Вие што имате искуство со молзење. Вечер сме на прослава ,сакам да носам молзено (иако до сеа никогаш не пиела од шише) да не морам да излегувам надвор е сеа денес треба да го измолзам ,дали преку денва да биде во фрижидер па после да го извадам и ставам во ранец е ок после за давање или како да направам ?
Мене ми беше кажано дека на собна температура молзеното млеко трае максимум 4 часа. Можеш да го ставиш во фрижидер откако ќе го измолзиш, и после тоа да го даваш (без да го притоплуваш, евентуално може во топла вода да се стави шишето, ама и нема потреба, ако го оставиш некое време на собна температура ќе биде ок). Претпоставувам и тогаш важи тоа - максимум за 4 часа да го дадеш.
Го молзиш го ставаш во шише во фрижидер позади не на врата или полица напред. Пред да излезеш го земаш со тебе и го даваш за 3-4часа максимум. Додека стигнете на гости сигурно собна температура веќе ќе дојде нема да треба да го топлиш.
И јас мислам нема да ти прифати шише ако не пиела до сега. Дој си ја и таму. Јас така сум правела ќе се тргнам на страна или во кола ја дојам. На свадба и на роденден бевме до сега така правев. Ич не ми е ни глупо веќе од други луѓе, градиве не ги осеќам дека се мои туку ко да се нејзини.
И мене ич не ми е глупо, нормално ќе си се наместам да не се градите на мегдан. Ама како што разбира се повеќе, се потешко и потешко е доењево во јавност да речам.
Мојава пие од шише ја оставам еднаш два пати неделно со татко и попладне од месец дена и си тера. Дури кај мене знае да плаче на цице сум пишувала па морам да се измолзам па од шише да се најаде … ова се случува барем еднаш на две три недели … како расте се поретко кога беше помала почесто правеше спектакли еве денес направи вака попто ја терав да јаде компир се наљути ептен и кога ја ставив на цице почна да плаче јако и да се тегне цела со револт… се измолзев испи 100мк и се смири понекогаш си мислам и дека така од мала шише цице и се збунува па бара од шише … не било често еднаш два пати неделно ама ете се случува
Не е за разичарување ,за полесно мислев ама со двете сама дома се преценив дека ќе успеам и да измолзам. На крај измолзив 40 мул и заборавив да го ставам во фрижидер и ништ утре за купка ќе и биде Вечерва ако посака ќе се криеме негде.
Нема да се криете, со гордост си дојам ќе си земам столче ќе си го свртам наопаку или настрана и си дојам со љубов пред некоја недела бевме на еден роденден во игротека и прашав дали имаат некој простор помирен позади за да ја надојам и девојката на шанк ми рече во вц на шоља најчесто одат си излегов во кола си влегов, си ја надоив и се вративме за 10мин. Никогаш нема да разберам жени што дојат во вц, моето дете јаде…
И јас тоа не го разбирам, исто како возрасен да седне во вц да јаде. Јас без проблем ако нема каде си седнувам со една пелена се покривам и си цица детето. Не е ништо срамно да си го раниш детето
Озбилно муабетов? Мислам, ако некој од тука го правел не се навредувајте, ама goddammit зошто? Еве ако немаш кола, сигурно можеш некое ќоше да најдеш. Башка и на сред маса според мене не треба да е проблем, ама разбирам. Ама вц?
Не знам зошто е толку табу доењето во јавност. Мене секогаш ми изгледало преубаво и пример за прекрасна релација помеѓу мајката и бебето и никогаш со чудење не сум гледала на тоа. Да ставиш тетра пелена океј за себе ако се осеќаш нелагодно ама на другите не треба гајле да им е. Кај сака кога сака треба бебе да цица и никој попреку да не ги гледа а камоли нешто да рече.
Се гушкаме и бакнуваме цело време, мојот од многу мал почна мн да се смее, немаше ни 40 дена, сега обожава во очи пред него да го гледаш и да му зборуваш, абе не можам да ви доловам колкав смешко е, се буди и уште очињата неотворени се смее, обожава на спална да лежиме и да се смееме. Инаку и во релаксатор седи па го ставам кога готвам или чистам, купивме онаков од џои серина, сам што крла со музики со вибрации со триста чуда и забавно му е. Ако ви седат бебињата во релаксатори ова е совршено Сега планирам подлога да му земам ваква, поголем е ќе се занимава.
Јас пак ни тоа не сфаќам што покриваат со тетра пелената, ионака од бебе не се гледа ништо. Јас секаде дојам, ама буквално нема место каде што немам доено. Во амбасада, во авион, во полиција На сред корзо, во ресторан имам доено ама се свртив настрана со столче, не се осеќав лагодно поинаку.
Како некој со Ф корпа цицки си ја покривам цицката, затоа што брадавицата може не се гледа, ама се гледа МНОГУ цицка, не може бебе да ја скрие Ама јас само цицката ја покривам и тоа почесто со блузата отколку до пелена, бебето не го покривам под пелена.
А не ,не мислев на буквално криење ,со големата да бегав во кола. Ама со ова не ,само еднаш излегов во кола пошо во ресторанот само на нашата маса беа жени Инаку обично барам ќоше за да седнам свртена со грб и и тоа е ради мм јас и на маса би ја доела Ама сега е во фаза кај шо се и е поинтересно и кога ќе зборне некој пушта ама среќа имаше како ходниче со маси па не беше толку гласно супер поминавме Еднаш мм ми предложи во вц да дојам му реков тој да си јаде таму
Ни јас не се покривам веќе. Се покрив еднаш во авион кога ја доев и дека тесно еден не не виде дека се доиме и ми го удри по глава бебето со куферот. Затоа не се покривам веќе. Инаку и јас скоро секаде, на сред прошетка на клупа, на аеродром, во авион, во ресторан.
Мене не ми изгледало никогаш убаво доење во јавност не знам зошто…. Сфаќам бебето јаде ама сепак не знам непријатно ми било. И јас не знам како би се опуштила здравје во иднина ако дојам, не сакам пред луѓе. Грдо ми е дури сега си размислувам баш здравје за месец треба да се породам и дури не сакам да дојам ниту пред мајка ми па и ниту пред сопругот а тоа е невозможно
Кога ќе почнеш да доиш ќе гледаш поинаку на тоа верувај, ќе шеташ со дигната маица по дома нема да те интересира ни маж, ни мајка дал се тука само бебе да е сито.