Јас големата мислам кај 7.5 ја ставив. Секако не седеше цел ден ,пример додека да ставам јадење 20 тина мин. Или додека сум во тоалет,така на кратки интервали.
Јас синоќа со ножички и ги исеков ноктите. До сега со турпија електрична ама некако ножички ептен полесно ми се виде. Ќе ја стегнеш убаво раката и ќе ја фатиш кога е мирна така полесно. На почеток и сами и паѓаа ептен и беа меки после секое бањање и се кршеа сами
@Ladyme Лејди зашто во Ремедика на педијатрија ми рекоа до 3 месеци Рекол или Биогаја. Демек тие биле со некои култури кои до 3 месеци биле препорачливи. Па после можело да се префрлиме на тие што ги спомна ти. Памтам и со првото биогаја користев па сменив на ваја. Се нервирам зошто кака еднаш у два дена ама се мачи и плус кака зелено, мириса, не знам веќе. А на комбинирано е. Си напредува супер.
Уште од старт со грицкалка. Нарачав и електрична турпија ама мене не ми се виде практична и затоа со грицкалка. И тоа секогаш кога е будна, за да не ми прави проблем. Еве ја на 9 месеци си гледа како и ги сечам, не се буни
@Anie93 и јас само грицкалка користам од раѓање, со ножички ми е понепрактично. За првото имав земено од Bebe Home сет на Safety 1st, сега за второво само грицкалка зедов исто од Bebe Home, на Bebeconfort што е, задоволна сум и од двете.
Незнам искрено, све зависи од тоа со кого соработуваат. Јас еве на Др Јадранка и кажав и ми вика не ми се познати, ама и објаснив дека и е подобро и е др култура и вика чим бебе е добро нема потреба да смениш, иди со тоа сега незнам дали дека и кажавме дека тоа работиме. Јас сум царски и сакам барем до година да давам пробиотик. До сега еве нема проблем со какањето, ниеднаш не сум ја видела да се мачи. Исто и со Филев он сосема др ми рече... тоа е едно море од производи. Диастоп се р-р во палмино а Пробаланс во маслиново масло тоа е разликата, а иста култура. Од Пробалансот до сега незнам некое да имало запек, од луѓево во близина што користеле.
мајки ние направивме 3 месеци.. к1 и д3 на бејбитол до кога треба да се даваат ? омега знам до 3 година
Д3 + к1 за до 3 м ги велат ,јас по консултација со педијатарот додека ги дотрошив т.е негде нешто помалку од 4 месеци после се префрливме на пливит