Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Beksss12

    Beksss12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2019
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски

    И мојата почна да си го држи така околку 3ипол месеци, сега повеќе го држи но понекогаш само така и падне напред можеби е нормално од умор но секако ќе прашам педијатар
     
  2. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Еве вака некој пример ми требаше:D. Моево бебе заспива на спална со цуце и го тапкам по газе, си стануваше по 2-3 пати за цицање и си презаспиваше ама сега со скоков ме ремети со станувањево. Пробував со цуцла ама не бива или ќе ми се расони или ќе се залаже некој пола саат и пак ќе се разбуди и сега го правам истово што и ти, заспивам и он на цицка си е:D:D.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Се тоа супер ама не функционира тоа во пракса, нудам цуцла и јас го галам го тапкам некогаш ќе презаспие ама ако е решен за цице ништо не помага џабе. Да беше така лесно мажот ми ќе превземеше заспивање, не, мене ме бара, имаме сто пати пробано, некогаш се успива со него ама некогаш. А и мене ми е полесно, со цице презаспива во секунда.
     
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас, дури почна да одбива да заспие кај мм, само со мене со цице. Пробував и јас нешто со тапкање, нишкање, шшкање и се беше претешко, траеше предолго и јас и малава нервозни и се откажав. Да бидам искрена може не бев ни доволно упорна. Ама вака па заспива за 10 минути и на дремки и навечер, презаспива исто за макс 10 минути и јас не се расонувам па лесно презаспивам и решив да терам вака. Ноќе порано се будеше повеќе пати (3-4 некогаш 5) во претходните скокови, периодов се буди најчесто 2 пати(иако вади ново запче) и мене ми е тоа ок да функционирам вака, 7.5м сме. Ќе видиме понатака како ќе тераме. Никое дете не заспива вечно со цице, кога тогаш ќе смениме, можеби кога ќе разбира и ќе и читам приказни, нема вечно да е бебе.
     
    На Трагедијаупмм, Puffy2019 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    5.825
    Пол:
    Женски
    Не е зацврстен тонусот добро, ставај на стомаче колку може додека не почне да плаче. Занимавај, пеј песнички, црно-бели слики итн.
     
    На Трагедијаупмм и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.298
    Допаѓања:
    6.264
    Пол:
    Женски
    Почна ли да се врти од грбче на меше? Тоа е показател дека веќе е цврсто и држи главче. Ако не е прави вежбички да поттикнеш движење. Откако ќе се сврти само на меше ќе сака цел ден така да си игра
     
    На Beksss12 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  7. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.474
    Пол:
    Женски
    На мојов прво вртење му беше од меше на грб и тоа ако не го мрзи, а главата веќе во глобала стабилно си ја држи и разгледува, од време на време веќе кога ќе го фати мрза или ќе се измори па си легнува со главата на мене
     
    На Трагедијаупмм, Puffy2019 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.298
    Допаѓања:
    6.264
    Пол:
    Женски
    Хаха ох браво, обичное тоа движење покасно иде како второ. Твојот подранил :D мојта од грб на меше е цел ден а назад не знае уште :whew:
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.474
    Пол:
    Женски
    Ако ми веруваш по цел ден сме на подлога додека не му се здосади оти господинот сака во раце и да си разгледува и по цел ден само го вежбам да се сврти од грб на меше. Ама инатче мајкино нема јас што сакам, туку он. Ама не му се секирам кога ќе биде спремен ќе си се врти он како сака и кога сака
     
    На Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.298
    Допаѓања:
    6.264
    Пол:
    Женски
    Да бе има време до 6месеци читам е тој milestone
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Бебето ми е 3 месеци. Второ дете ми е. Значи немам 100% време да се посветам на него. Од кога се роди не го држев толку многу. Си спие во креветче за разлика од првото дете. Сега за сега е ок барем тоа. Ама луѓе кога е буден сака да е постојано во раце. И тоа да го шеташ и да го држиш свртен напред да гледа. Во моментот кога го легнувам абе вика се дере одвај пелена мењам. Не сака ни во релаксатор ни на подлога. Неможам до вц да отидам од него. Првото дете не беше такво , си ја легнував на подлога и давам играчки и пијам кафе на раат. Ова ништо не го занима ни играчки,тропалки ни бејби Џим. Се Љути се тегне одма во секунда штом го спуштам. Последниов месец е така. Си викам ајде може скок ќе се оправи ама неее. Не се издржува више почнаа зглобовите на раце да ме болат.
    На меше исто не сака. Одма плаче. Чаре незнам дали има ама морам да се пожалам.
    И ќе кажат така сум го научила. Напротив баш немав толку време да го држам како дојде до ова незнам. А неможе да не го земеш коа плаче зошто ја крева цела куќа у вис.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.298
    Допаѓања:
    6.264
    Пол:
    Женски
    Ќе си го држиш и мојата си е така :inlove: на мајка главна да биде само она во центар пажња. Сега на 5месеци се заигрува со тропалки, играчки на подлога до пред еден месец иста беше како твоето
     
