Ние ги примавме вакцините на 2 месеци и 15 денови, прилично добро поминавме со темп до 37,9 и малаксаност што се нормални реакции. На ортопед бевме некој ден пред вакцината и ни закажаа контрола за 3 месеци,еве на крај од месецот ќе ја носам
Поздрав мами, да се приклучам на темава Се вративме пред неколку дена од болница без млеко, со неуспешни обиди за доење и разранети брадавици. Почнавме со дохрана 30мл и ставање на града, со силиконска брадавица, многу ретко без. Не цицаше од градата никако... додуша, не ни имаше што да цица. Кога ми надојде млеко почна да трга по малку. Паралелно зедов и пумпа и давав тоа малку што го молзев, ставав на града и дававме по 30мл дохрана. Пред 2 дена доста измолзував, околу 60мл од двете гради измолзив 3 пати, следните пати по 30-40мл. Бебе цицаше и од града (со силиконска брадавица). Се прерадував на количината. Ама денес имам едвај 20мл и се разочарав. Не сака воопшто да цица, му стои цице во уста, масирам града, излегува по некоја капка млеко - не го стимулира да почне да цица... Или ќе цицне еднаш, два пати и запира. Мислам се фрустрира дека нема млеко како кога цица од шишенце (Авент шише зедов). Па сакам да ве прашам за совет, како да зголемам количина на млеко, не знам што правам погрешно... шемата ми е - најпрво пумпам (некогаш пумпам на 2-3 пати со паузи измеѓу), па пробувам да цица, на крај давам формула (30мл или 60мл). Бебе е 1 недела. Почнувам да чувствувам притисок ко да не правам доволно, ми викаат не јадеш доволно, затоа немаш млеко, бла бла. Овес јадам многу, многу овошје, многу вода, пијам чај за доилки. Доручек и ручек јадам нормални порции (ко што сум јадела пред бременост). Што вродило со успех кај вас за повеќе млеко? И исто да не имате некој совет што да правам кога упорно одбива цице, има некој 'лек'?
Следам за будноста. Саат, саат и пол максимум издржува и почнува да зева. Ама не ми е јасно како преку ден може да спие комотно два саати, а штом се стемни одма се менува се. Се надевам дека ќе се смени набрзо на подобро. И во трет скок беше вака?
Не знам дали е скок, бебево е така од кога е родено. Си има убави дремки од сабајле (мислам во раце 90%) ама бар заспива. После 5, леле мајко. Не може да заспие никако, ќе дремне некоја минута и пак се ококорува, навечер од 8 кога ќе почнам да го успивам до 10 и нешто е борба. Во раце ми е цело време и таму се буди, не па во кревет да го спуштам. Навечер презаспива полесно. Ама цел ден не можам да мрднам. Мислам повеќето бебиња попладне се такви, поголемиот исто памтам го фаќаа будалите попладне, прочитај за witching hour, тоа ќе да е..
Честитки мајка, живи и здрави да сте. За доењето не правиш ништо посебно грешка од аспект на храна и течности, едноставно тоа функционира на принцип побарувачка-понуда, но внесување на многу течности, калорични оброци, сон колку можеш повеќе и лактагоги - семе од сладок анасон, грчко семе, овес, безалкохолно пиво/пивски квасец помага дополнително. Од чај за доилки сум задоволна од Лактамикс. Иначе колку повеќе се празнат градите, толку повеќе се создава млеко. На почеток е битно постојано на два/три часа да ги празниш со тоа што времето го мериш од почеток на една сесија, не од завршеток. Ако даваш шише да не прескокнуваш празнење било прво бебе да цица или да стимулираш со пупма. За бебе да се расцица не знам да ти дадам совет, немам искуство ама многу мајки дојат со силиконски мада и за нив потоа е процедура да се тргнат. Исто мора да има убав фат, види на нет слики/видеа. Уште сте на почеток и можете да воспоставите успешна лактација, најдобро е да се консултираш со лактациски консултант на лице место да дојде да го види фатот на бебето, да види да не има tongue tie, да измери подој, да ги види брадавиците и сл. Во меѓувреме можеш да разгледаш за power pumping метода на нет, се покажала како доста успешна за воспоставување на лактација. Да знаеш и дека количината на испумпано млеко не мора да колерира со таа во градите, јас со првото не можев со пумпа да извадам повеќе од 20 милилитри од двете гради заедно, а го доев ексклузивно 6 месеци, а вкупно две години и два месеци.
Е беше , сите скокови ги осеќаме за спиење ама веќе воведовме некој ред па спиеше навечер фала богу. Мислам дека е многу 2 саати дремка, крати и ги полека по саат ипол саат да се барем. Будност до 70мин макс. Малечка е. Штом помине скоков гледај малце да ја форсираш да има ред некој зашто веќе е се повеќе свесна
Ќе прочитам баш да видам за што се работи, затоа што не сум слушнала за ова до сега. Поголемиот така стануваше попладне кога немаше да спие во градинка, веднаш се познаваше, гледам и се уште му фали спиење. Твоето полесно поминува сега со одвикнување од пладневна дремка?
