Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Очекувај промена во изглед (нема веќе толку течна столица), бојата зависи најчесто од тоа што сте јаделе (пр зелено од спанаќ, портокалово од тиква или батат, жолтеникаво со црни како мали врвкички од банана итн), а и мирисот е различен :lol:
    Јас почнав со водичка неколку дена по стартувањето со вкусови.
     
    На Guns N` Roses и 1RedLipss им се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.017
    Пол:
    Женски
    Да, и давав вода ама додека се научи да пие помина доста време :D
    Има промени во столицата потврда е и во мирисот исто има промена. На почеток додека се навикне може и запек да има. Јас кога ќе приметев така следно давав слива и круша. Во зеленчуковите каши и ден денес ставам малку маслиново масло а во овошните кокосово масло.
     
    Последна измена: 2 декември 2025 во 22:48
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.314
    Допаѓања:
    17.877
    Пол:
    Женски
    Мајки ние сме 3ипол месеци, знам дека 3-4 месец се јавува регресија во спиење.
    Последниве 3 дена забележав промени во однесувањето на бебе навечер, а во текот на денот си спие нормално, обично имаме 4-5 дремки со прозор на будност час, час и половина.
    Вечерва од 20часот три пати се презаспиваме, кај 23 часот последно презаспивање, отвори очи и гуга се врти на едната па на другата страна, крева перници, ми се смее, се труди да гуга нешто ново и пуштам бел шум, ставам цуце, ја галам и затвора очи ама продолжува да се врти во спиење, главата да ја врти, нозе крева, спушта, па да заплаче во сон и така 40 минути додека се намири и конечно да заспие мирно без вртење. Исто е и изминативе два дена, лесно спие, отвара очи, па во текот на ноќта пак знае да мрда, да се врти, ќе ја гушнам и престанува.
    Како го поминавте вие периодот на регресија во спиење??
     
  4. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    2.240
    Пол:
    Женски
    Мајки
    Дали можеби можете да споделите искуство околу ласерско сецнување на подјазиче кај бебе?
    Ми ја предложија максилофацијална на клиника, па ме интересира како е тоа поднесено од бебе?
    Сигурна сум дека ќе го боли.... Дали се прави со анестезија ( претпоставувам локално ко на забар со спрејче) за колку време заздравува, дали се има јавено проблем после околу јадењето, на која возраст го имате тоа направено, како воопшто бебе го седнаа на стол за тоа да му го направат?
    Преѓеска педиатарот ни кажа за тоа ама јас сум исплашена колку и да е рутински
    Бебе е 4 месеци и колку порано толку подбро било.
     
  5. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Колку трае лошата фаза на 4 скок? Среден е со се. Најадем, пресоблечен, бањат. Секоја вечер се трудам во исто време да го заспијам. Денски го следам да има доволно дневен сон. Спие по 4-4.5 часа дневно. Последна дремка ни е до 17:30 најкасно да е буден. И пак ноќното спиење ни е катастрофа. Веќе 2 скоро 3 недели на ноќно нема врзано повеќе од 2.5 часа. Ноќеска од 22:30 до 2:00 3 пати стана. Од 2:00-6:00 уште 3 пати и тешко презаспива. Се осеќам како само физички да постојам психички веќе ме нема
     
  6. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.050
    Како што ви кажал педијатарот, колку порано толку подобро. Многу кратка процедура е, мислам вакциниве повеќе ги болат одколку сецнување со ласер :).
    Ти ќе седнеш прво на стол и ќе си го легнеш на тебе бебето.
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    5.072
    Пол:
    Женски
    На средина на 5ти скок сме за некој ден пола годинка… секоја вечер ни е различна некога станува секој саат некогаш на два али повеќе од тоа не сврзала од кога е родена. Пред 4ти скок знаеше по 3саати да сврзе неколку ноќиначи тоа е сега во далечно минато. Исто секој ред и е фарен заспана меѓу 19-20h / нас ни се споиа 4ти и 5ти скок и јас веќе вака терам 2ипол месеци. Сабајле ококори очи во 5:00 па заспа во 7:10 се разбуди во 8:45 и еве ја сега пробувам да ја успијам ама нема абер ми се смее :drunk:
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.034
    Сакам да ве прашам за новороденче и вреќа за спиење: дали треба да биде потстегнато со рачиња и ноџиња како фишече или лабаво да може да ги движи?
     