    На Guns N` Roses и Ena0310 им се допаѓа ова.
  13. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Кај мене цуцла воопшто не сака, и кога беше новороденче не фаќаше, сега па ич
    Значи морам цице. Само што приметив последниве неколку дена ако не е гладен само го вртам на стеана и ќе го потапкам по газе и ќе си презаспие.
    Ако решил да цица ништо не помага освен цице.
    Така да што сака тоа. Не форсирам ништо сеуште се малечки за да им диктираме како треба.
    Ако не овој скок, следниот пак ќе поремети нешто така да се водам според неговите потреби
    Ние спиење после година две :D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Тоа е, све правам со него у раце. Сабајле мачкав палачинка со крем си ја брцна раката у кремот (facepalm):rofl:
    Уште на шоља што не сум седнала со него.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    846
    Пол:
    Женски
    И мојата е иста. Почна некаде од 2ипол месеци да сака нон стоп во раце и свртена напред да разгледува :D Сега сме 5 месеци уште е иста само некогаш успева да се заигре 15 мин на подлога или во релаксатор. Останато време во раце или цело време ќе кенка. Рацете и грбот ми се за ремонт, 8,5кг е. Се надевам нема да е уште многу време вака
     
    На Надеж♥️ и Ena0310 им се допаѓа ова.
  16. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас викам уште лесен е ама како расте бетер ќе биде. Се надевам ќе почне да разбира повише па да се занимава малку. Го шетам секој ден надвор по 2,3 саати барем да одморам раце да изморам нозе :rofl:
    Ама сега зимо иде на вакви врнежливи денови што ќе правиме (facepalm)
     
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    8.468
    Пол:
    Женски
    Моево месец ипол е, таков е исто. Земав марама за да го врзам и да го тегнам со мене, ручек нема шанса да направам а имам дете гладно од школо што доаѓа. Вчера ја пробав марамата, накај мене завртен се нечка, а напред завртен сакаше. Барем рацете да ми се слободни.. Тој муабет ти си го научила е дебилен извини вака, толку мало бебе не можеш да го научиш ништо, ни па да го спречиш нешто ако му се прави. Еве го спие 3 саати без престан, ќе ми рече некој разбуди го нема да спие вечер. Аха, тој вришти додека не го презаспијам и не отспие колку му се спие и тоа е. Вчера со мм се расправав за тоа, бебето плачело сакало само кај мене во раце така сум го научила. Па земи ти чувај го одучи го. Свашта :@
     
    На Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.532
    Допаѓања:
    18.204
    Пол:
    Женски
    Ќе се помириш со тоа дека детето си е такво и ќе тераш. Исто е и моето, дури сега почна да поседува во креветче, релаксатор колку да одам до тоалет и да јадам.
     
  19. StelA13

    StelA13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2016
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    34
    Здраво мајки ве молам за помош
    Бебето ми е 40 дена сакам да прашам кои актовности ги правите преку ден.
    И покажувам црно бели картички и пуштам детски песни да и пејам, ја шетам така низ стан и зборам и ги кажувам самогласките ама уштр слабо испушта звуци само ии некогаш, ја ставам на меше ама слабо не сака мнпгу само така врз мене
    И многу ми е проблем шо спие само врз мене не сака ни кревет ни гнездо
     
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.474
    Пол:
    Женски
    Се што треба правиш, уште е мало за било што друго. За спиењето на тебе пробај да легнеш бебка до тебе или на рака да ти спие, барем ти одмарај и моето првите 2м само во раце преспиваше ретко на кревет, сега денски дремки на кревет си ги спие. Кратки ама на кревет се.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.