Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.174
    Пол:
    Женски
    А колкава е родилната тежина? Треба да се дуплира до петмесечна возраст. Ама некако 6кг е многу за двомесечно бебе, па ќе си ги послушаш лекарите. А ако даваш чај, давај без шеќер, а не Бекутан, тој е полн со шеќери. Овие на Хип што се инстант чаевите мислам дека се без шеќер. Сега ти е идеално време за одвикнување од ноќен оброк, преку ден ќе си имате пет оброци на три часа - тоа е одлично. Ноќе нема потреба од пиење млеко, првите две-три вечери ќе плаче, може чајче да понудиш, млеко не, а ако не сака ништо, уште поубаво. Ќе се помачите малку, ама после ќе ти спие цела ноќ.
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    А ако се дуплира родилната тежина до пред пет месеци??? Кај нас се случи на 3, баш кога ни беше периодот со одбивање на храна.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.174
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, посебно ако е бебето со помала родилна тежина, ама да не се дуплира пред два месеци, оти тогаш е навистина многу.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Вака бебето е недоносено родено 34.6 г.н 2570 родилна тежина колку за споредба доносено бебе на пријателката од болница е родено 2500 39 гн како хипотрофично и сега има 6кг и нив предијатарот им рекол ок ама цицаат веројатно е до тоа дека давам формула или пак различни мислења мислењето на педијатарот беше дека недоносено не смее толку да стави а кога бевме на вакцинации не измерија 4200 педијатарката поправена беше 1 кг и 600 ми рече дека недноносените ставале повеќе за да се изедначат :?: И хип имаат шеќер пишува на нив сега малата одбива да јаде млеко јаде 500 -600 мл немам проблм амаако се врати апетитот ќе имам а инаку би се удавила во чај и сега кога не сака млеко,
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.174
    Пол:
    Женски
    Друго е ако е недоносено, ама на два месеци 6кг е многу и за доносено бебе. Ама, секое бебе е своја приказна. Сите различно растат и напредуваат. 1600г месечно е премногу тежина за едно бебе. Оптимално напредување е од 600-800г месечно, максимум кг. Не е здраво за детето да има преголема тежина.
     
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    како бре од 600 - 800 месечно да става?? па ние до сега веке 800грама ставивме а само на мајчино млеко е и чат пат по некое бекутанче. Мене ми рекоа дека требало месечно од 1кг до 1.200 максимално да става.

    и ние ги имавме горелките пред една недела, купи си тобрекс, тие капки му ги ставале на бебињата кога се раѓаат после природен пораѓај, безопасни се, мене и докторката и патронажната ми ги препорачаа, и за 4 дена се средивме со очите.
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Не е до 1кг со сигурност. И ние качивме доста повеќе од кило, а познавам бебиња кои првиот месец имаат качено и 1.800гр.
     
  8. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    леле мамички ве читам и се мислам кога и јас ке ви се придружам тука. а колку повеќе ве читам толку повеќе сваќам дека немам појмааааааааа како се чува бебе. леле каква паника ме фаќа само да знаете. позззз до сите ( и до бебушките слаткички )
     
  9. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    тамам е работата ама пожелно е не само првиот месец туку, секој месец во текот на првата година детето да напредува од 1кг - 1.200кг братучеда ми е породена месец пред мене и првиот месец бебето ставило 1.700кг и докторката му скратила оброк уште одма.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Во врска со чаевите за грчеви нас матичниот педијатар ни рече да не даваме, бидејќи сите чаеви имаат шеќери и Бекутан, и Хип, и Хумана и Мелупо, и кога пијат чајчето му го заменува оброкот, тие се заситуваат и не цицаат или не пијат млеко и со тоа не напредуваат доволно, а мајката може да пие и преку млекото чајот да дејствува. Јас ептен ретко му давав чајче од Хумана, од 20 до 30 мл, и тоа кога ептен многу плачеше и не можеше да се смири и среќа сега се смирија грчевите па само јас си пијам од чајот. Кога бевме на вакцина докторката-педијатар ни кажа дека бебињата до 6 месеци треба да ја дуплираат тежината и дека првите 2-3 месеци тие најмногу напредуваат, а потоа може да стагнираат или помалку да качуваат. И знам дека од мајчино млеко бебињата може да качуваат од 800 гр до 1 кг и 250 гр, а од ад млеко може да качат и до 1 кг и 500 гр месечно. Еве моето синче е само на мајчино млеко и за 3 месеци ја дуплира тежината 7 кг, се роди 3 кг и 500 гр, а од болница излеговме 3 кг и 340 гр, што значи дека првите два месеци качувал по 1 кг и 250 гр, а 3 месец 1 кг. Исто така многу корисен совет и препорака од докторката беше да не го ограничувам со јадење и да му давам да цица кога сака и колку сака и ноќе и дење и кога има грчеви да го смирувам со цицање. И ноќе кога спие се буди два пати и му давам да цица и си продолжува да спие и додека е само на мајчино млеко, до 6 - 7 месец планирам така да продолжам. Да го лажам со чајче или да го нишкам додека заспие не планирам, бидејќи мене ми е најбитно малиот да биде најаден, а не дали јас ќе бидам доволно наспана или нема да бидам. Затоа за тие мајки што дојат не се препорачува да ги укинат ноќните подои и да воспоставуваат ред на цицање, барем додека е бебето на мајчино млеко, бидејќи мајчиното млеко лесно се вари и се будат дека се гладни. А за тие мајки што ги хранат бебињата со ад млеко знам дека треба ред на хранење ама дали до 6 месеци да не им даваат ноќе млеко најдобро е да се посоветуваат со педијатар.
     
