Кога почнаа бебенцата да ви фаќаат играчки? Точно два ипол медеци е. Прати со поглед, прати играчки и луѓе, си ги гледа рачињата, не и се констснтно во тупаници. Ја ставам во такво ко бејби џим и се возбудува кога ги гледа и и мрдаат играчките ама само толку. Кога и доближувам играчка како да сака да ја фати ама не знае трга и и иде раката на друго место. Ја ставам и на стомаче, малце се нервира ама тоа е мора.. Верувам после трет скок ќе почне и тоа, иако знам дека секое бебе е различно ама да слушнам и ваши искуства.
Уф, можда поминува најтешкото.. денес е мирно, спие скоро 3ипол саати со два пати цицање. Само на гради легнат, така е најмирен.
И јас сите мајки ококу мене како што слушам со кашички почнувале. Најверојатно и јас ќе почнам така, но ме збуни педијатаров сега. А ми рече и сега да почниме иако нема 5 месеци. Јас планирам кога ќе наполни 5, а вие?
На три месеци Тоа е стара пракса со сокчињата, веројатно педијатарот ваш уште по тоа се води Мојата е 9 месеци а немам дадено сок затоа што според мене нема ништо корисно од сокчиња, после може да ти одбива вода. Плус потешко за бебе е да пие отколку да јаде :
Јас на 5ипол, имаме едно патување точно на 6месеци па сакам две недели пред тоа да почнам за да имам неколку намирници поминато за таму пошто нејкам таму да воведувам ништо ново ради сигурност
Нас ни рекоа со кашички.Варено,печено.Даваш колку бебе сака,може и повеќе од 3 лажички.Јас почнав со листата од педијатарот со компир 2 дена ,па со морковче .Бебе компир не му се допадна ама морковче отвара уста.Почнавне со 5 месеци корегирана возраст дека сме предвремено родени.
За пред пензија е докторкава ама гледам нон стоп на семинари оди.. не ми ни даде листа ни ништо, сама ќе се едуцирам Пример јаболчето да го сварам и испечам малку?
На 3м, а од 2м почна да пробува да се посега да фати ама да и паѓаат. Педијатарот ми рече ретко кое бебе пред 3м може да задржи во раче така да без стресови.
7м е и не сум дала сокче воопшто до сега, застарен е тој метод од времето на бабите наши. Директно вкусови храна пасирано/блендирано а да доминира пасирано да не е се мазна структура
Или го вариш или го печеш.Имаш на интернет што се дава на почеток кој овошки и зеленчук побарај.Неделно се внесуваат две нови раб .
Od koga vi pocnaa bebinjata da vi gukaat.? 3 polni meseci e bebe. Na 2 meseca isoustase zvukovi auu, baa, maa od koga vleze vo 4ti mesec go nemam slusnato. Bas me fati panika. Inace mu zboram, peam....
Истово ни се случува и баш сум загрижена. Сега само кога се лути знае да вика ааа а се др ко да заборави..
Имаат периоди за како ги прават работите, не е се цело време бар така беше и е со ќерка ми. Гугаше ептен некој период па после се фокусираше на фаќање играчки па пак на гугање па на вртење на меше па пак на гугање па на фаќање нозе па пак на гугање па на вртење обратно и такаа цело време по нешто има ново и дур го совладува како да губи интерес за останатите работи.
Моето уште не фаќа играчки и го ставам во рака да ги допира. Само тегне што ќе дофати, подлогата што и ја постилам, ќебенцето, лигавчето, блузата ми ја тегне. Ги шири прстите на рачињата, ми го фаќа прстите, ми го допира лицето да ме разбуди . Еден период повеќе гугаше, па како да престана, почна да крева ножиња високо и да се врти странично, па сега пак почна да гуга.
Уште не се врти не знам зашто ама мн вика. Ако нема внимание вика гуга. И кога и зборам ептен менува интонации. Се смее кога ќе ме види, се радува на играчкии Ќе биде се во свое време Има едно зајче штом го види се смее и свирка тоа интересно и е и само го пипка со рацете.
Да се врти од стомаче на грб и обратно? Рано е на 2 месеци никое не се врти, треба доволно да се ојачани муслите на стомакот.
Ова е нешто што имам јас. Почнав со овошје тоа што имам домашно варев убаво да омекне и под блендер и и давав. Тоа што немам домашно купував кашички и давав. После кога све овошје освен авокадо, проба и почнав ориз со овошјата и после зеленчук почнав и сега мешам овошјето зеленчук со житарици. Додавам маслиново, кокосово. Почнавме од 5 месеци да пробува вкусови, моево е прематурче па не форсирав по 5лажички ако сака некои и помалце па зголемував. Сега уште имам зеленчук и житарици што не пробала и тоа воведувам. Скоро 7 месеци сме. Не давав кога примаше вакцини ново нешто, не давав додека ми беше настината сега. Имам некои дупки и затоа ми се одолжи. Ама сепак мислам супер сме.
Ни на страна не се врти ич. Едино ако ја ставам малку на страна и она да се заврти уште малку. Вака сама до сега не, а што зборам и со цимерката што ми беше ни нејзиното ништо такво не праи уствари секое дете своја приказна.. @Ladyme жено ме спаси ти мене.. Детево секој ден кака. Од какање на 5-7 дена значи не ми се верува. Веќе 7ми ден, ниту се мачи ниту ништо. Господ здравје да ти даде цело време викам