Моето е 2 месеци. Боди на кратки, подебели шпикозни или тренерки, јакничка пролетна/есенска не многу дебела. Памучно капче и тенко ќебенце. Шетаме секој ден и кога е сонце и кога не е. Добив коментар од другарка дека го облакам многу. Незнам дали е многу или малку, еве и јас сакам да слушнам од други мајки..
исто, боди на кратки и шпикозни и кај нас е таа температура, исто како што седи дома ја вадам и надвор само и ставам капче и плус ќебенце. педијатарот ми рече дека изгледа ја облакам многу пошто има врукици @Ena0310 и мене ми се чини како многу облека, не е толку ладно надвор. и мојата е два месеци иначе
Нас ни е дома преку ден периодов 24 степени, седи само по шпикозни или по боди на долги + хеланчиња и чорапи. Со боди одоздола и е топло, се поти.
Дома ни е 22/23 степени,боди на кратки и шпикозни, или трењерчиња по тенки. Или боди на долги и панталони долу. Јас сум цел живот смрзната па за тоа изгледа не сум репер за облакање Инаку имаше малку мрсулчиња па страв ми е да не ми настине. Коа е ептен сонце му вадам ќебенце. Ама штом така ќе го облакам по комотно за шетање на сончеви денови..
и мојава нешто чудно ми шмрчка, мн ми е страв да не ми настине времево како што е променливо, а треба да прими први вакцини. примивте ли вие? како пројдовте?
Период на вируси е мајка, не и се затнало носето од што си ја изнесила на сонце сигурно. Баш добро си направила. Преку ден дома ни е 22-23 степени, некогаш знае и 24 да дојди. За по дома го облекувам по боди на долги, хеланчиња и чорапчиња. За прошетка во количка е по боди на кратки, тренерчиња, есенска јакничка, патичиња. Кај нас често знае ветер да дува, па тогаш додавам плус памучно капче.
Не сме правеле за ниту една вакцина до сега. За мрп кога ќе дојде време ќе правам обавезно. Ама и вчера медицинско лице, ме посоветува пред 4 ри години да не ја ставам. Така и ми беше планот искрено.
Јас на поголемото сите вакцини редовно, освен мрп ја одложував колку можев. Т.е на година ипол ја прима пред да почне во градинка. За во градинка ја бараат обавезно колку што знам.освен ако нема некаква медицинска причина да не се вакцинира детето,или па врски.. незнам. И јас се плашев па чекав да почне да иде и да збори. Фала богу без реакција пројде. Инаку се вакцинираме во Јане Сандански на пунктот и ако добро памтам обавезно мораше крвна слика. Ама не се сеќавам дали и од ептен мало за првите вакцини. Ако некоја мајка знае нека каже Да се редактирам : сега и пишав на матичната да ја прашам ми врати обавезно крвна слика пред вакцина.
Za vo gradinka neli e zadolzitelna? Jas moeto ke moram vo gradinka, nema koj da go cuva.... A skoro site vikaat da se odlozi kolku moze poveke....
А кој се тоа скоро сите? Јас само од родители со наметнат страв од интернетов сум слушнала, од доктор никогаш. За во градинка мора, како и останатите вакцини.
Нашава матична ни кажа да ја одложиме кај син ми бидејќи нема да оди во градинка. Верви има многу поделени мисслења и кај докториве, со многу имам правено муабет, не е рекла казала муабет меѓу народ.
Многу работи се контроверзни со вакцините, ќе тргнам од онаа за хепатит Б, баш вчера ја праевме со мм муабет. Мислам да ставиш на бебе старо еден ден за хепБ вакцина, а знаеме како се пренесува . Здравствени работници па не се сите вакцинирани, они брзаат бебиња да вакцинираат, а секако тој имунитет не е доживотен. Ама тоа е, останува само да се молиме се да биде во ред, надвор од наша моќ е било што.
Така е, работам во здравство и зачудувачки голем е бројот на заразени со Хепатит Б. Само што не се сложувам дека бебе не треба да ја прима, баш треба пошто може и преку нестерилни инструменти да се пренесе. Точно е дека не е доживотен имунитетот, јас сум под стрес и размислувам за ревакцина со оглед на мојата работа само што треба по дифолт сите работници да не ревакцинираат
Имам пријатели кои децава по 4 ри години им се, уште ја немаат примено. Исто и дете од година ипол, самата учителка им рекла дека не е проблем, дека може кога сакаат да ја стават. И да, во иста општина зе градинките.
Од доктори и еден имунолог имам совет. На крајот е наше да одлучиме. Не дека нема да ја прими, само не сега. Патем. Сестра ми и дефектолог е. Јас сум свесна дека вакцината, не предизвикува аутизам, како што се збори насекаде. Пресложено и никој до сега го нема откриено тоа како. Но накратко аутизмот , е сплет на гени кои меѓу себе ,,не се сакаат”. Многу деца ги има без ниту една вакцина примено, па имаат аутизам. Само сакам да почекам, за да и ја ставам.