и реков да направиме крвна слика пред вакцините, ама ми рече нема потреба и сега никако не сум, не знам треба контра да и одам,а не сум таков карактер, обично правам како ќе ми рече, ќе и спомнам сега пак кога ќе одиме. иначе имаш право за тоа болните, ептен сум под стрес, стварно има посебна просторија кај шо прегледува здрави бебиња и ми закажува обично во тоа време кога стварно нема гужва, ама некој пат кога ќе се погоди во тоа ходникот напикани се под стрес сум
Фала ви на сите за одговорите. Иначе на фб групи ги читам жените за тоа како им спијат цела ноќ на 3 м
Сега, ми испадна читав дека бебе да преспие ноќ значи да стане 1-2 за цицање, ад и да продолжи да си спие или кога ќе бидат поголеми да знаат сами да се успијат кога ќе се разбудат. Оти и ние како возрасни се будиме со разлика што знаеме да презаспиеме.
Сакам некои убави музички светлечки играчки дајте ми идеја каде да разгледам и барав музички книгички ама во локалниве книжари не најдов ептен е кенкава деновиве мора да и барам нови занимации
Абе од педијатрите кај нас се виде, секоја чест на исклучоци. Бебе правеше крвна слика за вакцина на приватно и му препишаа биотрина капки оти хемоглобинот му беше 9.8 малце на долна граница, ми рекоја да крени имунитет па да прими вакцина, и на крај рече оставам на тие што ќе го вакцинираат. Отидов со резултатот и док вика нормална граница за таа возраст, ми објасна што значи тоа дека бебе сега само произведува крв и затоа доаѓа до таков пад. Ми рече ако сакам да продолжам со капките оти нема штета ама дека нема потреба. Капките 1100 денари, нејсе, заминавме Германија и продолжив со биотрина, бебе фаќа запек, навечер се тегни, го боли меше. Се решавам да го носам тука на приватно на педијатар за да знам дали да продолжам со капки, докторот од врата само што го виде ми вика ова бебе нема шанса да има проблем со железо, бебе со слабо железо не е весело, омалаксано ќе е, со подочњаци и бледо, вашето е скроз спротивно. Му направи еден убав преглед, установи дека бебето се развива одлично, дека е силно, и ми рече да ги прекинам капките оти од нив повеќе има мака, се чудеше како можи да му препишат суплементи на толку мало бебе а нема потреба. Не ни му направи крвна слика, тука во Германија за крвна слика треба скраја да е ептен да нешто со бебе. Ми рече ако сакам за мирна глава не е проблем ќе го боцнат ама дека нема потреба, истото и тој ми го објасна за хемоглобинот како иди до пад. Ми поклони и две пакувања ад формула со хидролизирано млеко кои се оган скапи, онака за проба оти му кажав дека навечер не спиеме и на секој час цицаме. И за тоа ми рече бебе добива на килажа, весело е, се смее постојано има енергија, значи млекото му е доволно ама ако сакам да одморам јас лично да му дадам некогаш шише. Ми напомена дека ако го дојам и ако јас конзумирам здрава храна бебе зема се преку млеко и нема потреба тоа да го клукаме со се и сешто освен нели ако е неизбежно за лек. Инаку на 19 септември бевме 5.120 грама а на овој преглед на 12 ноември 6.070 грама, го виде тоа докторот и рече одличен е, на висина качува малце надпросек а килажа нормална, којзнае кај нас што им е нормална килажа. Навика им е да ни ставаат паника во глава и да не тераат да конзумираме се и сешто, фармацевтски бизнис, затоа сме најболежлива нација и се понездрави деца имаме, од многу што се пазиме.
Заспивање на бебе во 11 навечер не е убаво. Нема потреба да се споредуваат деца. Секое бебе си има свое темпо.
@jagoda777 Абе не си прај стресови 5месеци е мојава - 150пати станува, се врти мрда, цица 4-5пати - мн ретки се овие што им спијат цели ноќи / бебиња се не знаат да презаспијат самостојно, го учат процесот на спиење и тоа е вештина
Ама од 11 до 7 не е она " здравото" спиење на бебиња што се бара. Тоа е по 10-12 саати на вечер да сврзува и генерално бебиња го научуваат после 6 месеци, а некои и покасно. Ноќно заспивање во 11 не е баш убаво. Башка секое бебе различно, а и многу менуваат. Истите да ги прашаш за еден месец може да ти кажат дека им се будат на секој саат.
