Ива последната дремка повеќе од 30 минути не ја оставај. Ако и натаму не бива исфрлете ја третата дремка. Пресметај колку ти спие вкупно во 24ч, значи ако спие 4-5 саати преку ден, остануваат 8-9 за ноќно. Мора да и го најдеш оптимумот и ќе жонглираш.
Фалаа ти, ова значи од 3 декември дека почнува до крај на год од прилика ? Ја па сирота мислев моментално проаѓа низ тој скок.. не знам шо и се дешава моментално пошо очигледно не е скокот
Од 03.12 до 06.01.26, ова е по краен термин а може по датум на раѓање да почнал па затоа да ти е таква
Мајки да прашам дали користите кенгур-ергономска носилка за помачи бебиња, моето уште нема 2 месеци се мислам да земам да користам кога ќе направи 2, раце ми паднаа веќе па сакам да прашам дали освен тие на oxymamy ќе препорачате нешто друго
Дали во третиов скок бебињата ви се повеќе поспани? Од денес е 11та недела, од вчера почна да има пократки прозори на будност, ќе поседи 45-60мон макс и пак заспива. И кога е буден ќе се посмее првите 5-10 мин и после е кенкање цело време за спиење?
Јас го земав на Free On кенгурот 2in1 бидејќи ретко го ставам не сакав да дадам многу пари за кенгур искрено oxymommy ми беше скап. Амаа препорачан е за 4+м. Евентуално и на chico да ги видиш кенгурите во енци менци ги имаат
Јас го земав овој на Chicco Easy fit carrier, не ми се фрлаа многу пари за кенгур затоа што не знаев како ќе го прифати, еден куп работи изнакупивме што не ги ни погледнува. Првиот пат плачеше кога ја ставив, по неколку дена пробав пак и полека се навикна, седи во него свртена со лицето нанапред сака да си разгледува. Мислам дека е многу мало два месеца во кенгур, ако е свртено со лицето накај тебе мислам дека може. Моето е три месеца, го држи главчето исправено, но сеуште не ја остaвам подолго време 10-15 минути максимум.
Девојки, бебе има 2 месеци и една недела. Ноќното спиење е обично 19-20ч и така ќе си затера три-четири саати ама после секој саат се буди, цица и си продолжува. Како да го смениме овој начин? Бар два пати да врзе по три саати, ова вака хаос. Башка шо си цица убаво, па он си продолжува, а јас се клатам низ соби уште 20тина мин да ждригне.. и уствари јас не спијам
И моето така прави, сврзува 3 4 часа па после на секои 45 минути до сабајле. Првиот дел спиј што ќе спиеш после Господ на помош. Првото ми беше само на доење, се будеше исто. На ова ад му давам навечер не спојува повеќе. А може се и мали уште, таква им е возраста сега. Натака може да почне да спие, а може и не. Како и да е, почекај барем до 4 месеци за некоја акција да превземеш, сега не спиј, не си сама..
Од раѓање е таква мојата … сега во четврти скок бетер…влеговме во 5ти дабетер пробав и јас секакви ситуации и опции.. такво си е детето сака да ме осети дека сум до неа ќе цицне ќе продолжи и тоа е тоа. Ќе пораснат ќе сменат сега ќе си бидеме ненаспани некоја година … јас се помирив да не ми е уште потешко
сите бебиња истото го прават. и мојата исто 19-20 заспива првото и е долго спиење докај 12-1 и после веќе не бројам колку пати станала
Какви играчки користите за бебиња од 3-4 месеци? Дали освен подлога со висечки играчки, тропалки, глодалки, шушкави книги и картички, нешто заборавам?
Не се замарај толку. Самото ќе покаже што му е интересно. Понатека поинтересни ќе им бидат влажните марамици и бебешкото уље можеш нешто што светка и свири некое играче тие им се интересни. Вака нешто ние ова го имаме.
Viseckite igracki gi saka I mu imam zemeno od jumbo meki sateni tropkalki I od loko kroko za poklon eden miki sto mu sviri I svetka stomaceto. Sega za sega mu se intetesni
Ја имаме жижи музичката жирафка ептен и се радува пошто ја сака песничката, омилена тропалка и е онаа кружната од дм, сите бебиња мислам ја имаат , жирафката софи исто големата ја доби на поклон си ја глода и си свирка со неа низ рачиња, водена подлога со рипчиња за на меше, мојата мн се радува на рипчињата ги стиска да и пливкаат и триста други шушкавки книги ептен и се омилени
Можеш и од силиконската топка со дупки, сега ќе почне повеќе да фаќа а таа е лесна за манипулација. https://www.babycenter.mk/free-2-play-silikonska-topka-1179699.html
Мајки на новороденчиња: бидејќи препораката е кога сака, колку сака, 12 до 18 подои во 24 часа .... како знаете дека е гладно, а не дека го чеша нешто, на пр?
Па кај мене се врти за цицање, ја бара градата да цица. Погласно плаче за јадење и за спиење, ако ја боли нешто поинаква е плачката, ако има грчеви не плаче туки вришти целата се црвенее, зајдува од плачење.