  9. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Јас мислам тоа сепак зависи до детето. Од прв ден е со слободни раце, нозе и еве така спие со раце нагоре. Нема шанси да го врзам. Ако се плаши бебе кога ќе мрдне со рачињата пробај врзи го ако спие така мирно така терај а ако не му пречи не се штрецка тогаш остави го слободно.:) ама ова е мое мислење не значи дека е правилно :)
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет... бебе сака цело време во раце, до мене, на гради. Некако спонтано се случи првите дена, при обиди да се смири. Ама еве 1 месец и мислам дека последниве денови почнав да губам сила и да станувам веќе по малку нервозна, а не сакам да бидам. Се успива во раце или на гради, чекам некое време, па го ставам во креветче. Се буди некогаш одма, некогаш по 5 минути. Никогаш не останува подолго од 10 минути. И некако не стигнувам ништо да направам. Или спие на мене/во раце, или цица. Цицањето е приказна сама по себе... на почеток не успевавме, се мачевме и бебе и јас, сега цица (и понекогаш додаваме АД). Најчесто цица недоволно, заспива, па во процесот на преместување од раце во креветче ќе се разбуди и нервозно е, плаче, бара пак да цица. Сума сумарум - или ми спие во раце, или е на града.
    Верувам и други имале вакви периоди... како сте се справиле, не знам на моменти што да правам. Купив марама за да го носам на мене бар преку ден да сум малку мобилна. Денес пробав, ич не сакаше да седи, плачеше...
    Ноќе кога се буди за цицање очи ми капат... се плашам и да не го повредам некако, не дај Боже. Во бременоста се изначитав за безбедно спиење на бебиња и на крајот практикувам скроз небезбеден начин...(facepalm)
     
  11. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.017
    Пол:
    Женски
    Ми спиеше на гради до 2 ипол месеци… и преку ден дремките и ноќе. Знам дека е небезбедно ама никако друкше не сакаше. Многу добро уште од старт го држеше и го креваше главчето сама си се вртеше. А и јас кога ќе се сврти она одма се штрекав. Не знам како да ти помогнам и јас сум скоро 7 месеци ненаспана немам сврзано 5 саати сон откако се родила се на цепкано, уште се буди за цицање на 2,3 саати ноќе. Само сакам да ти кажам дека е нормално. Си ја бара мама кај тебе се осеќа најсигурно. Во креветчето е само, не му мириса на мама и ја нема таа топлина. А сигурно сте и во скок тогаш се па уште почувствителни.
     
    На Eho, Baby warrior и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.008
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Ниедно бебе нема да спие ако почитуваме препораки на почеток. Нормално е, сака близина, грчеви, адаптација на светов. Мојов е малку полабав откако направи 2 месеци. Ама не се радувам зошто првото дете од 4 месеци натака ми е мамата :x. Во принцип после 8 недели се посмирени, мада не мора да значи, а тој период на гушкање ретко кој го избегнал, не знам ни дали постои таков. За дневни дремки, кебенце околу него или во гнездо/ перница за доење пробај стави го, било што да симулира допир, тесен простор. Навечер првиот дел од ноќта секако спијат повеќе во креветче, јас после 3 4 го земам до мене го гушкам се кичмам, така поспиваме, некогаш на гради или во раце ми спие, безбедност само во теорија има..
     
    На Eho и dummy им се допаѓа ова.
  13. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    5.950
    Пол:
    Женски
    Мајки како ви спијат или спиеле бебиња стари 10 дена? Свртени на страна или легнати на грбче со повремено вртење на главата?
     
