Ве читам со спиењево кај моево место поретко да станува тој почна на саат два ноќе да се буди. Кога беше помал не стануваше јас го будев сега ептен често а е и на цицање и на ад. И не престанува да плаче ни со цуцла ни со шетање се додека не јаде. Толку ли брзо да огладнува? Пробав и да му зголемам доза ама почна да не сака да цица. Читам на 3м ви спијат по цели ноќи. каде грешам? Преку ден е активен играме со играчки го шетаме, надвор излегуваме... Кога не можам да го смирам вака кога плаче и одбива да цица имам грдо чувство дека детето воопшто не е поврзано со мене и срце ми се кине. Може било кој да го чува ќе му даде ад и толку, ни ќе ме побара ни ќе заплаче по мене
Јаготче и мојата е 5месеци па во скокови вришти на града нејке да цица па сите овие 5месеци мора да имам залихи во фрижидер за одма да одмрзнам и од шише си пие најнормално. Исто се осеќав и ја првите месеци, ќе се искараме со мм дека само он ќе дпјдеше ќе ја земеше во раце и заспиваше кај него јас како да не и бев мајка - ох колку сум плачела сма постепено сфатив дека е цел ден со мене и се презаситува од истата енергија вероватно а одбивањето на цицање ми го прави константно кога ќе влеземе во нов скок веќе се навикнав еве од вчера 5ти скок, ноќеска пак направи скандали нејќеше да цица а гладна па одмрзнав 140мл и со шише испи се и заспа гушкајте се играјте не е само твоето немој да си правиш дополнителни грижи
Ретко бебе преспива ноќ на 3 месеци за тоа не си прави стресови воопшто. Уште е мало бебе и си бараат за цицање. Ми се нема случено во 3ипол месеци да ми преспие ноќ. Ако првото заспивање го врзе 4-5 саати после станува на 2 за да цица и си продолжува. А за тоа дека не е поврзано со тебе само самата јадови си правиш. И јас го оставам да го почуваат, го имам оставено и со измолзено млекце оти сме на цицање најадено средено па пак кога ќе ме види мрда со раце и нозе и почнува да кенка па кога ќе го земам се смирува. Мајкаа си никој не може да те замени. Ничија љубов и топлина не е како твојата без разлика кој ќе му даде да јаде.
Кое бебе спие на 3 месеци . Не очекувај дека ќе спие асално пред година, помало ќе ти биде разочарувањето. Ако спие, супер, тоа е бонус. Инаку и моето е на доење и ад, јас па само навечер уште му давам ад затоа што ми протестира за цицање од старт и немам нерви за врескања, а се молзам зошто имам млеко.. Бонус е тоа да може било кој да му даде за јадење, ти да олабавиш или да завршиш некоја обврска. Јас со првото бев така посесивна, затоа до 2 години не мрднав. Ни шише ни бутур не фаќаше. Сега со друго дете кое ми бара внимание, се би дала некој да го успие и да го нахрани ова прцлево, ама 95% сме сами по цели денови и немаааа. Инаку за јадењево, моето е лакомо доста и се смирува со цице или шише, ама не е секогаш гладен. И од грчеви и ако му се спие знае да шмука млеко па после да повраќа до следно хранење. Твоево ваљда ги надраснало грчевите, ама може си бара утеха и близина. А на колку време бара јадење?
ако ви е некоја утеха, ние имаме проблем со слабо јадење, многу малце качува пишував и во друга тема, навечер се буди по сто пати цицнува малце и заспива, ем не спиеме секоја ноќ, ем нервози со килажата. секоја недела одиме на мерење и цело време по 100 грама, ни помалце, ни повеќе јас убедена дека имам млеко, пробувам да молзам без проблем вадам 100 и нешто од града, ама се натегаме со педијатаров и почнав еве од оваа недела со ад, да нудам после цицање нејќе ни да проба, ако не и дадам да цица го пие, а она ми рече да нудам после цицање, така нема шанси не погледнува шише, пробав да не и давам да цица само ад, така пие ама по 60 мл не сака повеќе, плука, пишти, клоца, а не сакам да не и давам да цица ми е страв да не сменам млеко па скроз, оваа манекенка ќе биде мојава изгледа, 5.150 беше на последно мерење, три месеци точно, 3.060 се роди
Па не звучи воопшто лошо 2 кила за 3 месеци. Битно е како изгледа детето, ако не е слабичко и гледаш дека е ок што знам валда е ок. Не е во ред ни да се прејадува па. Моиве две деца не качуваале никогаш повеќе од кило. Еве ќеркичкава сеа последно пола кило е и баш ништо не рече педијатарот. Прашав вика добра си е. Порасната е 4ипол цм. 3340 се роди, сега на 5 месеци е 6650. Имаше некое правило да дуплира родилна тежина на 6 месеци и да е триплирана на година ако ме се лажам.
Уживај ни мојата не качуваше многу, на 9++ месеци она е 7.800 а де роди 3250. Ама мене педијатарот ми рече да не се секирам, ако има полни пелени, е весела, активна, напредува, тогаш е супер. Не може секое дете по книга да качува, многу ме нервираат нашите доктори што се им е по книга, досадни се веќе искрено.
Девојки бебе е 4ипол месеци, деновиве го забележувам некако чудно ми ги превртува очите додека го успивам, како наназад. Дали ви се случувало вакво?
