Не земав марама зошто имам ќенгур од првото и во него не сака. Инаку знам дека е дека без веза муабет, зошто баш не го "учев" . Он мене ме учи хахаха мали се и сакаат близина. Ама ете се пожалив дека првото дете нормално сакаше во раце ама си лежеше и сама уште од мала. Си седеше и во релаксатор и на подлога, ова ништо не сака само во раце. И не е битно кој ќе го држи важно е да е во движење. Ама најголем дел од денот сум сама со двете деца па ме побудалуваат по малку
Да да почна да се врти, но кога ќе се заврти на меше можеби 1 минута поминува и главата ја спушта во подлогата со ништо не сака да се заигра почнува да прета со раце нозе и морам да ја земам
Моето не излезе од трети скок, одбива да цица. Таман се управивме еден ипол месец супер си цицаше, кило качи тој месец, од ноември наваму одбива да цица и многу малку качила на килажа. Од вчера почнав да и давам ад, цица и плаче, а не се молзи доволно млеко за да се нахрани. Ја бара градата, ќе цицне и после тоа плаче се трга, ако инсистирам уште повеќе се нервира. Сами сме дома, нема дистракции нешто што би ја нервирало и би го одвлекувало вниманието, а од шише си пие не плаче.
И моево така прави, цица на затемнето и дури го нишкам малку. Првите 2 месеци качи вкупно 2500 грама, третиот месец само 600 грама. Ама докторката ми рече не е страшно, да не се откажувам цица пред спиење т.е кога е поспан а вечер со цица убаво. Шише не сум дала. Весел е стално не ми личи како да е гладен. И првото исто така ми правеше. Шише не дадов никогаш се доевме 2 години. 6 месеци ексклузивно.
нашите се родени на исти ден, истово потполно шо го пишуваш го прави ме побудале, оваа недела особено, бара да цица, цицнува се трга и плаче, ако пробувам со сила да и дадам вриска се бутка со мене, ја и молзам и и давам и ад плус почнав од минатата недела
Девојки истово го поминуавв и јас. Стресови ми правеше ептен со цицањето. Јас полни гради млеко она вришти. Молзев и од шише давав еднас два пати неделно сигурно. Ама упорна ептен. Навечер кога ќе ми надојдеше млеко повеќе и молзев и правев залихи замрзнати за вакви ситуации. И во моментов имам 5 кесички по 120мл замрзнати како залиха за вакви скандали ама преупорна бев нејкев да и попуштам на ад да одиме при млеко во мене сега после 4ти скок се стабилизира горе доле. Викендов бевме надвор од мк и се префорсира вероватно гледаше мн нови ствари цела беше превозбудена и една вечер ни направи пак така се измолзев 80мл само испи и заспа се смири. кај мене финта секогаш беше да ја дојам одма штом се буди не пред спиење кога е нервозна. Знам вероватно само јас дојам обратно, сите дојат да ги заспијат ама кај нас не функционораше тоа Навечер заспана преку цела ноќ цицаше секогаш супер само попладне правеше вака кај мене најчесто.
Мајки, не можам да издржам веќе со овие стравови од болест. Периодов чувствувам болка во горниот/ средишниот дел на грбот некаде меѓу плешките, и одма под нив, понекогаш се случува и да ме заболи и напред кај ребрата, но поминува. Грбот најпрво мислев дека ми е од лошо држење на телото, од прслуците дека ме стегаат, но ова напред кај ребрата ми е чудно. Си викав ајде од епидуралот ме боли грбот, вчера гледам слики дека боцкањето е многу подолу. Чувствувам и повремени болки во стомакот ама сето тоа фаќа и ппминува, маж ми вика цревата се враќаат во нормала, органи и сл. Вчера забележев дека кога сум лошо свиткана за да и ја држам цуцлата на малата и да и држам раче, ме наболува реброто. Пред малку се сетив дека и во 9ти месец ми се појави ова кога бев настината, со болка во истиот дел од грбот и кон ребрата, но помина, а и препишав на доцната бременост. Се препотувам луѓе паники ненормални ме фаќаат дека е најлошото не дај Боже, ве молам кажете ми дали и вие сте чувствувале нешто такво.
