ремедика, подоцна бидејки имаше мнпгу гасови вметнав на своја глава саб симплекс и на контролата ми кажаа дека е во ред. Вит. Д+К1 треба да се дава доколку сте на доење а ако е на адаптирано вигантолот ти е супер( педијатар ми кажа 2 капки а ортопед 1 капка) Од аптека исто ти треба 70%алкохол, хидроген и прашок банеоцин за хигиена на папче како и стерилни газички. Физиолошки раствор за чистење носе, јас си зимам од тие малите пластични вијалички и носко ..Мислам дека тоа е тоа
Здраво мајки. Дали некоја од вас има бебенце со рефлукс да ми каже искуства? Правам се што е во моја моќ, често ја ждригам, ја држам исправена, спие на антирефлукс перница ама пак е вознемирена. Некогаш 15 мин плаче па ќе ждригне. Имам чувство дека ја пече грлото во тие моменти, дури и прави кисели фаци. Не може да спие нормално, се буди со плачење ја кревам пак ждрига и не може да презашие па нормално станува нервозна. Има ли некој лек? Педијатарот вика нормално е ќе и помине кога ќе потпорасне ама мене срце ми се кине кога ја гледам.
Педијатар ми рече и до 3 капки д3 може да давам дека нема сонце ама може улога игра и тежината дека кај мене е 6.5кг на 2ипол месеци
Нели постои анти рефлукс формула ? Мислам Новалак го фалеа за тие работи. Друго не знам што би олеснило.
Да, сум заборавила да пишам дека пие новалак Ар, и откако е на него многу ретко повраќа. Проблемот е што многу ждрига и мислам дека има болки пред да ждригне, или киселини како да и доаѓаат во грлцето, прави такви фаци дури и звуци испушта.
Јас давав Алгорал сируп, консултирај се со педијатар за него. Мојата не ждригаше, ама таков тивок рефлукс како со киселини имаше, и помагаше да не и се враќа. Ама ние сме на доење, не знам дали има врска, затоа збори со доктор