Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам тој третиот дел е за од 6 месеци или ако ептен веќе не го собира бебето во корпа. Мојата корпа се крева до кај 45 степени само колку е удобно не знам. Тој третиот дел памтам првото дете кога го седнав на 5ипол негде месеци пропадна онака се изгуби внатре.
    За транспортер како што пиша некој друг, важно е главата да не излегува. Ние со првото дете го користевме негде до 10-11 месеци, после тоа во седиште 0+ до кај година ипол па го свртев нанапред пошо нозете му беа свиткани и ми беше безвезе така да седи.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    1.053
    И јас знам дека тоа е од 6 месеци. Син ми се возеше во корпа до 6м и го ставив во третиот дел тогаш а сега исто ќе правам и со бебето. Ајде не мора точно од шест да е ама барем да има 5ипол, се друго мислам дека е рано.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Јас земав количка 2во1 уствари оди 3во1 систем со два дела. Транспортер и корпа што после се исправа и е буквално како овој дел што ти е ставен. Инаку во глобала го возам во транспортерот, ортопоедот само еден дел од сунѓерот ми остави доле за да не пропадне со газето. Мал ми е за да го исправам на 45 степени уште појасите не го фаќаат убаво а како во корпа не обожава да се вози кенкав е
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    13.462
    Пол:
    Женски
    Транспортер и самото име кажува, повеќе е за транспорт, мене ми е прежално бебе цело време во транспортер да се вози, плус и поголемо кога е. Корпата над најискористена работа ни беше, сега веќе и третиот, спортски дел исто. Ние имаме Макси кози плаза, презадоволна од количката. Според мене корпа е супер работа.
     
    На Трагедијаупмм, 1RedLipss, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    4.386
    Пол:
    Женски
    Немам слушнато друго бебе да сака да лежи до 6месеци :D бравос за твоето ако е толку мирно.
    Јас имам родено арамбаша :D на 3месеци веќе се дигаше и плачеше во корпа па ја возев во транспортер се до сега, на 4ипол месеци веќе е таман за во спортскиот дел на 45степени а од колку се дига да седи на 90? Негде после 7-8месеци?
     
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    13.462
    Пол:
    Женски
    Од кога ќе седне сама, така препорачуваат ортопеди, најчесто после 6 месеци.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    4.386
    Пол:
    Женски
    Мислам дека одвај чека мојава на 90 да се опне, сега на 45 и е ок дека ново ама не издржува мн долго да шетаме како кога беше бебе ептен легната и спиеше пола од шетањето 8-|
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    13.462
    Пол:
    Женски
    Ви помина скокот те прочитав, и мојата што од секогаш сака да се вози во количка во 4ти и во 7ми скок не сакаше. Најверојатно и тоа си имало влијание.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    4.386
    Пол:
    Женски
    Затоа во количка имам доле кенгур и кога ќе почне да урла одма се трансформирам ја ставам во кенгур и жива среќна продолжува со шетња главна да мониторира на сите страни нешто да не пропушти главнава :rofl: а ја буткам количка без дете
     
    На Трагедијаупмм, Guns N` Roses и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    13.462
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не земав кенгур, маж ми беше кенгурот.:rofl:
     
    На naturally, cocopuff и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    4.386
    Пол:
    Женски
    Да и маж ми не го става, во раце ја држи и парадираат. Мене ми е веќе мн тешка, 7кг бумбарка
     
    На Трагедијаупмм и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  12. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    1.053
    Ах мирен , не е мирен секогаш ама мора:D. Кога сме излезени речиси никогаш не го зимам во раце, кај ќе буткам и количка и дете па и грбот како што ме боли нема шанси. Со цуцла, глодалки се лаже, а и спие голем дел од времето кога е надвор.Ние сме секој ден по најмалку 2 часа во количка надвор па може и навика му станало.
    На 90 кога ќе седне само.
     
    На Трагедијаупмм, cocopuff, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.892
    Допаѓања:
    25.353
    Пол:
    Женски
    Бебка е скоро 6м, уште ја возам во корпата, баш и е комотно. Најчесто спие кога сме надвор, или си игра со тропалките закачени на количката. Исто и синко, до 6м го возев во корпата, мн ја искористив јас.
    Транспортер користам само за во кола, никогаш ги немам возено надвор во него.
    Кенгури имам, на подарок ми ги донесоа, ама никогаш не сум ставила бебе во него, немав потреба.
     
    На Amore.Mio и Baby warrior им се допаѓа ова.
  14. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Ние до 3 месеци преку сила се возевме во корпата и ми е мн неискористена работа, да почнев порано со прошетки надвор верувам дека ќе ја користев барем на почетокот повеќе. Транспортерот е голем и се прави и за лежење и поисправено, и го користевме за прошетки до пред две недели (не била во него повеќе од 2 часа). Препрактично ми беше, на бебе удобно ама веќе почнаа ноџињата да и штрчат. На 5ипол месеци почнавме да го користиме спортскиот дел, ама уште знам ако одам со кола негде да не мкнам уште еден дел, ја вадам во транспортерот на количка. Да знаев дека има волку опции транспортерот најверојатно немаше ни да купам корпа.
     
    На Baby warrior и Ladyme им се допаѓа ова.