Ние деновиве сме хаос со спиење, на секој час станува за цицање а и мрмори кога го заспивам, мешето му кркори па се сомневам од тоа дека е. Жива ненаспана сум навечер
Кога сме кај спиењето, 2ри месец го спиеше убаво, со 3 будења за цицање. Од 3ти месец станување на секој час ипол два хорори . Сега сме 4 месеци и две недели. Станува на секои два ипол часа, полека најголемуваме изгледа хахах. Се помирив со судбината, ќе дојде ден кога ќе се наспиеме Мм вели што побрзо и на второ а јас зомби жива убиена
Пред некој ден се видовме случајно со гинекологот што ми ја водеше бременоста и она ја гледа бебка и му вика на маж ми аиии какви убави бебиња правите вие да ве видам со позитивен тест до наредна нова година пак маж ми цел насмеан ми вика ете гледаш и докторката рече викам рече рече, ако доаѓа она навечер место мене да станува да нишка и да дои
Женски можам да земам гел или нешто друго што би помогнало за непца/запчиња? Бебе има 5 месеци и некако нервозно гризи. Прстов мој ќе го изедеше, а цуцла не сакаше изгледа му е мека. Го фаќа така нервоза и не може да заспие. Можеби нема одма да никнат ама мислам дека го чешаат непцата па да му помогнам некако.
И моево е иста приказна, мн убаво си спиеше до четвртиов скок. Сега секоја вечер ми станува на час и половина или два и само со цице презаспива, ќе поцица минута две и заспан си е пак. Се тешам дека е до скоков, еве нека кажат поискусниве дали ќе се управи после скокот
Ако проодлжиш да даваш цице цело време ќе се навикне така да заспива и ќе продолжи да се буди, па после ќе треба да го одвикнуваш. Стануваат ради скокот да, ама ако им се направи асоцијација дека заспивањето, односно презаспивањето е со цице ќе си бара така и после скокот.
А што да му дајме ако не цице, цела среќа цицка фаќа инаку по весници досега ќе ме пишеше Јас го игнорирам се вртам абре ме клоца со ноџињата, ме корни за коса и сега мрмла во последно, буквално моли за цице. Само што ќе легнам до него се смее и со јазичето го вади, пресмешен е,
Види, јас само ти споделувам што веројатно ќе биде натаму И јас давав цице, и заспивав, а она си дремеше на цицка со саати, ама кога заврши скокот, не заврши и тоа Сега, во ретроспектива, би пробала барем секое второ станување да давам цуцла, да ја гушнам, да ја дадам на мм
Па така кога ја носам во раце и гледа исправено и само одеднаш и падне главчето напред или маж ми кога ја засмејува и тогаш понекогаш
Да ја ставам на меше неколку пати на ден но не сака многу да лежи, скоро бевме на преглед бидејќи така главчето стално го турка наназад и со очите гледа преку глава па морам многу често да ја ставам на меше