Јас и ја пуштив преку ден за успивање успешно заспа и јас со нејзе, исто и сега на repeat ми е цело време додека не потера убаво. @Надеж♥️ Господ здравје да ти даде за песнава
Има на youtube 30мин се повторува цело време. А ми се раскенка одма the happy song и мир. Дај боже кај сите деца да успева
Испери ја убаво ништо не му е, обично ја сакаат бебињата ама ти кажувам дека откако ќе се дупне мене ми беше шубе. и за перење со сјај, односно плакнење е незгодно после тоа..
Стерилизирам и јас се што може да се стерилизира, Софи ја мијам со фрош сјај и топла вода од вечер за сабајле да игра. Сега од кога почна да лази и да ги лиже столовите се помалце мијам и стерилизирам. Давај му глодалки, не замарај се до толку.
Ништо немам испеглано од кога е родена, дури ни тетра пелени. Се перам и наше и нејзино со фрош, ставам во машина за сушење и како вадам така користам. Стерилизација само за шишиња од формула понекогаш кога и давам и во тоа понекогаш знам да ставам некоја цуцла (не ни користи цуцла она како играчки и се). Софи имаме 2 поклон од мекици, иницијално ги измив ваљда со сјај/фрош и жешка вода и сега ептен ако паднат негде надвор ги замивам само со вода. Имаме и едно чудо други глодалки исто само ги заплакнувам под вода ништо повеќе од тоа.
Исто, и тоа ако падне ептен надвор. За низ дома по пагање не ни мијам веќе и така цело време почна да е на под и да лиже ногарки од столици, комода и слично. едит: еве баш дур пишувам не само што лиже ногарка од стол туку и ја подгрицнува по малце
Мајки кога влегуваат бебиња во 4 скок? Може ли да влезат пред да направат 4 месеци? Моево е 3ипол месеци две ноќи по ред станува на секои 2ч. Претходно стануваше, цицаше и си продолжуваше сега се буди и е тешко да го презаспијам. Денски дремките ни се 20мин до 30мин максимум. 17 недели сме по раѓање, 16 по термин
Регресијата почнува баш од 3 ипол месеци, истото беше и со ќерка ми од тогаш и дремките ужас и ноќно спиење со будење
Со лесно надеж како влезе во 4ти скок па излезе па еве уште некој ден 5ти скок влага све е со станување навечер на саат ипол два. Ти посакувам да се држиш јако тешко е ептен и кај нас уште трае 5месеци е точно мојата
Мамички за тие што го поминавте 4ти скок. Има ли надеж дека бсрем ноќното спиење ќе се продолжи барем мна 3 часа Сеуште станува секој саат ипол два. Нервен слом ќе добијам кај и да е 19та недела сме треба да завшри веќе претпоставувам....
Не знам како да те утешам ама кај нас одма почна 5ти скок и беше уште полошо од 4ти, почна да станува на секој саат… заврши сега па има некое подобрување конечно..
Значи во скок сме така ли? А баш се надевав дека ќе биде од бебињата што мирно го минат. Нема ваа мајка таква среќа
Вчера влеговме во 12 недела... страшно не дака да спие ич веќе техниките со кои што ја успивав не функционираат.. ако ваков е 3ти скок што да кажам за 4ти кујзнае каков ке е Колку трае инаку? Една недела ?
Нели 3ти скок е 12та недела, зар 4ти е одма 14та недела ?? Немам апликација и не ги пратам до толку, ама реков моево не излегува од скок, само се надоврзуваат работите. Кај мене почна навечер да се буди на саат време за цицање, досега не правеше така, еве два дена сме така. Преку ден цица исто на саат време, но изминативе два дена почна да штрајкува. Не сака да цица од едната града, ќе цицне, почнува да ја тегне градата и плаче, пак ќе ја фати, па ќе ја пушти и плаче, а на другата цица, ама знае да прекрати да ме погледне па да си продолжи и така неколку пати додека цица . Не ми е јасно што се случува, се обидувам да разберам што ја мачи.