Иста е и мојава бевме кај мојте на гости плачеше и се смееше се кикотеше на глас во исто време … како улава па после пискаше интересно и е гласот да си го слуша комедија е и мене ме мрднува среќа продужениов викенд па маж ми е тука да ме мења во лудилово во текот на денот
Мака мачам со затнато носе кај бебе два месеци. Ставам синомар капки. Нема слуз никаква, не тече, чат пат некое мрсулче со чепкалка вадам. Ставам кромид до глава и пак џабе. Малку како да ми се гуши во сон и ми се закашлува. На лекар нормално викат ништо не е, ставај капки и то. Ама мислам откако се роди е вака, крчи ненормално и никако не се одзатнува. Се грееме на клима ама имам навлажнувач. Што да правам, кај да го носам
Случајно да не му се слева од млекцето? И моето првиот месец имаше таков проблем и на педијатар ни кажаа дека е од млекото. Кај моево се повлече кога почнавме да користиме антирефлукс перница (имаше плус и рефлукс). Така што, можеш да пробаш да го легнуваш на малку подигнато, да видиш дали ќе има подобрување.
Моето од вчера е лудост значи заби ли се, ќе се разболува ли или пак некој гром од скокот ама само во рацр ми е , цела ноќ не сме спиени.
Здраво, како се справувате со настинки кај бебенца? Немаме температура, туку течно носе и кашлица со помал апетит. Фала
Мајки а тие скокови во развој се сметаат по термин на раѓање или по денот на раѓање некаде читам така некаде така за тие што се порано родени како се смета?
Изгледа кај нас се фаќа баш по термин ние сме три недели порано.Мислев 4 ти скок е завршен ама по пресметките сега сме бсш во 4ти скок.Гледам неделава ме шизна ова мое бебуле кое беше мирно а сега незнае што попрво да направи
Тоа како прљаво околу врат што се собира со што го чистите ? Ја бањам на два дена , и еве денес бањата до утре пак ќе собере околу врат.
Нема црвено, само така прљаштина не знам како да објаснам. Исто и околу прстите што се собира . Денес пробав со бебешка пудра да ја досушам, треба пешкирот да го сменам како да не ми ја суши убаво.
Од алиштата им е тоа и дополнително од млекцето што ќе им потече. Кај мене и многу се поти склет е многу и многу се лигави па тоа дополнително дека е буци и споено му е вратчето Со влажна тетра го бришам и после со сува минам да се исуши.
Јас по потреба го бришам прво со наводенето памучно тупферче, па го сушам со суво тупферче, и ако е црвено мачкам крема за пеленска регија.
од млекцето е, и мојата така хрчеше, во систина ми рече педијатарот дека и се слева млекце, а не дека е настината, еве сега 4 месеци престана веќе