Ќе ти се смени мислењето доењето е исто како шише со ад … хранење а некој од машки род ако го сексуализира чинот ич не ми е гајле. Јас сум убава и згодна мајка ама откако сум породена градите не ги гледам како моја убавина и женственост туку како извор за развиток на моето дете. Дојам секаде, во парк, во кафич, на клупа, во мол, сегде… исто како што и јас јадам сегде. Цел свет е со кампањи за доење во јавност само кај нас покриеваат дете со тетра да не може да диши… летоска па на плажа кога ќе ги видам со пешкирите на жешкото
Мртва ладна да … имам индругарки што бараат вц за доење кога излегуваме мн пати сум зборела со нив … ама ете
На тоа мислев. И јас сум со Ф корпа и цицката ја покривам да не биде ептен на изволте оти бебе не може ни брадавица целосно да фсти а камо ли цицка да не се гледа.
Какво доење во wc Па колку се чисти тоалетите што да расправаме... Бебето пред се, си го дојам во јавност, ресторан, кафиќ, парк, на гости... Каде и да посака. Ставам марама колку ете некоја приватност и чао. Нека биде непријатно на тие што знаат да зборуваат, моето бебе нема да биде гладно или пак да пикам во разни тоалети да јаде никогаш. Зарем ние би јаделе во некој тоалет? Зашто тоа малечко тогаш да биде така третирано Туку будни прозори во 5 месец колкави се? Колку дремки имате? Претпоставувам дека се зголемуваат будните прозори сега... Почнавме 5ти месец па да знам за некој ред. Пред некој ден се чудев како е буден 3 часа аларм одма во глава
Скокни па речи оп . Имаше едно meme вака нешто гласеше: Postpartum is just crying with your boobs out. И јас мислев дека ќе ми е непријатно ама искрено ич не ми е, па од маж ми да ми е незгодно не можам да замислам.
Од маж ми секако не ми е, што ми е многу чудно дури и од татко ми не ми е (а таква конзерва човек не сте виделе), во јавност исто не ми е (еве признавам не ми е НАЈпријатно ама кој ги шиша луѓето). Ама пред свекор и свекрва нема шанси. Инаку се согласувам со натурали дека многу перцепции ќе ти се сменат
Има. Еве ја сега сама си легна да спие, а сакав да не спие денес за да си легне вечер во нормално време . Почекај значи уште една година и после ќе биде полесно . Во количка надвор во возење некогаш заспиваше подолго..ама шом застанеш се будеше. Во раце нон стоп ја држев да спие, ама кај тебе не е изводливо така. Буквално ни на мочање не можев да идам од неа. Не смеев да мрднам. Јас не знам дете да успиев и да зафатам нешто низ дома, одма значи само што ќе ја легнеш и ако се поместиш ќе се разбуди. До три месеци и фаќав раце со тетра голема и така успеваше понекогаш. После тоа само со контакт од мене или татко и. Јас и пуштав бели звуци и темнев соба кај спие. Ама и тоа не помагаше секогаш. Моето реално после година ипол почна да спие и сврзува, до тогаш се на штрек бевме. Едно ќе се подобри, па друго ќе почне и така. Ај да се живи и здрави. Јас кога ќе паднев веќе од умор, ја давав на татко и,.земав таблета за спиење и спиев, за да можам да издржам после пак една недела до десет дена.
@SanelaS @jolene Кога ве прочитав мислев сум во темата Македонки во Германија, си викам како сега се префрлив таму хахаха навикната сум повеќе таму да ве читам
Зошто па од сопругот ? Јас вака мислев од брат ми дека ќе ми е незгодно. А помал е. И само еднаш јас си ја доев тој дојде од негде и седна до нас... ко најнормално нешто да е и јас не скокнав да бегам ко нездрава и така... А покривање со тетра не знам ,еднаш така на роденден бевме и бебе мало ептен го пори абе зајде од плачење и од тоа кога го видов јас не ни пробав да покривам
Иста беше мојава до кај 5 месеци, после почна магично да си ги продолжува дремките. Јас си мислев вечно ќе трчам да пробувам да ја презаспијам, многу ми беше стресно ама ете смени сама откога продолжи прозори будност. И сега (7+++) уште знае некоја дремка така особено во скок или ако е престимулирана, заби ако вади ама не е секоја, порано буквално секоја дремка и беше така.
Нема што да биде грдо и неубаво, да не сме требале да доиме немало да имаме гради. Буквално непотребни за живеење и без нив се функционира освен што требаат за храна на децата. Така да тоа е тоа. На балканов посебно мн се сексуализира и затоа жените се криеле срамота, ама мене сосема нормално ми е, чак што више не ни загледувам жени за да не им е непријатно. Да би доела, би доела сегде без криење, за да научат и децата во околина од помали дека тоа е нормален процес, да не им се ствара некоја чудна замисла и одбивност.
Има драга еве сме и ние. Знае да сврзе повеќе ИСКЛУЧИВО ако спие на мене. 5 месеци сме и скок не фати и се. Протестира со јадење, ако тропне нешто веднаш се врти да види што е па ајде молење од почеток да продолжи и така
Види како и да е ќе имам моменти кога нема да ,,иде " еве воспоставено доење од раѓање капка ад нема испиено од 4 .5 месеци чим шушне негде нешто пушта дојка и гледа што шушка . А ни можам ни имам намера секое доење да се затворам во спална ,посебно зимово а и покрај нас имаме дадана која што не можам да и кажам не смееш да збориш ,играш пееш за да цица. Татковците треба да се присутни и да бидат поддршка а не да се криеме од нив а и секако не виделе веќе голи . Е кога би имала свекор и татко живи од нив знам дека ќе се тргав ,некако ете како авторитети би ми било срам не сексуализирано. Ќе видиш во пракса е многу различно.
Девојки ај да симпрашам за мислење.. бебе има два ипол месеци, вчера прв пат бевме цел ден по гости. Кај една баба па кај друга баба надвор од Ск. Таму внуците ми беа, гви, галама, пат од еден саат..малку спиеше и вчера заспа накај 22.30 и ок ја поминавме ноќта.. ама денес стана во 8 спиеше пак од 9-11 и после 14ч еве го уште спие.. цицаше во 4 мислев ќе стане ама си затера.. ми е страв да не е изладен од вчера или е само изморен? Не врзал вака 5 саати ниеднаш до сега... полудувачка, незнам шта са собом
Ништо страшно. Променило рутина и најверојатно се изморило па сега повеќе му се спие. Ако си јади нормално како до сега, се понаша нормално, се е ок. Загрижувачки е само ако тешко ти се буди, ти одбива храна или има температура.
Па еве стана пред 7, цицаше, се смее, гуга, го бањав и сега пак заспа. Значи прозор на будност неполн саат.. фала ти на спветот, ќе видам ноќва како ќе помине..
Мене лично не ми смета доење во јавност, си дојам кај стигнам. Единствено кога сме во друштво, не гледам причина зашто да ја извадам градава пред другари на маж ми, па фино лепо се вртат сите и јас си дојам, секако 5 минути трае. Ако сме некаде седнати, си одам на некој стол си се вртам и дојам, никој не ми рекол во вц да одам кога сум побарала каде може да ја дојам, еднаш во Охрид дури ми рекоа да влезам во куќата ако ми било поудобно така, да сум се раскомотела. Пред жени секогаш и секаде сум вадела града.