Имаш спондилоза најверојатно и плус детето све во раце и таква болка ти прави земи напи се парацетамол неколку дена по еден грам и мачкај нешто за болка волтарен гел можеш ... Кога можеш снимај врат и рбет. Болка во ребра во бременост има нормално се шират, на крај е најинтензивна, кога кашламе при настинка исто има болка таму итн. Здрава си потполно не си го мачи умот. Колку повеќе мислиш болка се зголемува му даваш таква наредба на умот да мисли на тоа.
исто, навечер успана цица супер, ама преку ден лудува ќе повлече ќе се тргне, тоа млеко шприца она се гази од смеење си гледа наоколу, тотално нема интерес, па ако ја тргнам уште толку вриска, ако ја вратам пак си игра
Да, имам спондилоза, се снимав пред четири години и тоа баш на десната страна, но знам дека врат боли од тоа, а не грб и ребра. Плус сколиоза,не некој огромен степен на искривување ама тука си е. Кога ќе размислам смирено, секогаш нешто ме боли, не дека болката се појавува само таму, понекогаш е и кај јајници, понекогаш во половината, стомакот. Ме толчи, ме дроби самотијава, алал да ви е на сите кои лесно ја поминувате... Фала ти Лејди, ме потсмири. Те гушкам.
Па мислам кај сите нешто има што мачи, само да поминува е важно. Да спондилозата прави такви болки... и така да мачкај гел и пиј за болка ако не се трпи и те нервира и види дали имаш можност за јога, ти треба истегнување и малку дружба. Сакам да прашам една колешка вежбаше онлајн, неможеше да иде физички, па имаше и таква опција за мајки дома.
Многу малку качила на килажа 350гр, а во последно време и понервозна беше, кенкава, на секој саат бараше да цица и преку ден и навечер што претходно не беше случај. Прво почна да ја одбива едната града, почна чудно да ја влече, дури ми ја разрани и давав од другата, почна и од другата истото да го прави. Бара цице, цица 5 минути и почнува да плаче, помислувам дури и нешто да на ја боли, но бевме на преглед систематски докторката не забележа дека и е црвено грлото, си помислувам непцата да не ја болат, но премногу е мала за заби, само што наполнивме 3 месеца. Мајки имам пумпа на авент, многу малку молзам, а градите се полни млеко, едвај молзам 20 мл од двете гради, ќе притиснам тече млеко. Земав денеска и друга пумпа, не е до пумпата исто вади, пак со рака се одмолзев колку да ми олесни на градите. Морав да и дадам ад, плаче, гладна е, кога ќе го испие се смирува, од шише нема проблем си пие. Си мислам штом со пумпата тешко се измолзува може и е тешко да влече, па се нервира. Едно прашање до тие што давате ад. Давам Хип комбиотик 1 и првиот месец исто бевме на доење и ад. Забележав дека кога давам ад кака до 3 пати во денот, некогаш само што ќе го испие млекцето одма после тоа кака и во текот на целиот ден како да има гасови и да се грчи. Дали да пробам со друго млеко и кое би ми го препорачале?
за колку време качила 350 грама? јас и ти цело време се вртиме во круг со истите проблеми, иначе млеко не знам што да ти препорачам зашто и јас земав хип комбиотик 1, не и прави никаков проблем на мојава, ниту има разлика во какање, додуша не ни пие многу еднаш или два пати во денот и давам по 60 мл, некогаш не ги ни пие, пак е 90 посто на цицање. јас успевам и да измолзам за еден оброк, ама не можам повеќе од еднаш да извадам повеќе од 100 мл
мојата 450 за еден месец, сега откако почнав по малце ад, 350 гр за една недела, мене докторкава ми го пофали бебелан да пробаш?