Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.879
    Допаѓања:
    15.115
    Пол:
    Женски
    Дали ти вклучија барем чајче? Нас ни вклучија дека ја исфрлаат преку мокрача, многу помогна. Зашто ние во ноември сме родени, па и немаше баш некое сонце да ја сончам.
     
  2. Muki-coocie

    Muki-coocie Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Не, ништо. Само сончање и повеќе доење. Некако докторот не беше баш загрижен и искрено незаинтересиран. Некое посебно чајче е тоа или стандард бебешките? Ќе спомнам на матичната ако нема подобрување. Моментално не сме во Мк и здравје од наредна недела ќе го носам на преглед. Ме утеши моментот што докториве не се загрижија баш ама од друга страна кога го гледам уште жолтко во очињата немам мир.
     
    Последна измена: 2 ноември 2025
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.879
    Допаѓања:
    15.115
    Пол:
    Женски
    Бекутан за бебиња ни дадоа нас, за повеќе да мочка и побрзо да ја исфрли. Ама во очите ќе има и на крај ќе исчезне, се чисти од нозете нагоре.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Muki-coocie

    Muki-coocie Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Да, пред теи недели беше до под вратчето, сега вака ми личи дека само очињата се ама сепак високата бројка на билирубинот ме загрижува. Од кога сме повеќе на сонце приметив како шлајмче во какашката, можеби и така го исфрла. Само да се намалува, немам мир. Фала ти за совет, баш ќе ја прашам матичната за чајчето мада нејќам да давам ама ако помага ќе мора.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.272
    Пол:
    Женски
    5месеци бањам бебе ама не научив како косичката да и ја исплакнам од шампон ќ. Се на крај тогаш ми се расплакува. Како ги полевате, све ми е страв во ушиња да не и влезе вода па све полека и се расплакува ..не најдов правец уште дали одозгора нанапред или обратно :?: дај кажете како правите
     
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.879
    Допаѓања:
    15.115
    Пол:
    Женски
    Не и ги пазам никогаш ушите, немала никогаш проблем. Не знам што може од вода да и биде, во море цели влагаме.:D И секогаш прва и ја одмивам.
     
    На Baby warrior, MariaBouli и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    5.832
    Пол:
    Женски
    Тушот на глава на косо према назад не право за да не и иде во очи. Уши не пазам. Јас ја подигам позади со раката на вратот дека лежи на мрежичата ставам шампонче една капка на рака и поминувам све коса позади ушиња и ја чешкам малку и после мм држи тушот како што ти кажав јас плакнам према назад и ако има нешто на лице земам вода во шаката и го поминувам лицето да не е директно со туш. И толку на крај кога е на грб пуштам вода кај вратот и малку накај главата не и иде во очи се цеди надоле во случај дане има нешто останато. Не плаче моево ужива да се бања ама од мало мало така со тушот на најтивко и мм рака држеше преку него да тече како вода сега е поголема пуштен е тушот. Туш рачката е тенка од унитас не е класик кружна.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.532
    Допаѓања:
    18.204
    Пол:
    Женски
    Мајки сте се распишале, ве прочитав сите, почнав да пишувам, но сфатив дека цел реферат ќе треба да напишам и се откажав. Многу одамна сум оперирана од туѓи мислења, ама воопшто не се замарам кој што кажал, секој со своето мислење, почитувам, но не значи дека се согласувам. Правам онака како што сметам дека е најдобро за мене, за бебе, сопругот, саканите.
    Не знам од каде, настинав, болка во грло еден ден и носот затнат и бебето ми го префати што не беше неочекувано. Одма коментар од свекрвата индиректно, мм кога бил мал докторите и рекле да не го меша со други луѓе, да не одат на гости и да не им идат гости. Бебе веќе два ипол месеци е, во тој период само мајка ми иде да ја причува саат два, за да одморам раце, со бебе сама сум испаднала двапати, а за викнед со мм ја изнесуваме да ја прошетаме само ако е убаво времето. Две другарки досега имаат дојдено да ја видат и тоа со маски и се проближуваа оти знаат како е и они имаат мали деца, друг никој, плус ми е пресмешно затоа што сум медицинско лице, екстремно внимавам во тој дел и од моја страна блиски роднини, пријатели се премногу внимателни, ама ете секогаш ќе се најде некој да искоментира нешто, ова го земав само за пример не дека свекрвата и мајка ми, татко ми знаат да упатат непромислени коментари, но не замерувам, како што кажав, бирам на што да ја трошам енергијата.
    Како го минувате овој период со настинки, вие што сте со мали бебиња. Затнато и е носето, крчи и кашла кога и се слева секрет од носето. Спреј аква марис бејби и прскам во носето. Вие како се справувате кога има бебе затнато носе??

    @Baby warrior јас со едната рака ја држам, потпирам на градињата со другата го држам главчето, а мм ја полева, полека со вода и најчесто заплакува, а мајка ми па кога ја бања, како што си лежи во кадичето на меко душече однапред, наназад, полека, внимателно и ја измива, така не плаче, не и иде вода во очите.

    Туку дојдов за ова да прашам, а ќе заборавев. Мајки имам многу убави боденца на долги ракави, што да облечам под бодито, да не биде само на боди. Иначе ја облекувам со боди на рамчиња(тоа го сметам како долно маиче) и шпикозни или трнерчиња, блузиче, хеланчиња, ама не ми иде боди на долги да облечам врз боди, а само по боди на долги не ми се остава со оглед на тоа дека и јас се облекувам во два слоја.
     
