Здраво, сакам да прашам дали уклучувате блендер појако брчи малку, или миксер појак(робот) пред бебињата? Моето е 3 месеци уште не сум уклучила пред него, мислам дека е многу бучно, да не му штети на слухот. Ни иде слава морам да сработам нешто, па да прашам Ова прво дете па за се нешто не сум сигурна може за некого е смешно прашањето Фала Убав ден мајки
Јас во друга соба се затворам. Спиеше и знаев дека ќе скокне. За ако е будно и далеку, не верувам дека би му штетело..
Дека му штети не е проблем, ама реакцијата зависи и до детето. Еве мојата на 10 месеци од Нутрибултет (тој е па ептен гласен) плаче. Правосмукалка, блендер не реагира
Јас со првото така правосмукалка кога пуштав баба и ја зимаше кај неа во соба ден денес бега од правосмукалка А сеа бебе заспива со правосмукалка.
Па да и тоа, освен слухот и сигурно ќе се плаши, ама подобро сега да почнам да уклучувам и да се навикне, не ми текна па и дека кашички ќе треба секој ден да му правам ќе мора да се навикне
Пуштам пред неа без проблем. И усисавам пред неа и блендер. Првиот пат како поголема будна дур беше кога пуштив правосмукалка се исплаши ама почнав да се смешкам да и викам нешто игриво и се навикна. Сега уште сме во процес на навикнување да не се плаши когс ќе кивнам силно хах. Се стресува ама почнувам да се смеам на глас и продолжува и она да се смее да се радува. Такви се бебињата, секој страв им се губи ако видат позитивна реакција кај родителот
Ние Користевме BiGaia, но само во првите два месеци мислам. Потоа се регулираше дигестијата и престанавме, речиси 5 месеци сме сега. Без задоволна од овој пробиотик и ми ги препорача hebamme
Мојата е преплашлива од прв ден еве 5ипол месеци… се плаши од кивање плаче ептен, блендер, миксер се тоа се плаши… вонресторан каде се собираат виљусшки ножеви тањири гласно чукаат се стресува ептен не знам до кога ќе трае ова ама мн е тажно кога ќе се исплаши. Мајка ми пред некое време згужва пластично шише за во канта … не можев да ја смирам 10минути сигурно
Јас пуштав пред нејзе се и немаше гајле, од некни ко ќе уклучам правосмукалка почнува да плачи да зајдува. Денеска дури и од машинката за нескафе почна да плачи... многу е нервозна и не поднесува ништо засега ќе видиме понатаки дали ќе смени
Правосмукалка пуштам друго не сум имала потреба. Ама од мал е научен на јак звук конкртно на свирката на возот. Каде што живеам има пруга и често проаѓа воз и кога свири како дома да ми е . До сега нема пројавено некој страв од звук,,, за понатаму ќе видиме.
Имаме и ние подлога со висечки играчки ептен им се возбудува интересни и се. Сега почна и да фаќа ама не може од нив зашто доста високи и се и се нервира. И давам различни играчки ама вчера пола саат ми се играше со БАНАНА. Значи која среќа јас и ја мафтам бананата она и со раце и со нозе мава Пола саат никогаш не ми се играла без да плаче ова бананава испадна најинтересна.
Додека спие ако вклучам нешто ќе се исплаши да. Дури ако зборнам готово очите џамлии. А вака не, пушам и миксер и блендер и правосмукалка. Она и си спие со white noise. На пример јас сум пробала миксер да го сецнам два пати па да го пуштам скроз за да не и дојде од еднаш шок
Tummy time на подлога, вежби, го вртам ко демек да го учам, траскалки и глодалки во рака, висечки играчки да ги фаќа, музика пееме и играме
Здраво мајки, имам проблем. Од како почнав да им давам кашички едното бебе одбива млеко. Нормално е да јадела ноќеска во 1 и 40 150 мл и сабајле во 7 да не е гладна. Видов не видов и дадов кашичка и јадеше. Друг проблем, будна не пие треба да ја заспијам па после да и дадам млеко. Што може да е. Има 6 месеци.