Јагода еве мојата спие од 3 месеци на Ад е, јадач е голем, млеко пиеше над препорачано, следев прозор на будност и си спиеше од 9 ипол - 10 до 7 наутро. Со промена на времето по зимско почна да станува порано кај 5 ипол - 6 ама и да заспива до 8ч.Сите скокови ги помина со две три будења навечер. Сега знае на стомак да се сврти и мм ја враќа и се подразбудува па се расправаме дека она е више 7 ипол месеци па може и да преспие на стомак ако така и е добро. Период имаше кога бараше цуцла и ќе скенка со затворени очи и мм ќе и ја стави цуцлата и продолжува. Сега сама ја става и си продолжува. Почетокот беше тежок ама после 3месеци мислам све има врска и храната делумно( преку ден пиеше многу и сама го исфрли ноќното млеко) и тие прозори на будност и дремки и спиењето во креветче од старт и кој спие до неа со мм се сменивме од 3месеци он е до неа и он ја заспивал. Може све тоа а и детето е такво. Преку ден сум ја заспивала на 45-60 мин и сите начини сум ги користела да спие. Све сум правела најмногу ја читав и гледав др гуднајт и мн ми помага во тој дел. Пробај она што препорачува на нејзиниот сајт некои совети може ќе ти се најдат.
Моите први 2, спиеа од раѓање буквално по цела ноќ без будење. Ептен новороденчиња 1,2м кога беа им подметнував накај 11,12 ноќе цице, млекце и терале до 6,7 сабајле (инаку заспани од 21ч). Е третово ја спиеше цела ноќ до 6,7м. Од 7м се до сега, не спие навечер. Има полоши и подобри периоди, ама цела ноќ не спиеме. Еве ја сега е 15м, пак си станува од 2 до 5 пати и будни сме во 6 сабајле (аларм за на раб не буди). Кога и да ја заспијам е така. Дали рано во 20ч, дали покасно во 22ч, исто е. Све сум пробала Едноставно си се помирив, ќе дојде денот кога ќе спиеме пак асално. Турбо е, мн брливо и активно тодлерче, зборлесто, темпераментно, нон-стоп е во движење, бато и дада свашта ја учат.. па и ноќе се си доживува
Околу спиењево да ви кажам изгледа е и до самото бебушче какво си е. Со керка ми си седевме по цели ноќи од раѓање ни ден спиеше како треба ни ноќ. Ова си фати ред од 3 месец.Заспива околу 20 и 30 најдоцна 21 часот.Пред тоа бањање пие ад и заспива. Се буди во 4 сабајле тогаш цица и одма заспива до 7 сабајле пак цица и крајно се буди во 8 или 8 и 30. Денски дремнува кратко три пати по 40 мин. Еве веќе 5 месеци сме скоро.Исто темпо тераме. Наспиена и одморена како никогаш сум.Ако не се смени понатаму супер е.Инаку се роди 3 килца а на 4 месеци беше 7 ипол кила што напредува супер.. Не го успивам јас само заспива не во креветче туку спие на спална до мене. Кога ќе го испие млекцето му ставам цуцла лажливка гасам светло скроз темно да е го сместувам на кревет и излегувам од спална. За кратко самото е заспиено
Не мора да значи. Моиве си спиеја цела ноќ од раѓање, само за млеко стануваа по 2 пати и малата кога и никнуваше прво запче на 1година се будеше плачејќи од болка, а инаку не сум имала проблеми со неспиење или скокови и такви работи
Кога се зборува веќе за спиење, дали и вашите спијат повеќе во раце првите 3 месеци ради грчеви? Со првото беше хаос 3 месеци само во раце ни спиеше, второво супер си почна со спиење во креветче ама како ја фатија грчеви само во раце успева да сврзе барем еден саат.. Знам дека има светло на крајот од тунелот ама имав некоја надеж дека ќе е подобро со второво со грчевите…
Дали ја 'вежбаше' за да почне да сака да спие во креветче, или едноставно самата си почна да го прифаќа и да не плаче кога ќе е легната во креветче?