Мајки, Ве читам прашувате кога ќе ви сврзат навечер барем три часа, т.е. после кој скок. Од кога почнаа да не ви сврзуваат? После кој скок? Кај мене мојата се буди мнооогу ретко на два часа, најчесто расположена, и си презаспива сама. Еве ноќеска се будеше на три часа за цицање (но јас на три часа и давам и преку ден, можеби тоа игра улога). Претходната вечер спиеше 5 часа, па цицаше и си продолжи до сабајлето. Денес полни 2 месеци. Од кога ви се смени се? Да знам кога да очекувам да станам уште понервозна
Кај нас од 3ти месец почна со станување на два часа навечер. Еве сме сега 4ти месец сеуште станува хахаха Еве сме уште оваа недела во скокот и се надевам дека барем некој ден ке сврзе нешто повеќе часа спиење. Да собере мама енергија за следниот скок Во спротивно ќе почнам да халуцинирам. А и да напоменам дека од кога сме во овој период, малиот спие многу немирно. Значи во спиење ги крева нозете горе и ги удира надолу. Цел душек се тресе и со главата само лево десно. Дали сака да се превртува во спиење незнам. Само знам дека тој си спие а јас едвај со последните сили посматрам Преку ден е бубаче Дали некоја се соочува исто со немирно спиење?
Значи да поуживам уште месецов Кај мене тоа што викаш со ноџињата го прави преку ден, и станува тешко за местење пелена. Да сака да се превртува, повеќе мислам дека ќе се обидува со цело тело да бутка во лево или десно. Да го прави тоа и преку ден, ќе беше јасно дека сонува, вака може да е влијаење од скокот.
Не се урочувај аман . Првото ми спиеше до 4 месеци, јас го будев за цицање. После коа фати будење на 45 мин се забораи до после година. Ова бебиво 2 пати има споено поише од 2 ипол саати до сега, си станува од старт. Ќе видиме каков ќе биде. Не заспива сам никако, за мене нема такво бебе во овој живот. Све со раце, нишкања итн
И мојата спие мн мн немирно посебно после 4тиот скок … мрда со глава лево десно па се врти на страна дека спие … па во сон на стомак па не знае да се врати назад па кенка ноќеска нозете ги дигаше - хаос во најамала рака
Иста е и мојата, од 3 скок навака спие немирно. Ги крева нозете високо па ги пушта слободно надолу, маж ми е претепан од неа дека таа се свртува хоризонтално а нозете се од кај него. Со глава прави лево десно. Ке ја наместам меѓу нас, пак ке се сврти и цело време исто
И мојот почна да ги крева двете нозе во кревче и да удира. Некогаш спие немирно некогаш ок. Има мислам вијание и времето т.е климатките промени или може грешам Сабајле во 5 стана расположен за игра . Он почна со нозете да удира по креветчето и да се смее а мене ми се спие. Јадеше во 6 и си заспа. И јас со него Иначе сме 15 недели.