Ние сме 5 месеци, исто и цица плус ад ама немаме преспано цела вечер никогаш. Порано се будеше на 3 сати сега веќе си врзува 4 или 5 часа. Нормално е, јас се имам помирено дека уште некое време нема цела ноќ да ја преспивам
Баш за тоа сакав да споделам со тебе. Мојава за еден месец качила 690 грама, јас се разочарав, затоа што првото дете качуваше многу на килажа, ама тоа беше затоа што давав цице на секое плачење, без разлика дали на пола саат саат, два, и глава не кренавме од грчеви. Докторот ми вика дека нема зошто да се разочарувам, се си е во граници на нормала. Ме распрашуваше што како колку цица, и не форсираше ниту за почесто да цица, а за ад па да не збориме, иако просекот за првите два месеци е 500 грама. Според ова што го читам кај тебе, она качува во просек по 696 грама, што е малку повеќе од мојата. Како што читам, она те бара тебе, т.е. твоето млеко, и тоа е одлично. Според мене, штом после цицање не сакаа ад, значи се најадува. Што мислиш за тоа да си побараш мислење од втор педијатар?
Кое бебе пд 3м спие цели ноќи? Дали 5% од бебињата се такви. Додуша мојава нешто пред 3м две вечери по ред ги отспа цели без будење 11 саати ама одтогаш навака станува по 3-4 пати во ноќ Жива среќна сум некогаш кога ќе стане само 2 пати ама реткост е тоа
Не знам зашто ти увртел педијатарот дека е малку тоа, сосема нормален развој си е според други педијатри. Мене ми кажаа дека просекот е 25грама на ден што се фаќа 175грама неделно (или 700 месечно) ама тоа е пак просек не е минимум. И ова е само за првите 3 месеци после и помалку качуваат. Мојава што е буцка после 3м качува по 500г па ја водат како со “интензивен раст” и двата педијатри кај што ја носам
да не ве цитирам сите, фала ви најмногу за споделените искуства, некад да не е форумов не знам шо ќе правам, пробувам да не се нервирам, и добра сум вака преку недела, ама еве веќе скоро два месеци одиме секоја недела на мерење затоа што според мојот педијатар е малце тоа што го качува и а отидеме почнува нервоза да ме фаќа, пишував и предходно дека она не покажува дека е гладна, си цица, си полни пелени, кака секој ден, жолта столица, вака навидум се е океј, ама кога доктор упорно те убедува дека е под просек шо ќе правиш ќе пробаш се, ние и кажуваме дека и без проблем јас молзам млеко, ама така не гледа, маж ми вика оваа мисли дека ја лажеме последно ми рече дека ќе треба порано да почнеме и со храна, јас со првата ќерка почнав на 6 месеци скоро, ама таа па напредуваше доста, не знам шо да мислам веќе, реално на 6 месеци она сигурно ќе ја дуплира родилната дури и вака ако продолжи да качува како до сега, едноставно со сила не можам да и дадам, толку цица или толку пие млеко и после не сака. пробавме и со молзено да гледаме колку пие, пие 100 мл и после се трга и не сака повеќе а педијатаров само ни покажува некои табели дека треба повеќе
И мојата пие 100мл.На 3 саати-3 ипол. Повеќе не сака. На 21ви месецов прави 3 месеци. Баш сега бевме на педијатар, слабо напреднала и она, ама па у должина машала.. Јас сега и ја дојам, така да немам баш контрола колку пие ако осеќам дека и треба уште и давам измолзено. Баш ми вика докторкава, секое дете е различно. Има деца на 3 месеци што малце им е 150, а на некои 60 им е доволно. Не и се секирам, многу е весела , мочка убаво, кака.. Не може бе сите дебелки да се нели Рече дека си е таман. 6250 е. Исписна 3650. Пред две недели беше 6000 ама не се секирам. Џабе и давам повеќе повраќа
Баш така секое дете различно. Еве мојава сега е 7.5м, на 7м беше точно 9кила и каша јаде околу 100грама (врсници послабички од неа по 150 ко ништо јадат) а некогаш кога пие формула (на доење сме) пие 100мл. И кака бајаги, по 3-4 пати во ден што за големо бебе е многу. Ама битно напредува, крвна слика супер, она весела другото небитно
Значи не може се да е ко по книга. Не можам да и давам да јаде повеќе кога повраќа не гледам друго решение стварно. А да не се напнуваш толку со мерење? Штом мочка, кака , весела е, не е гладна верувај.
Мојата голема се роди, ама од 3 месеци не качуваше премногу. Пред некој ден бевме со бебе 16м а ние сме 12, тоа на 16 машала топче, мојава шпагетка хаха, амаа мојата па повисока во висина од нејзе. Кај нас многу на должина оди. Татко и е 195 висок, јас 173, нема на кого. Иначе не се замарај, чим полни пелени, среќно и весело бебе, па и крвна слика ако и е топ, немаш причина за грижа.
јас многу би сакала да се одморам од мерење, ама она ми закажува секоја среда мерење сеа во среда пак сме баш ќе пишам овде како сме прошле
Јас не идам на педијатар за тоа... еден куп болни дома ја мерам кога можам. Крвна слика на тоа дете е направено или само таа со вагата се оправа? Ако нешто се сомнева нека направи крвна слика ако е добро железо све, незнам што те малтретира по сите параметри дете е здраво. Неможе на мене карикирам жена од 175 цм и 70 кила да е исто дете со жена 156 цм и 50 кила генетиката не дава децава да се исти. Така да еве на сестрами внукава поинаку качуваше... по споредба моево прематурче ја помина во 4ти месец со килажа и сега има колку внуката на 9 месеци а моево е 7++ или 5++ по корегирана возраст ако гледам. Така да направи крвна слика и биди раат. п. с Јас давав Биотрина, Бејбивит, може 4-5 месеци. Крвна слика имам три пати направено целосна, одлична е.