За жал не живееме во Швајцарија и децава ќе мора да го вдишат воздухов. Единствено нешто ќе биде да гледаме кога не е толку загадено или да се молиме снег да падне да исчисти малку. Поинаку останавме затворени дома, што не е решение.
Е само да ти пишам дека ти го послушав советот. И ставам играчка пред лицето, и она трга со рацете мафта хаха ама не може баш да ја погоди. И ја ставам кај рачињата она ја фаќа пипка бутка у уста секако со моја помош за сега. Ама еве ја гледам втор ден како и давам играчки некако повеќе се интересира и како да сфаќа повеќе. Не знам. Гледам дека ја фаќа играчката сега и трга да ја земе ама не знае да погоди..
Бебе за 10 дена ми прави 3 месеци сма дневните дремки само у раце сака да ги спие... како да ја научам на кревет?
Малецко е уште ама постепено пробувај на една од дремките кога ке ти заспие во раце да префрлаш во кревет, кај некои порано успева сами да спијат кај некои покасно. Кај мојава после 5м дури, јас пробував на 3 и 4 месеци ама со скокови регресии ептен на јако ја дрмаа и само ќе ми се разбудеше и се од ново па ќе се премори и се откажував си ја чував во раце. Сега гајле нема по саат ипол сама спие, ја заспивам јас во раце или со доење па си тера сама после.
Јас штом ја оставам одма плаче и како што викаш ти се раскенкува се преморува.. а навечер си пие млекце ја ждригнувам и ја ставам во креветче и ја успивам директно у креветчето и си спие.. ама преку ден нема шанси некогаш накај 3-4 знае да спие на гарнитура у дневна кај што си лежи нели ако ја успијам ама така па се успива и спие до вечер, ни за јадење не се буди и после ноќеска у 4-5 станува спремна за денот
Многу бебенца се така, ти викам иста беше а ноќе сама си спиеше без проблем. Трпение само и ќе помине, период е иако сега можеби изгледа како вечност
Пробај како што ти е усоана на рака да легнеш и ти со неа некс ти лежи нс рака и после извади и ја раката ама продолжи да лежиш до неа. Зависи од бебето ама јас така полека го накнувам мојот. Сега ако лежам до него и по 1ч па и 1ипол саат знае да спие а ако го оставам сам 30-45 мин ретко повеќе ама подобро толку нс кревет него во раце. 3м е а 7кг е
Дали кога почнавте со кашички, почнавте и вода да им давате по малку? И дали од шише, лажиче или чашка некоја? Ги гледав од Nuk learning cup
Девојки бебка сега пиеше млекце и кога бљуцна имаше и како зеленкасто како мрсулчиња текстура. Се извадив од памет да ја носам ли на доктор што може да е ?
Да не и бил малку запушен носот? Како е сега? Јави и се на доктрорката ако имаш број. Искрено како е времето со вирози да го фати човек страв да го однесе бебе на редовна контрола. И јас сум денес без памет... бебе ај што два дена не беше какано, кога се искака чудно му мирисеше изметот. На про биотикот му перепишав дека може да биде, ама ме вознемири .
јадеше пак, ништо немаше. Ќе ја пратам до вечер ако видам пак ја носам на доктор. Инаку твоето да не има примено вакцина скоро? На мојава мн и мирисаше каката после ротата. Ама она страшен мирис како што не било до тогаш.
Менува мирис на измет. Ако доиш нормално е да не кака по неколку дена се додека не му прави проблем на бебе. Кај изметот ти е битна боја и конзистенција. Се додека е златна боја и е нормална густина немаш простор за грижа мислам.
И тоа е океј. Мислам не треба да биде црвено, црно, зелено. Светло кафеаво, сенф мислам се океј боја. А мирисот варира верувај и ние сме на доење па некогаш знае многуу повеќе да смрди за разлика од претходно посебно неколку дена ако не ми е какан
Мајки дали додека цицаат ви мрдаат бебенцата многу? Мојава последните 2,3 дена додека цица со раката мрда многу, се фаќа за коса, се чеша по глава, се тегне... 2+ месеци е.
Да, уште неколку дена пред 2 месеци почна да мрда и цело време прави нешто со рачето, особено ја стиска градата како да држи шишенце.