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас бев исто како тебе, незнаев ни како да држам бебе во рацете ако ми веруваш, мислев дека нема да знам да се справам со бебето кога ке плаче, или дека нема да научам да го доам, еее имав милион мисли во главата, ама кога се роди син ми и кога ми го оставиа во болницата мене и тогаш бевме само јас и он, ја немаше ни мајка ми ни сестра ми никојј и тие сестите таму никаде ги немаше, мораше сами да се снаоѓаме со син ми, и во такви моменти мајчинскиот инстинкт преработува, и верувај ми дека и ти многу добро ке се снаоѓаш со бебето, само нека биде здраво живо, а за снаоѓање лесно , едни мачки што се животни се снаоѓаат со еден куп мачиња па ние луѓе неможе да се снајдиме со по едно бебе :lol: не е страшно ке видиш, само на почетокот е малку напорно ама ке се навикниш.

    мене лично ми беше тешко спиењето, и уште ми е ама не толку многу, јас спиев по 12 саати, и наеднаш кога се роди син ми спијам по максимално 5 саати, ама се надевам дека набрзо и ке се навикнам скрос со помалку спиење :lol:
     
    На SimonaTino и ancetupance им се допаѓа ова.
  12. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Еве едно можеби глупо прашање од мене малиот кога се роди имаше малку косичка речиси да немаше ,и сите викаа ќе му падне нова ќе му расте,незнам некакви корупки ќе се појавеле но кај нас ништо од тоа проверувам на перничето нема паднато косиче .
    Веке полниме 6 месеци кога почнува да паѓа косата јас забележувам дека сега почнува да му расте а за паѓање :?:
     
  13. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    :) Ќе научиш, за два месеци ќе знаеш како дише бебето и како функционира и ќе си направиш ред. Но до тогаш нема да ти биде лесно, не за џабе велат дека да бидеш родител е најтешката, но и најубавата работа на светот. Да знаеш дека по породувањето може, а и не мора да те фати блага депресија, но тоа поминува бргу и омега 3 и Б-комплекс ќе ти средат работа и многу е добро ако имаш некој да ти помогне, бидејќи верувај ќе ти треба огромна помош. Јас не можев буквално првите денови да се истуширам на раат и ако не беше мајка ми да доаѓа секој ден да ми помага не знам што ќе правев. Сега после 3 месеци уште доаѓа да ми помогне ама веќе се си знам :)
    Инаку мој совет е сега да наспиеш добро, бидејќи штом ќе се роди бебица нема спиење и ако можеш да спиеш кога спие бебето.
    И со лесно на породување :)
     
    На ancetupance му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Мамички, окцето на бебуш повремено солзи и станува црвенко, но не секогаш, тогаш и ставам млекце или ја измивам со камилица, па се средува. А и солзењето не е страшно, онака се гледа само дека капнува солзичка, ништо повеќе.
    Туку забележавме дека долниот и горниот капак и се како потечени веќе неколку дена.
    Искуство или да се да отидеме кај матичната(ич не ми се оди) :?:
     
  15. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    д-
    Мене прв пат ми кажаа ја носев приватно ога имаше 22 дена кај д-р Смоковска дека 1300-1400 грама отимално става до 40 дена значи за повеќе од месец кај сега денес ми кажаа 750 :?:

    Меу што стававте на окцето зашто од маст нормално си потекуваат и види убаво да не се гребнала така некако јас еднаш така најдов гребаница а се извадив од памет претходниот ден
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.720
    Допаѓања:
    107.016
    Пол:
    Женски
    Во врска со качувањето на кгр , педијатарот ни кажа кога ќерка ми се роди дека првите месеца само бебето ќе качува по околу 1 кило , и навистина беше така првите 2 месеца ќерка ми качи по 1 кило плус а од 3-4 месец па натаму ставаше по 700-800 гр зависи кога како , па од годинка па натаму некогаш ја имаше истата килажа а некогаш по 200-300 грама качуваше :) Но кај секое дете си е различно и нема потреба за грижи ;)
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Nisto ne stavame, ponekogas i kapnuvam mlekce, a i go cistam I so kamilica,no nikako celosno da pomine. Za grebnata, ne e, ova povekje lici na promaja, no nikade ne sme bile ili sedele na promaja.
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    во врска со ставањето килограми јас да се произнесам :lol:
    керка ми беше само на доење и 1 месецстави 1200 гр амапо 20часа на града значи нон стоп син ми друга приказна роден е епред време и беше на нан 1 млеко родилна му беше 1900 гр а на и година имаше14 килограми :tmi: така да не сенервирајте сите дечиња се различни сите различно јадат различно качуваат тежина не се радувајте на дебели бебиња радувајте се наздрави бебеиња па дали се дебелки или слабички сеедно а за очињата што се како горелки земете си капки тобрекс
     
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156

    Меу ќе те замолам не иго чисти со камилица бидејќи таа никогаш не е чист раствор туку има ронки дури и минијатурни низ неа кои може да ти дадат контраефект . Јаси ставав тобрекс истовремено кога го ставав тобрексот и ставав капки во носе солени и ја масирав на спојот меѓу окото и носот и тоа масажа во вид како да навлегува прстот ама нежно не со стегање и и помина дали од капките дали од двете заедно . друга работа сабајле најверојатно има гурелки наместо да ги бришеш земи чисто бибо стапче за уши и полека допри некоја од посвежите и посувите и разгледај ги ако се зелени тоа е најверојатно бактериска инфекција и консултирај офталмолог ние само така се средивме и тоа за второто окце комбинирано капки плус маст
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Гурелките се бели постојано, млечни, не се зелени. А еве како за ориентација окцето не и солзи можеби 5дена, но е како потеченко(не многу), треба ептен да се загледаш за да приметиш. Но, со маж ми си ја знаеме па ја приметивме, а некој од страна не би можел да види.