Вториот месец супер напредуваше кило качи само на доење, си какаше секој ден еднаш и грчевите и се смирија, сега како почнуваме со ад пак мешето ја грчи и има гасови. Ќе пробам со друго, еве додека спие само пртка и се витка.
на мојава не и прави проблем, а истото млеко, пробај со друго. јас веќе сум изгубена кој месец колку затоа што одиме секоја недела на мерење, првиот месец имаше качено 1.400, а сега на 3 месеци има качено вкупно 2.700, значи првиот многу и после стагнација, цело време на доење беше, оваа недела почнавме по малце ад, сакам да се вратам скроз на доење, ама искрено ми е малку и олеснување заради тоа што можам да излезам од дома, знам дека можат ад да и дадат а јас имам уште и замзнато млеко
Мамички бебето е 5 месеци, кога го носиме некаде каде што има повеќе луѓе почнува да плаче, не сака во никој одма почнува да плаче, дури и кога е во мене плаче додека сме во повеќе луѓе, штом ќе отидам во друга соба престанува и се смирува, дали некоја се има соочувано со исто на таа возраст
И мојата е 5, исто прави дури приметив после шетање во мол е цела вознемирена или ако ни дојдат луѓе дома или ако одиме негде. Само мене и мм не бара со очи. Денес сме договорени да одиме на ручек кај пријатели и тристс пати помислив дали да одиме или не пак да не влезе убтој муд безвезе ама решив ќе одиме, ќе пробам да и земам играчки што ги сака да и дадам додека седиме и ќе седиме еден саат-саат ипол макс и ќе си дојдеме дома
Моево сака да шета да разгледува но кога ќе одиме некаде тоа е хаос и јас исто се плашам да отидам некаде
Нормално е, сепарациска анксиозност е тоа, се јавува баш тој период. И мојата не сакаше кај никој, ни кај блиски, а камоли кај непознати. Нема да ве утешам многу ама дури накај 8 месеци се опушти, еве сега со блиски нема проблем никаков дури и мене кога ме гледа, е сега со непознати уште не е толку опуштена
Со блиски луѓе немаме проблем ние, но кога одиме некаде каде што има многу непознати се случува тоа и многу му идат сите во лице буци буци и тој уште толку се плаши, мене ми е некако непријатно на секој посебно да му кажувам да не му се доближува толку во лице бидејќи не го познава, нашиот менталитет е чуден и одма си мислат погрешно и почнуваат да раскажуваат што се тие правеле пред 30 години тоа многу ме нервира
Мене ми поткашлуваше бебка и кога бевме на контрола ја прашав докторката да му види ко демек грлце оти кашла и ми речее дека до кај 9 месеци се уште немале "грлце" и не можело да биде тоа. Уствари кај мене со плунка си се засркнува, а сега има и мрсулчиња. Пробувам со носко да ги извадам ама многу малку му извлекувам и пак ми грчка во носето кога диши
Да побарам видеа на јутјуб, затоа што не можам да се врзувам со време. Јогата ти е одличен предлог, таман и малку да се опуштам...
Некој ги перел овие крцкавите платнени книгички за бебе во машина? Дали ќе крцкаат пак после перење на ќерка ми инсе омилени да не и ги расипам
Не знам дали станува збор за истите ние имаме платнени што шушкаат, тие ги перам на брза програма на 30 степени, немаат гајле
Тоа сакав и јас да прашам. Вака му се интересни ама не ми се да му ги дадам непрани којзнае кај биле оставани.
Перете слободно мајки. Не знам по кој пат веќе му ги перам книгичките и мака немаат. На 40 ги пуштам јас.
Јас затоа уште на запознавање пристапувам со "Не сакаме многу непознати луѓе хаха" и доста луѓе си се повлекуваат за да не ја расплакаат демек
Да се приклучиме во клубот на 4 скок. Искрено не верував дека толкава промена ке се случи. А кога поминува? Хахах не си го познавам бебево од мирно бубалче се претвори во права осичка ама како слатко ги шири рачињата се да фати.. Спиење преку ден со многу потршкотии... едвај со лажење но се преморува и тука веќе настанува хаосот. Со јадењето исто се тегнеме да испие млекце колку толку Во врска со вкусовите..За кратко почнуваме нели ист вкус 3 дена, од сабајле. Е сега ме буни нешто.. на 3h пиеме млекце и меѓу оброк да пробувам да дадам или како? Со зеленчук можам пред оброк па после да си допие млекце ама со овошјето. @MariaBouli @Beksss12 @Baby warrior низ истото поминуваме и ние, секогаш кога непознати без осет ке се нафрлат детево се преплашува и плаче.. и скроз нормална реакција е. Ми се има случено еднаш, не изреагирав.. вториот пат се повлеков уште пред да се случи ама народов е без осет и нареден пат ке си кажам да бидат по тивки и да речам по културни
Види пред подој/молзење некако топли облоги да ставиш тетра натопена со топла вода или во шише топла вода па масажа од врвот на градите накај брадавицата од сите страни. Помага за полесно отпуштање. Леле јас обратно правам ,нон стоп со мајка ми најчесто викам колку се сменети работиве ние повеќе внимаваме којзнае дали е добро или лошо тоа... Инаку вакви луѓе јас па обожавам да ,,сечам" Ако зборуваме за истите јас на 60 ги пуштам цифкаат уште
Хахха јас бегам од ситуации, мм ми вика еее што будала си што ќе направат. Плаче се плаши исто од др луѓе, ама на некои им се смее мислам некоии што и се помили така кога ќе и се насмеат. Знае дете хаха нешто препознава. Иначе мене ми рекоа, станува млеко даваш спие па после станување да дадам доручек. Мене ми јаде така, на сестрами внукава не беше баш јадач па стануваше и даваше одма доручек. Па после спиење млеко. Вкусови пробуваше секогаш вака после прва дремка, тие што не се алергени ако земев кашичка јаболко два дена и ја изедуваше мојата, после круша два дена, прв ден 5 лажички, втор ден ја дојадуваше. И така неможев све по 3дена. Банана давав три дена пример не ја сакаше мн. Почнав да пробува овошје после зеленчук па житарици и сега доручек имам. Сега почнав и ручек да давам, денеска малку со плачки изгледа погладна беше и некако не и се полнеше желудникот со кашата и почна да плаче па да кашла па да зајдува и остаев каша и млеко правење и го испи со солзи и така неуспешно прво давање ручек.
Тоа сакав да чујам, педијатаров ми вика по 3дена пробување намирница на почеток… мене ми е некако споро тоа темпо за да и дадам се … зарем има деца што покажуваат алергија на јаболче, крушка, тиквичка… овие првиве намирници? Си викам по два дена доста е и да и менувам за да од 6ти месец на средина може да почнеме со житарки и воведен доручек