Мамички бебе не какано 5ти ден на мајчино млеко.. Никогаш не кака секој ден обично до 4тиот кака ама сега некако ептен. Не знам што да правам, и правам вежбички ја ставам на стомаче а ич нејќам со чепче да ја провоцирам.. Више и она е нервозна
Не давам.. Ми рече педијатар да не давам бидејќи немаше ни грчеви не давав ни капки. Баш прашував тука дали е нормално да не користам пробиотик за бебче. Бејбитол д3 омега и к1 користиме.. Само тоа, и мое млекце од шише.
Јас сум за пробиотик до 6ти месец после по потреба. Ако несакаш редовно барем два пати во неделата и рота кога ќе прима добро е да дадеш. Пробаланс користам тоа е лактобацилус рамносус култура, подобра опција од лактобацилус рутери ( биогајата, бебитол коли итн) Земи и во вакви случаеви ќе му дадеш, да не користиш чепчиња нема потреба. И диастоп бејби ти се рамносус култура, овие се хрватски горе имаат д3 плус.
Утре ја носам да прими прва доза рота. Денес е океј да и дадам пробиотик? Барем малку да и олеснам жал ми е. Ќе и пишам и на матичната и ќе купам пробаланс штом викаш дека е боље. Данке лејди
И јас не давам по консултација со педијатар. И подобро е од сестра и на која давав и капки за грчеви и пробиотик мислам дека после пробиотикот и се влошуваа. А @Ladyme денес ставив рота,дали сеа да и давам и колку дена пошо матичниот ништо не спомна...
Па види како ќе ти биде, јас давав со ниедна доза рота до сега немаше пролив. Нормално еднаш до два пати на ден какаше. Со цврста храна кога почнавме исто нормални столиците нема запек од пробиотиков. Тоа викам и тоа има различни култури кое што. Не ги знаат и докториве многу, како ќе им пренесе претставник така кажуваат и тој колку ги поучил. Мм работеше само со пробиотици и стварно сите наши блиски овие ги користеа и немале проблем со запек или пролив децата. Дури кај возрасните некои пробиотици се за запек да создадат кај проливи а некои се за да ја подобрат столицата ако има запек. Не е све исто ме разбираш.
Јас не давав пробиотик после 8 дена, до 5 месеци ми какаше 10-14 дена само на доење..не се секирај ништо не е штом е весела, спие, цица
Дада, ручка, весела е се смее, спие нормално. Ама ја приметувам на периоди се напрега и само гасови испушта не да се искака.. А и ја паничар голем сум
Мене тие 5 месеци животот ми се скрати 10 години еднаш неделно трчав на лекар обавезно И магично како наполни 5 месеци почна да кака секој ден по 3 пати, еве до ден денес, 15м сме Рекордот му е 14 дена некакан и си се искака како ништо да не е најнормална количина, боја, густина..
Женска до 14 дена ако не се искака мислам ќе ми побеле косата јахаха. Само отварам памперсот да видам ситуација... Тешко било да си мајка жими се
Ќутиии..моево е уникат деф и јас само се загледувам за бели влакна 15 месеци е, уште нема ниеден заб и не е сам прооден а со проодувалка трча низ дома плус се движи по ѕидови по плочест мебел, лета..на све живо се пентари се качува, симнува..ама му е страв да си се пушти..ептен се пази. А за забите.. историски ни станаа
Оо значи може совети да побарам ? Диа стоп имам дома за бебе ,може од него ? И кажи некој за мене за запеци
Дадов диастоп на прва доза рота, и запек и направи. После тоа пак пробав, пак запек и го прекинав. Не давам никаков пробиотик, си кака еднаш на ден. Сега откако почнав со дохрана ретко се случува на два дена да се искака. Само на доење беше до пред 2 недели.