Допрва е полошо. Секој ден се борам со змеј, се фрла наназад, ме турка, со другата рака си игра со другата града, ме гризе со непцата на најјако а нема ниеден заб, ме кубе по косата, ми ги фрла наочарите секогаш без исклучок…
Не не ја примивме затоа што имавме примано крвна плазма и мораше да поминат 3 месеци за да се вакцинираме и времето истече за прва доза.Само таа вакцина нема да ја примиме другите регулар со мало каснење.
Мислам дека може да не се прими бидејќи има точен распоред кога се прима. Ако утнеш, толку е. Така син ми превенар последната не ја прими, наместо 3 дози, 2 прими се нешто болен беше. После кога сакав да му ја ставам ми рекоа касно е сега..
За успивање ја немам пробано ама кога е најаден, преспан и чист и се раскенка ја пуштам и за 5 секунди се смирува.
+1 , и мојот ептен се смирува со неа. Баш читав дека во истражувањето за звуците во песната биле вклучени околу 2000 родители.
За спиење фен за бебе и некое германско на јутуб со тоа бебе заспива сега. Иначе пиштеше и така се успиваше во 4ти скок. Сега тоа почнува и шш шш два пати и затвора очи. И теорија ми е колку помалку на мене толку подобро. Уште не е баш заспана и во креветче и подобро спие него на мене да зацврсти сон и да ја оставам.
Здрави мајки, кажете ми кога и како им облакате вреќичка за спиење, пред да заспие или после? Мојава женска два пати става ќебенце преку глава, живот ми се скрати. И што им облакате на нозе кога не се во скафандер. Јас термо чорапчиња ама да не има некои поштосни чевлиња нз. Ги гледав од зара плетените ко чизми ама факинг 1500 денари се. И кажете некои продавници за онлајн освен овие класика зара синсеј резервд итн. Инаку почнавме со вкусови вчера, 5+ е женскава ама интерес нула, денес дури и потповрати. Со синко уживав да му спремам, ќе видиме госпоѓицава како ќе биде. Ни млеко не пие нешто многу деновиве, се друго е поинтересно. А за спиење Тоше најпогоден ни е, на втора песна веќе е кома
Вреќичка пред спиење и облакам без ракави е вреќата. И купив од иста причина зашто се вадев од памет не спиев мирно ич. Вака раат сум.
Вреќичката пред спиење обавезно, без ракави имам . откога продолжи денски дремки почнав и пред дремка да и ја облакам дека ептен се откриваше со ќебе. На нозе само термо чорапи (некогаш 2 пара ако е ептен ладно). Купив и едни како топлинки слатки ама борба е да ги облечам не ги трпи така да се откажав и затоа облакам 2 пара термо чорапи
Здраво не сум многу активна. Дури сега гледам. Се извинувам. Ќе те советувам да го однесете на очен лекар. Секој нистагмус (ако е тоа) е приказна за себе, досега сите кои ми пишале имаат различни искуства. Факт е дека во Македонија лекарите немаат многу искуство со болеста, но што е тука е. Јас можам да зборувам за мојот син. Уште малку ќе полни 6 години. Почна прво одделение во септември. Не се разликува во ништо од своите врсници, освен што носи наочари и има намален вид. Но тоа не го спречува да трча, скока, игра. Редовни контроли на 4-6 месеци. Топло ги препорачувам др. Викторија Филева (додека беше во Систина, сега не знам каде е) и Околус А во Штип. Последно изгледа ќе останеме во Околус А. Ова е видео од син ми, кога беше 4 месеци (април 2020), да видиш како изгледаше. Сега очите повеќе не му „играат“, само видот му е како што кажав слаб. https://www.youtube.com/shorts/dZDzyWXyyFk
Mamicki Zirafata sofi od koga I'm ja davate na na bebuskite? Mojot e skoro 3.5 meseci se stava vo usta a jas seuste se sterilziram ... Zirafceto samo se mie ne se sterizira . Pa kako ja odrzavate?
Со првото го имам поставено истото прашање во темава . Второво глода играчки од брат и последно вода што виделе пред 4 години . Мајка, ја измив еднаш и ја дадов.
Да не те излажам, не знам точно ама сигурно после 2 било. Зошто после мрп на 19 месеци баталив вакцините и дитепер ја заборавив таа на 4 ја прими кога излезе епидемијата на голема кашлица.
Пази ја софи ако се скине може мувла да фати внатре, а лесно се кине. Јас многу слабо ја користев со првото, со ова ич не ја земам
На моево не е така кога гледа играчки не му прави така и кога е смирено, кога се малку вознемири и кога гледа настрана му вибрира целото око и белката го носев на лекар ништо посебно гледат они, а јас секој ден го гледам тоа и се нервирам
Пробај да снимаш како што има направено членката за да можеш да покажеш, штом се работи за нешто што се случува понекогаш не мора да значи дека баш на доктор кога ќе сте ќе го направи и ќе го видат
На поклон две дури добив. И си викам кога веќе се сака да става во уста барем и тоа да му го дадам. Ама ме фати шубе дека обучно му стеилизирам шишенца и цуцли, пелените ги пеглам облеката исто а ова само да го измијам ме фати некако шубе... Ќе размислам дали да му ја дадам.