Бебе уште малку ќе прави 4 месеци. Малку се загрижив. Веќе некој период не гука, а гукаше по малку. И до сега 2-3 пати се има насмено на глас… нормално ли е. Вашите како се на 4 месеца?
Мислам е нормално оти и кај мене е истиот. Сега веќее си го знае гласот и не гуга толку многу друго го интересира. На глас исто неколку пати се има насмеано верувам во иднина ќе почне почесто
Да има еден период кога прекина и мојата па после почна цели слогови да вика по цели денови … ааај … баааа… аааа … бррр уста не затвара
Не знам кај да го поставам прашањево, ај да си ја пробам среќата тука. На ортопед сме кај Тони Талески, ама мм ме откачува сама да одам. Каде има таму паркинг што е блиску и има место, каде се паркиравте вие? Според мапата е во Капиштец, така?
Не, од спротивна страна е. Можеш да се паркираш на катната гаража кај Капиштец, и да преминеш улица кон Теодосиј Гологанов. Ние се паркиравме баш пред ординацијата, ама бевме навечер, околу 7, ни даде да ставиме картонче на брисачите за да не ја дигнат.
Мн е лошо за паркинг околу и ние тука околу на зонско одвај најдовме имаше некои се паркираат на тротоар на кратко ама ризик е
Како што ти пишала Пафи, катната од другата страна ти е најсигурно. Ако нема во катната место, ќе побараш во Беверли
Девојки Ја има ли некој табелата со овошје и зеленчук за почнување на вкусови? Планирам од следната недела да почнам со вкусови (синко веќе неможе да издржи на се отвара уста ) Незнам со што да почнеме и што смееме да даваме
Мајкички дали вашите бебуши преку ноќ кога се разбудат ги дигаат нозете двете во вис и потоа силно ги спуштат и двете и тоа го повторува многу пати.Ние сме 5 месеци од коро ми прави вака
Така заспива, ги треска нозете еве и на 10 месеци. Тоа им е механизан за само смирување, ништо страшно
Прво мислев мака има бебево нешто мислев стомаче го боли па ги дига така а гледам дреме и прави така.Ама расположено бебе нема некои знаци да го боли нешто па викам да прашам
Мамички вие кои веќе воведовте или поминавте со вкусови. Дали почнавте со давање водичка веднаш и дали има промени во столицата (боја, густина) До сега сме на ексклузивно доење и да знам дали да очекувам некои големи промени во столицата First time mom