Се искака бебе 7ми ден. Цел ден и правев вежби најдов едни на јутуб предобри. Три особи ме советуваа да и ставам топломер намачкан со крема во газот. Добро луѓе стварно некој прави тоа? Баш денес гледам како е можно да се стави тоа таму гревче ќе ми биде, плус ризик од оштетување на слузница, инфекции. Крајна опција би ми било глицеринско чепче и тоа ќе ми беше жал. @Ladyme да си жива и здрава и пробиотиков изгледа помогна. Другарка имаше од тој ми даде два дена да пробам зашто го немаше во зегин аптеки и аптеките кои ми беа у близина а ја сама со бебка. Изгледа помага и тоа.
Помага многу, баш со две три мајки еве во пораки им го кажав одма после пола сат до сат им се искакале. Од време на време давај и додека се нормализира да не се мачи.
Види јас од Дна ани фарм го земам и во капитол и во хром го има. Или нарачај има виа фарм и дна ани фарм има онлајн.