Ти помлада, со прво дете мене ме учиш Се тешам дека не сум резил, со тоа што терате три недели пред нас Ќе ти ги послушам советите, ако помогнат помогнат, ако не, ќе си се навикнам како Чери. Една до тебе и бебушка
ХАХАХАХ ти кажувам мене што ме советуваа тука и стварно послушав и успеав малку да и воведам ред. Она ич не спиеше по цела ноќ како вампир бев. Имаше сменето ден за ноќ. И така ја будев ако и се спиеше плачеше цело време кога ја будев ама не можев ни ја веќе не функцонирав.. Пробај така, сега и е прозор на будност у глобала саат и 20 мин саат ипол. Не знаев на почеток да на пратам нејзе како има потреби тука мн грешев. Сега штом ја осетам дека и се спие ја ставам да спие. Некогаш кога е преморена ако не легнала на време со плачење се успивамее ... Гушкии и до вас Ќе биде хаха си знаеш јас ништо немам појма. Пред некој ден искочив со другарка на кафе почна да плаче бебе ме зафркава вика се губиш цела кога плаче и ств е така.. Жал ми е да плаче сакам одма да и угодам
Мислиш големиот? Си легнува рано, до 9 е заспан најкасно, во просек 8 ипол е кома. А не сака да одмори после школо, му фали и спиење ама повеќе му фали збеснување, така да 300 на саат е додека заспие, само порано заспива, претходно после 10 заспиваше. И викенд ќе поспие повеќе (до 8 сабајле наместо до 6 ипол), така тераме..
Истото се случи и кај мене со тоа што јас едвај успевам да измолзам 40ml и тоа од левата града од десната скоро ич. Плус бебуш има подврзан јазик кој ќе треба да го сецниме па не ни трга од града. Исто осеќам притисок од околината не јадиш доволно, не пиеш течности, не сакаш да доиш.... А јас пијам caps. Lactil, овесно млеко, Holle чај за доилки и Lactamix чај и едвај сабајле измолзувам 40ml и навечер 30ml.
После секое доење измолзувај се за да поттикнеш повеќе продукција на секои 2-3 часа. Продолжи така со чајот за доилки, овес, хидрирање и ќе надојде. Топол туш. Што повеќе бебе на града. Ако сака повеќе со силиконска не ја вади нека цица со неа па понатаму кога ќе влече подобро ќе се одвикнете. Мене ми надоаѓаше и до ден денес ми надоаѓа повеќе од пиво. Земи безалкохолно ако не сакаш со алкохол. Има на хајнекен безалкохолно. Само трпение и упорност. Без стрес
Колку измолзуваш не е доказ за тоа колку имаш млеко. Обично секад бебе кога цица има повеќе , што повеќе на града. Јас измолзувам многу, ама кај мене е ситуација што бебе не цица за жал. Ставајте на града што повеќе и не се замарајте колку молзетњ не значи тоа ништо. Моја другарка го цица бебето, детево првите три месеца скоро 4кг качи. Кога се измолзува нема ни по 20мл. А дефинитивно има млеко, кога ќе се стисне тече знаеш како. Повеќе течности, јогурт, овсени снегулки. Мене тоа ми го одржава млекото мислам.
Кај мене кога ќе се стиснам не ни капе и плус проблем е подврзаното јазиче и најверојатно од тоа не цица. Наредна недела ќе одиме на преглед за тоа за да го сецнат...
Потврдувам за тоа дека колку измолзуваш не е репер дека толку имаш млеко. Кај мене градите се полни со млеко а едвај измолзувам 20 мл. На почетокот се мачев да измолзам за да има млекце кога треба да завршам некоја работа па да оставам млекце да и дадат, ама џабе едвај 20 мл од двете дојки, притисни ја градата шприца млеко, може и до пумпата да е, кој знае.
И кај мене е така...буквално имам медела електрична пумпа и не влече мислев дека е до пумпата но било до градите, не можам да одам никаде на подолго..во принцип кај поголеми гради е потешко измолзувањето јас мислев немам млеко,ја викнав Јасна(бебелогија) ме среди и ме смири
делот кај што си пишала шемата што ти е, јас мислам не треба прво да пумпаш, прво дој го бебето па после 30мин пумпај Инаку провери да не има и бели како афтички во устето (кандидијаза мислам се вика), ако има тоа го боли и нема да сака да цица.. ке треба со нистатин да го чистиш, јас и мојата тажна приказна за доење беше прекината заради кандидијаза што бебето преку доење ми ја префрли на брадавиците и мене толку ме болеа што јас секое доење два месеци урлав плачев од болка бебе неќе да цица и се префрливме скроз на АД, и тек после тоа сфатив што било работата ама доцна беше... здравје за следно бебе ке знам Душата ме боли што не дојам ама тоа е поважно ми беше бебка да ми е најадена и среќна .. битно ми цицаше некои 40 дена два месеци од прилика
Мами кога го заспивате бебенцата навечер ? Мојот повеќе од 20:00 не останал, иди 19:30 и очињата му се затвараат, го ставам на цице и за пет мин заспан е. Е сега, спие до кај 20:30, 23:00 и после тоа ќе стани за цицкање, ќе го надојам и следно се буди после два часа, после тоа на секој час два се буди и веќе во 5 наутро сме будни спремни за играње. Преспива и денски, еднаш го вадам на прошетка со количка и спие два часа топ, после тоа денски зависи, си мава дремки кратки по пола час, изг мн спиење му доаѓа. Читав некаде дека бебињата е подобро рано да си легнуваат, мислење ?
Колку месеци има? Мислам дека е рано за некоја стриктна рутина. Ако му се спие па не можеш да го држиш будно. Бед тајмот ви е океј 19:30, 20 е океј време и мојата тогаш заспива.