Кој пробиотик го даваш? Био Гаиа и давав сега од утре ќе почнам со Waya . Моето какаше еднаш дневно ама сега нешто се зезна на 2 дена кака.
beurer 2vo1 од Сетек ми е купен пред 4-5 години. Прочистувач и навлажнувач на воздух. Добро е што сеуште имаат филтри кај нив да се купат.
Имате нарачувано облека од Тему за бебушките? Има интересни новогодишни косуми. Па сакам да нарачам ама незнам како шубе да ми е.... Искрено ни за себе облека немам нарачано. Ама кога ќе помислам па и во продавниците кој знае од каде е робата...
Не бе рано е за вртење мојата на 4ипол почна да се врти од грбче на меше и сега само тоа прави хит и е. Вчера успеа и обратно два пати се срола скроз. Малечка е твојата рано е ама секако на меше мести ја секој ден да поседува додека не почне да кенка, мојата ич нејкеше … 20тина секунди одвај па сама почна да си се врти едно сабајле и сега пола ден на стомак е на подлога
На стомак свртена кога почна да го подига главчето? Моето кога како е расположен. Некогаш го крева некогаш не . Кога го држам во раце сам се исправа. Иначе е 3 полни месеци
Моето се врти на страна, а двапати се има светено од грб на меше. Држи главче исправено, ја ставам на меше, како помала не се бунеше, сега почна нешто да изводи. Знам дека е рано уште сега да се врти и јас се чудев, но се работи за премногу активно бебе, прав живец, едвај се справувам сама, на крајот од денот како 10 деца да сум чувала, не едно.
за облеки не сум приметила ама ние конкретно завчера земавме од локо кроко држачи за цуцли, во локо кроко 160парче, на тему 40/50ден парче. Истите. Исто и за играчките….
Имам купувано, не гледам некоја посебна разлика искрено, според мене се сосем океј таа е робата реално секаде по "обичните" продавници.
Околу 2 ипол месеци беше. Ставај и ги ти во рачето. Кај мене сакаше да фаќа ама не можеше уште убаво да држи и јас му помагав. Му купив помала траскалка за дс може дс ја држи и дс му тропка од ДМ ја земав. Неколку дена јас му ја ставав во рачето додека се научи и сега веќе му ја давам ја зима пробува за во уста не може и ја фрла. А некогаш знае и да си ја држи и само да си ја тресе. 3м и 1 недела сме
Со ова се тешам дека и за моето има надеж да сака повеќе на меше. Јас го ставам 2-3 пати дневно кога е расположен ќе полежи 30 секунди јас пред него ми ја крева главата ме гледа ќе ми се насмее до минутка максимум и почнува да кенка. Сепак напредок ми е оти инаку воопшто не сакаше и со главата во креветот пикнат ни да ја подигне ништо.
Веќе недела дена му е вака црвено незнам од што може да биде можеби некој знае до дека одиме на доктор
Ве молам за совет. Малиот има една недела кај што ни јаде ни пие млеко. Му правам житарки со овошје од сабајле, млеко ад 150мл му правам едвај 100мл да испие, вода кога му давам плаче и почнува да кашла. Неможе 24ч едвај со 400мл ад да е и многу малце кашичка, вода ич 7м е иначе Ве молам кажете ми совет, план на исхрана и сл
Фала многу, планирам така и јас со варено јаболче чљда почнам без форсирање, ако не сака ќе почекаме уште некоја недела
Воздухот во Скопје е веќе загаден. Имате некој предлог за кратки прошетки на отворено? Некако шубе ми е , а инема да сака да му ставам на носето и устата шал . Сеуште е мал 3 месеци Денес околу 14 часот малку излеговме до паркчето пред зграда . Пред зграда малкумирисаше на чад а во паркчето беше ок. Ме фати шубе и одма се вративме дома. И кога и текна дека тоа ни е реалното секојдневие ми се стемни. Па каде да го однесам детето на дневни прошетки? Страшно
Незнам во кој дел си, ама јас тука Ѓорче не е толку страшно сеуште некако ветровито е... ама денеска бевме на контрола во Ново лисиче кај филев. Аух што беше тоа мирисање. Страшно.