  14. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.219
    Пол:
    Женски
    Преку ден кога сум ја гледала сум ја ставала и на страна, навечер стрикно на грб :)
     
    На MorskaSirena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.314
    Допаѓања:
    17.877
    Пол:
    Женски
    Истото го минував и сеуште сака во раце и постојано да има некој до нејзе да ја анимира, а веќе е три ипол месеци, но не како претходно. Го издржав тој период некако, во креветче никако не спие сеуште, спие на кревет, понекогаш ја оставам да спие и во раце. Наутро ја оставам на кревет да се врти, да гуга, додека е расположена, а јас раскревам наоколу, а во меѓувреме и зборувам што прави мама, а она ме гледа :D, потоа ја ставам во креветче, цело е наредено со играчки што свират, вртелешка, одам до тоалет, мијам заби, си ставам чај, кафе, следно одиме со релаксаторот во кујна мама да јаде, па следува дремка. Следно кога е будна и менувам пелена, после тоа гугаме, па вежбаме, па со играчки, ќе се измори, па дремка, ако е убаво времето знам да ја изнесам малку надвор во кенгур. Кога спие, не мрдам, не тропам, користам да се одморам и јас, ако се качи свекрвата да ја причува, полнам машина, раскревам садови, стерилизирам шишиња, некогаш успевам и ручек да направам, ако не го чекам мм да ја превземе. Се помирив со тоа дека дома нема да ми е совршено чисто како што сакам јас да биде, ручек некогаш купуваме, некогаш успевам да нсправам. Твоето е многу мало сеуште, еден месец, сега кога ќе ми текне истото го минував имам пишувано низ темиве, гушкај си го, гали си го, времево многу брзо мине. Секој ден плачев, премногу ми беше тешко, особено кога си сама и немаш помош од никој, не можеш да јадеш, пиеш, а треба да ја доиш. Ставај ја по малку во креветче, на кревет, секој ден по малку ќе се навикнува. Мојава маза веќе голема женска , несака во раце да се успива, ја легнувам на кревет, ми гуга прво нежно, се гали, пуштам бел шум, ја покривам и за 5 минути е комирана, еве спие до мене, додека јас вртам на телефонот.
     
    На fragaria, Eho и Baby warrior им се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    5.072
    Пол:
    Женски
    Немој да се стресуваш и да се растажуваш. Што побрзо сфатиш дека првата година најважната работа ни е да бидеме мајки а се друго да оставиме на страна толку подобро ќе се осеќаш, верувај ми. Мене лично ми беше мн тешко да замислам дека веќе нема да одам во канцеларија, дека нема да имам по 10состаноци дневно дека нема умствено да се ангажирам, дека нема да станувам сабајле да се нашминкам и дотерам туку по цели денови во пижама ќе биде на цице и во раце ама реалноста е дека тоа е природата и единствено треба да пробаме да уживаме во се тоа за да помине време. Пола година ќе прави за некој ден ќерка ми, уште не можам конечно да се помирам дека се тоа што го правев пред да ја имам веќе не е мојата реалност ама пресреќна сум што ја имам неа. Се буди на 2h секоја ноќ, вчера и денес е станата уште од 5:00. Макотрпно е но е љубов најголема, ќе порасне и се ќе си дојде на свое место… и станот ќе ми биде пак најчист и нареден и јас ќе бидам пак нашминкана и дотерана…. А она ќе порасне во најубаво девојченце растено со мн љубов :l: пробај да си наоѓаш среќа во бебето, тоа е приоритетот засега, ти испраќам гушка
     
    На 1RedLipss, Надеж♥️, Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.823
    Допаѓања:
    6.426
    период е ќе помине, мојата така правеше на почеток исто се осеќав дека немам сила, дека ќе паднам негде, еве ја сега е три ипол месеци и подобро си спие во креветче, се буди цело време ама не е како на почетокот, преку ден дремките исто во креветче ги тера, е сега сака во раце да ја шеташ кога е будна зашо почнува да гледа и се и интерено така да горе доле нема спас, секое бебе сака во раце.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    6.524
    Исчитај за safe sleep 7, гушкај беба и уживај :).
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    3.238
    Пол:
    Женски
    Мамички дали бебе од скоро 3 ипол месеци е свесно за средината и луѓето околу него?
    Имавме гости сега, значи ја зима човекот она плаче вришти ме гледа мене. Ја земам се смирува.
    Случајност е или е веќе посвесна?
     
  20. Muki-coocie

    Muki-coocie Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2025
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Девојки, примивме рота денес прва доза. Во зегин ми дадоа пробиотик капки Марифлор? Имате искуство со овој пробиотик?