    На Baby warrior, Ladyme и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.477
    Пол:
    Женски
    Јас искрено знам дека коментарите се боди врз боди не оди амаа одоздола му облекувам боди на прерамки и одозгора боди на долги. Кога испаѓаме за да не биде многу наоблечен бодито на прерамки го соблекувам боди на долги и блузиче на вакво време а ако е поладно на боди на долги и имам подебелки шпикозни како скафандерче идат само не толку дебели
     
    На Dijana DM и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  10. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.477
    Пол:
    Женски
    Со тушот. Кога ми лежи со грб на мрежичката наназад оди водата кога ќе го исправам на рака со тушот одзади дури и на лиценцето му оди ама ова веќее чиста вода без шампон и му е интересно дури се смее а 3м е.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    5.832
    Пол:
    Женски
    Ние сме исто настина од вакцинирање, и сега носе хрчи, кашла легната и кива се буди па плаче и се спие, не памтам скоро да станала па може и тоа ја нервира што не спие па ја држам дури со неа заспивам подисправена подобро диши.
    Ја иналирам два пати со физиолошки 2мл, тапкам, шмукам со носко и на крај прскам ацидосалус. Пред легнување масажа на гради со експиро и над носето малку и под носето ставам.
    Спие како лак главата нагоре крената отворена уста на страна. Сама се врти и изгледа така и е полесно. Ставам и кромид сечен.. од мака да не биде не сум пробала, незнам колку и помага.
    Е подобра не хрчи толку. Направив крвна слика супер е све освен едно што покажува на вирусна инфекција. Ако не е подобро ќе правам брис.
    Температура нема од старт. Бев една пријателка докторка дома ја слушна и ја виде грлото не е црвено и така. Скоро помина недела се надевам ќе иде на подобро.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    142
    Мајкии од кога почнавте кашички на бебенцата да им давате? Од 4 мес или ?
    И што давате ако давате од 4 месеци?

    инаку беби е 2ипол, моментално и пблакам боди на дебели прерамки како долна маица и одозгора што и да носи дали боди на долги со хеланчиња дали шпикозни, е сеа ме интересира дали кога ке фати ладно зима ке треба да и облакам боди на кратки одоздола наместо боди на дебели прерамки?
     
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.272
    Пол:
    Женски
    Јас на боди по долги само .. не облекувам долно на прерамки, кога излагаме дуксерче и јакниче или само подебелко јакниче, надоле хеланчиња чорапки и патичиња и обично меко кебенце и префрлам преку ноџиња додека шетаме во количка.
    Пред некој ден маж ми ме натера клима и во спална да пуштам ладно било само со таа во дневна и детево не прекина да мрда цела вечер … жешко и беше :( иста на мајка и склет. Маж ми е друга прикаска … зимурлија до бесвест
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.272
    Пол:
    Женски
    Ако нема препорака од педијатар за слабо напредување по најново не треба да се брза со цврста храна особено ако е на мајчино млеко заради гастро системот да си се развие комплетно нема потреба за брзање до пред 5ипол/6месеци
     
    На Autumn Love, Ladyme, naturally и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    6.834
    Јас како во болница што ги бањаа, ја кревам на рака, наведната нанапред и преку лице да и тече вода, така и мрсули ако има после ќе ги искива :D.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.409
    Пол:
    Женски
    Јас па така ја облакам боди по прермичиња и боди по долги, по спастрена ми е некако, блузите и се креваат.
     
    На Надеж♥️, Dijana DM, dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    5.513
    Колкаво е бебчето? И јас кога беше помал боди над боди облекував, попрактично ми беше кога цицаше му ја подигав блузата ако имаше хеланки со блуза. Сега носи се дводелно, но има само едно комплетче со блузе со боди на долги ракави и кога му го облекувам тоа исто боди со кратки под бодито од комплетчето носи.
    Не гледам толкав проблем од боди над боди:^).
     
    На Надеж♥️, Dijana DM, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.134
    Зарем ацидосалус не е над 1 годинка?

    @Guns N` Roses многу е битно да му е чисто носето да не му спушти надоле. Капнувај физ.раствор и влечи мрсулчиња обавезно.
    Моето на три месеци настина од брат му и добро поминавме , само подкашлуваше и нос чистевме по цел ден.

    Кога давате парацетамол после вакцина? Колку да чекам да качи температура ако воопшто качи, ова превентивно прашувам?
     
  19. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.409
    Пол:
    Женски
    Се дава ако качи 38,5 или еве и нека е 38,3 ако гледаш дека се мачи. Мислам за бебенца препорачуваат Ефералган.
    Синчето ниеднаш немаше температура или нешто мака од вакцини, можда малку поспаност. Ќеркава првиот пат ми крена малку темп и два дена беше преплачива. Баш утре сме на втори вакцини.
    И оток имаше првиот пат па ставав ациди борици.
     
    На Amore.Mio му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    5.832
    Пол:
    Женски
    Над 6 месеци може да се користи ми рече докторот. Ме праша за килажа баш. Само по еднаш прскам и многу подобро е денеска цел ден полесно дише.
     
    На Amore.Mio му/ѝ се допаѓа ова.