Ne e za uteha ama duri go doev do 13 meseci stanuvase sekoja vecer za cicanje na 2 casa kako alarm. Koga go odbiv mu davam mleko alpsko i sega e 17 meseci uste stanuva ednas preku nokj za mlekce.
И мојот матичен ми даде сличен одговор. Денес бевме за вакцина, во вакцинален пункт не не прашаа за крвна слика.
И од доктоти имам коментар да не се брза... Лично познавам доктори кои нивните деца ги имаат вакцинирано од мрп на кај 3/4 годишна возраст. Своевремено мрп не беше ограничена дека без нејзе неможе дете во градинка да оди, но од кога почна трендот на антиваксерсво пред 5/6 години се стави некое ограничување. Е сега дали има некоја поврзаност со аутизмот или не незнам, ама коментари кои ги имам добивано е да почне да оди и да прозбори добро дете па тогаш.Кога ќе видиш вакцината не ограничува да се прими покасно. Ограничувањата се од други рамки.
Како успеа да го исфрлите АД ? И јас исто комбинирам , а многу сакам да дојам и да е само на мајчино. Пробав и со пумпање , суплементи, чаеви и никако не ја зголемив лактацијата. На почеток имаше проблем со цицањето (tongue tie) и не фаќаше добро. Не се откажав, почнав да го дојам со силиконска, и полека си почна да цица убаво и без силиконска. Напредува супер , и повеќе од што треба. Ама лаком си е и си сака повеќе млеко. Педијатарот ми вика може и да го доиш само затоа што супер напредува ама имаше борби по дома, постојано гладно, и му давам и ад за да е задоволен.
Не се сложувам дека треба година да чекаш, ама нека помине 4-5 скок и пробај со некој мини тренинг. Иначе зашто јас имав многу млеко, пред да цица се измолзував малку 30-40 мл па и давав да цица. Ова помагаше за млазот, Јасна ми препорача.
Порачав тренинг од експерт за спиење минпрати некој chat gpt документ со препораки искрено безвезе скроз ама не можам да се скарам не ми е мудот таков а и не платив којзнае колку … 2000ден како некоја промоција имаше не знам ни ја што очекував. За една недела искачаме од 4ти скок и планирам да почнам со нешто од препораките мада мислам дека се буди за да се гушне и да цицне да осети дека сум до неа… се навикнав веќе
Јас од наспани мајки нарачав прирачници од тие што им беа за спиење и за исхрана нешто… буквално флаери, најлошо потрошени 1600 денари.
Не бее и така ли почнаа да заработуваат И требало да се скарате ,не се многу ама не се ни малку -релаксатор на старо купив за 1500
Почекај и 5 ти скок. Зашто и таму често се будат. После имаш 6 недели фора да пробаш. Ама измолзувај се вака ко што ти кажав, многу помага. Премногу млеко имав, значи лом се правевме.
И јас се мислев да се скарам ама немав живци и сила, а и не сум баш таква особа. Плус се премислив дур ги чекав дека сепак не сакам да и правам тренинг за спиење сега Али еве кажуваме тука за некој друг ако се надева дека нешто корисно ќе добие од тој “персонализиран тренинг”
Јас баш сакав да земам од нив тренинг. Добро е што споделивте искуство. Фала ви. Сепак ќе побарам консултација од др.гуднајт. Дали некој има искуство со неа?
Истооо и јас го порачав тој за спиење... Ужас... @Hygge-girl има, задоволна е Како што ти вика Феникс почекај и 5 да истера и после пробувај. За навечер мене најмногу ми помогна што престанав на секое будење да и давам цицка. Тогаш си одредив 2 пати во опртилика исто време да и бидат за доење, другото време се лулавме, пеевме, и сл. Имавме доста непреспани ноќи, предавање на мм зошто не ја можев веќе Ама за некое време почна да станува само тие два пати. Па за брзо после тоа додека бевме во 6 скок и до намалив и тоа едното станување на ист начин. Еве сега сме во процес на намалување и на тоа едното, синоќа беше прва вечер воопшто да не цица, ама знам дека ќе потрае тој процес. Во меѓувреме сме имале и вечери каде пак станувала повеќе пати, ама генерално си го има теркот, не значи дека ако почне да преспива ноќ, никогаш повеќе нема да стане во ноќта, ама најголемата "тајна" е да се скратат подоите затоа што со нив само така знаат да заспијат