Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.134
    И кај мене поголемиот немаше никогаш реакција од вакцина.
    Со бејби поминавме добро на прва доза, денеска прими втора па да се надеваме дека ќе биде добро. Инаку јас сум во ит па овде даваат парацетамол.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Извини што дури сега ти враќам, не бев долго време вклучена на форумов. Бев упорна, никогаш не дадов АД без прво да цица, се случуваше да се успива со саати дури од што инсистирав на цицање, детето исто многу сакаше да цица, ама кога остануваше гладна и' давав АД. Јадев премногу и јадев се', особено супи, јогурти, видов дека од нив надоаѓа млеко. Пиев чај за доилки од ХИП максимална дозволена доза, плус чај од ким, плус чај од грчко семе. Се туширав со топла вода и со благи масажи на градите - и од тоа видов дека надоаѓа млеко. Јас бев премногу внесена во целото нешто и запишував на список во колку часот и колку АД сум дала, па правев просеци. Како што се зголемуваше апетитот на детето така се намалуваше дневниот внес на АД (значи се зголемувало моето млеко), последниот месец стигнавме на само 40 мл дневно ама од пуст страв дека ќе остане гладна и' давав и АД. Ова е набрзина нафрлено, ако те интересира нешто подетално пиши ми, те молам.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.477
    Пол:
    Женски
    Така го бањав првиот месец ама кога ќе се роди големо бебе и кога квалитетно качува нс килажа малку е потешко. Сега на 3 месеци со 7кг размрдано бебе некако ми е невозможно на рака да го бањам. Оддвај го додржувам газето да му го измијам кога е многу извалкан од какање
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    6.834
    Абе не ја бањам на рака, ја кревам на крај од капење и ја плакнам, не ќе ја оставам со цела пена од корито.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.532
    Допаѓања:
    18.204
    Пол:
    Женски
    Благодарам мајки за советите, моето е уште многу мало, препорака од педијатар е инхалации со физиолошки двапати, друго ништо не ми препорача, ниту ме советува.
    Јас и прскам спреј, па после 10-15минути со аспираторот влечам, се извлекува многу малку безбоен секрет, а затнато и е носето.
    Неделава сме трети скок. Како го поминавте третиот скок мајки?
     
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    6.269
    Пол:
    Женски
    Тогаш почна да ми штрајкува подои … плачење а гладна, па одмолзував замрзнував залихи за ургент ситуации.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас до трет скок не осеќав некои драстични промени за време на скоковите. Во трет единствено имаше период во денот кога несака да цица, како да незнаеше да фати цице и беше многу нервозен. Баш тој период пишав и тука бев исплашена дека ми се намалува млекото ама среќа брзо помина.
    Е сега четвртиов скок ме тресна од земја на најјако. Што е со овие плачки по цел ден? Не сака да лежи, сака само во раце да е, ако го оставам плаче до зајдување. Како бонус на се ова почна и навечер да станува на саат ипол, ќе поцица 2 мин и пак си продолжува да спие.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Ние прв, втор и трет не ги осетивме нешто баш. Четврти беше лош, 5ти уште полош. До тука сме дојдени, ќе видиме понатаму што не чека :D
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    8.472
    Пол:
    Женски
    Тие што сте ги повивале бебињата, дали има шанса да се буни на повивање? Голем урлач е бебево, ако нешто не му е по ќеф вреска дига одма на најјако. Пробав да го повијам со тетра, тенко ќебенце, не успеав рацете да му ги спуштам доле, многу отпор даваше. Синоќа со тоа штрекање без спиење останав, тој се вади од памет, во раце си спие, јас зомби од 12 до 6 сабајле, а го спуштам на кревет почнува со рацете да пафта и да кенка, ќе го земам си спие. Сакам да купам онакво за повивање ама сакам да слушнам искуства..
     
  10. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Колку време го користевте сирупов? Ни го препорача и нас педијатар да го пробаме
     
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    2.958
    Пол:
    Женски
    Оффф некои работи ми се малце избришани од сеќавање иако беа сега хахаха ама отприлика еден месец. Со тоа што јас не давав наеднаш 5мл (мислам така нешто пишуваше на упатството) туку 2-3 пати низ денот по 2мл.
     
  12. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, мојава меморија веќе е непоспоечка:rofl:. Ќе го пробаме, се надевам ќе се намали повраќањето
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Muki-coocie

    Muki-coocie Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Колку време трае вториов скок? 8ма недела сме, денес го достигна врвот. Јас незнам од каде таа сила за плачење, за неспиење. Од 17ч е буден, сега заспа. Ќе задреме 10-15мин и толку.. заспивањево со урлање, гол ќе поседи мирен 5-6мин, се тепа со цицката на секој подој (читај секои 15 минути)... ужас. Наредна недела треба да го оставам на два три саати, ќе помине ли до тогаш лудилово?
    А вчера и завчера скоро ги преспа двата дена пошо на сонце по дел ден, убав воздух, си се опушти!
     
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.532
    Допаѓања:
    18.204
    Пол:
    Женски
    Мајка тешко дека ќе го повиеш будно.
    Мене за повивање најдобра ми беше муслин пелена, поголема. Имав и посебно за повивање, но од тие одма ги вадеше рачињата, ако не прета многу бебето може и ќе ти завршат работа.
    Јас прво си ја местев пелената во креветчето, потоа ја успивав. Така успиена ја легнував на пелената и полека ќе ја повиев. Ако ти се подразбуди повиено ќе го кренеш и така пак ќе си заспие. Моето само повиено спиеше до два месеца скоро и на тој начин ја повивав, додека е будна немаше шанси да се повие.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    2.292
    Пол:
    Женски
    Во трет скок и то како видов промени кај бебе. Промени ритам на ноќно спиење.... ама мислам дека пак фативме ред. Дневните дремки се пократки, послабо ми јаде, сака да е во раце и да го шетам да не седам на едно место. Плаче пред да заспие, кога се буди сака некој да е до него. Бута рачиња во уста, си ги смука ракавите или терата ... можам да кажам интересно :P:D
     
    На Mimmi39, jagoda777 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.879
    Допаѓања:
    15.115
    Пол:
    Женски
    Мислам две недели. Кај нас беше еден од полошите втор скок.
     
    На Muki-coocie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aldi

    Aldi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали го користите аспираторот носко за правосмукалка за новороденче?
     
  18. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Дали почнавте директно со кашички или прво сокче од јаболко? Јас мислев директно со каша, ама матичната ми рече сок од јаболко и морков
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    6.269
    Пол:
    Женски
    Еј и мајка ми ми спомна дека они почнувале со сокчиња прво. Сега праксата како што гледам е директ неколку лажички од намирницата обарена или сварена. И тоа педијатар ми рече не 2-3 лажичиња за проба туку од 5 до 10 ако сака бебето нормално за да ако има интолеранција да се манифестира и да не мора по три дена иста намирница
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.315
    Пол:
    Женски
    Недела, недела ипол. И кај нас беше ужас. Неспиење по цела ноќ, кенкање.. Помина ете ама ни се ближи трет скок :mm:8-|