Девојки има ли чаре или ич да не пробувам. Бебето е два месеци и втор скок според сите нејзини однесувања. Значи ноќна птица. заспива во 5-6 саат сабајле. После спие до кај 1 саат со прекини се буди ја презаспивам. Јаде, кенка се смее се у едно, па после пак си заспива. Спие и накај 20:00 до 22:00 обично. Е после тоа спиење нема. У раце мора да ја држиме иначе плаче. И здосадува секако па ја вртиме да не плаче... Мислев да ја држам после секое будење прозор на будност околу саат ипол. Па се надевам ќе и влијае да задпие порано навечер. Не беше вака, си заспиваше касно ама накај 1. Дали е од скокот или вака ќе тера не знам. Ако ја држам будна да не ја мачам.. Не знам. И со јадење ме зеза . Се врти гледа околу, на 5 пати пие 100мл мајчино млеко.
Бебето од утре почнува 10 недела. 2 месеци и 1 недела е. Нејќе ни да фати да цица плаче уште не ставено да цица. Што да правам не знам дали е скок некој помош мајки.
Здраво мамички, бебето многу често гледа така наназад и ја врти главата, имаме закажано во јануари на преглед бидејќи не сме во мк, многу се нервирам од што може да е тоа дали некоја мајка се соочувала со тоа помош
Не разбирам како наназад, се врти да види кој зборува пример? Нормално е да се интересира за околината. Колкаво е? Обично од 4 месеци почнуваат.
И кога никој нема тој со очињата гледа наназад и ја врти главата нагоре сега е 4 месеци а тоа го праве уште од помал, педијатарот ни закажа преглед за развојно незнам како се вика во мк тоа, но добивме преглед во јануари, јас се многу нервирам зошто прави така
Така со очињата гледа наназад и главата ја турка исто назад и прета со рачињата и ножињата и кога нема никој позади, јас така му ја ставам раката да не гледа ама тој не престанува и почнува да се вознемирува тоа почна да го прави од 2 месеци и сеуште го прави незнам зошто 4 месеци сме сега
Ако добро те сфатив мислам нема простор за грижи. Првото кое така се виткаше ко банана и тоа му беше како почеток на вртрњето на меше. Од кога научи да се врти сам околу 4ипол месеци не правеше така. Го ставаш ли на меше?
Даа, скроз си во право. Од една страна сум среќна, од друга си викам да не е малку млеко, дека и не е некој јадач на каши.. по 30-40гр јаде каша..
Е полека де, ќе пројаде. Ти битно нуди, дај му да јаде вие кога јадете, некогаш и тоа успева. Пробај ако не смени парчесто давај, може сака сам.
Мојата 5 лажички да изедеше, на коњ бев. Сега си јаде, гајле немам ни јас, а и она најадена е. Се во свое време.
Ќе пројаде. На почетокот и син ми не јадеше многу, по 60-70гр. Ама еве го сега си лапка за машала , некогаш и 220гр ручка и уште сака. Полека, трпение, ќе биде.
Мајки каков кенгур препорачвате за бебе од 6 месеци. Во од 4ти скок па еве сега во 5ти уште само враце сака… рацете ми паднаа, па малце од малце да си ја олеснам работата.
Јас имам kiddo go, презадоволна многу е лесен и комотен има и lap seat опција и класично кенгурче https://e-kiddo.com/product/2go-plus/
Од кога се ставаа бебињата на под или во бејби џим? Бебе вчера направи 40 дена, го ставаме на стомаче секој ден, ама на кревет и врз нас, ама на под сеуште не сме го оставиле. Сум заборавила скроз од првото како беше.
И мене ме интересира истото, моето е 2 месеци, не е нешто многу среќен на меше. 2,3 минути и одма плаче. Вака на мене кога е си ја држи главата ама на кревет тешко му иде. На под уште не сум го оставила.. Незнам дали ќе го интересира бејби Џим, вака по тропалки и шарени играчки се врти.. баш ќе пробам денеска..
Женски на неколку тетра пелени од омегс бејбитол ми се направиле жолти флеки не искочија со фрош … бели се тетрите со што вадите омега?