Супер е јас скоро 2 месеци го користам.12 капки на ден се даваат или 2 пати по 6.Мислам дека италијански е доста го фалеа .Поз и не се грижи ќе биде кенкаво плачливо ќе го мачи стомачето ама ќе помине.
Мене во зегин ми рекоа 8 капки на ден?? Незнам, да препрашам пак.. целата бев во паники за вакциниве ама што се мора, мора.. фала ти ❤️
И јас дојдов да се жалам од 4тиот скок. Значи третиот не уништи со денските дремки, таман се стабилизира малку, со четвртиот и денски дремки и ноќно спиење му се пореметија скроз. Преку ден спие по 30-40мин најмногу, со многу неуспешни обиди за презаспивање, ако не успеам барем една дремка во денот да го презаспијам тогаш е премногу кенкав, ништо не му е погодено. А вечерното спиење посебна приказна, успивањето ни трае со саати некогаш. Првите неколку дена беше и со плачки, сега среќа не плаче ама одбива да спие, едноставно ми се смешка и си седи буден. Докај 4, 4ипоч се буди на саат ипол, (и при секое будење е како нервозен, удира со рацете и нозете по душекот), а после тоа некои вечери имам чувство дека станува на секои 15-20мин. Едвај функционирам веќе...
Две ипол недели сум така веќе. Денски и така и така ама ноќеска. На 1 саат. И автоматски денски не сум способна да функционирам. Само да не трае уште долго.
Еве да ве доутепам уште една недела имаме до крај на 5ти скок навечер си е како навиена на саат ипол два повеќе никако да згреши за сврзе и цела недела сабајле у 5 ококорена. Со маж ми стануваме прајме кафе играме па ја презаспиваме околу 6ипол да дремне некои 40мин па да почне ден асално така да држете се јако
Леле значи тие три недели што ги имавме кога си спиеше со 2 станувања за цицање и инстант заспивање и станување во 8ипол сите наспани и свежи, нема да се повторат во догледно време...ај гледам дека помеѓу 5ти и 6ти скок има подолг мирен период, па да се надеваме дека во него ќе се стабилизираат малку.
Мајки педијатарот ни кажа може да почнеме со кашички/вкусови од 5 месеци, што и како почнавте да воведувате прво?
Дали ви се дешава во спиење да задржуваат здив ( да не дишат неколку секунди) ? Јас неможам да заспијам, цело време го пратам. Заплачува кога ќе задржи здив, најверојатно дека останува без воздух... Од ум сум извадена
Лелеее ми олесни. Од што може да е така? Цело време сега го пратам, сон не ме фаќа И до кога е така или нема правила? Ние сме 8++ м
здраво, јас знам дека воопшто не боли. Кажано од педијатар и подобро порано, затоа што на почеток може дс прави проб за доење, па за исхрана цврста а потоа и за зборување ако не се среди…. За ласерско не знам дали е ама не болело ич и било две секунди работа. Прават кај др Мирка Шалиќ и кај еден др од Систина не знам како беше орл албанев е, прогуглај ќе најдеш
Кашички готови давам само кога немам услови да спремам нешто (пр. на пат сме, на гости). Дома спремам свежо, гледајте да не е прскано. Овие погоре што ги набројав мислам дека се наоѓаат во секое годишно време. Тиква можеш исто да дадеш ете сега е сезона.
А дали ги мешаше со формула или мајчино млеко ( зависи детето какво пие) ? или само варено и пасирано
Детево мое од бубалче стана овие денови како зверче.За спиење нема промени ок е ама преку ден никако да му се погоди ниту во раце сака ниту легнато ниту полуседнато што уште не правам само кенка и никако не престанува.Се смее и истовремено плаче па пак се смее менува расположение во секунда.Со нозете прета не запира тегне чорапи става во уста се што ќе стигне. Гледав зачиња уште нема. Инаку 5+ сме. Си седеше само и мирно ретко да заплачеше