И мојава си крчеше така особено дека заспива(ше) со цицање. Педијатар ми рече дека е сосема нормално и често од млекцето и со тек на време ќе се стабилизира и така и си беше. Не сум ни ставала ни капки ни сум влечела со аспиратор
На поткренато ако спие може да помогне малце. Нас креветчето ни се прави под агол па така беше некој период и и беше подобро а има и антирефлукс перничиња што се користат и за таа намена
Имам перница, ама не видов нешто подобрување. Само се лизга надолу по неа хаха. Како и да е, ваљда краткотрајно ќе биде
Не знам колкаво ти е бебчето ама траеше кај нас неколку месеци сигурно… Исто така и од прашина знае да им се влоши и од сув воздух, така ми кажа педијатар. Прочистувач и навлажнувач на воздух можат исто малку да помогнат ама тешко скроз, прашање на време е да се оформи тој несозреан респираторен тракт што го имаат дур се малецки
Ве молам за совет. Бебе уште малку два месеци. Од вчера се затна во носот. Кога ќе го ставам на спиење спие некое време,и потоа почнува да прави звуци како да не може да голтне,како да се засркнува.Го кревам одма исправено и ждрига дури и поврати неколку пати. Да напоменам дека пие Хип Анти рефлукс млеко. Цела ноќ не сум спиена. Не знам како да постапам бидејќи изгледа како да се дави и да снемува воздух :/ Бевме и на лекар ни рекоа само да чистиме нос и да спие под агол од 45 . Ве молам ако некој има искуство да ме утеши и да ми даде некој совет,зошто памет немам .
Која формула во Мк може да се користи со машина за формула и не треба да се прави со вода на одредена температура па после да се лади?
Ништо не правев, си помина по некое време ама не беше толку лошо да не може да спие. Ако ви е сув воздухот обавезно навлажнувач, од Топ Шоп го земав.
Само да пријавам дека изгледа не удри 5ти скок Само што живнав од 4ти и де навикнав на добро спиење.. Сега почнавме пак на секој час будење, а и тој еден час што го спие го спие со удирање на нозете и рацете од кревет значи за мама нема спиење Многу потешко оди кога веќе си се навикнал на спиење подолго и одеднаш трааас Има утеха за 5тиов скок? Некој да ме утеши
И јас барам утеха Си се будеше само два пати навечер, ама последниве ноќи сигурно над 5 пати се буди со плачење, па земај нишкај, таман сум го успала, пак ќе се разбуди
Дали овој осип е од температурата? Утре закажав домашна посета за крв вадење. На 15ти сме на контрола редовна кај педијатар.
Zosto da cekate do 15ti ,najmirno da si spiete zosto ne im pisete na viber so slikive ili telefonski da se konsultirate so maticniot?
Здраво мајки давате пробиотик на бебиња моето е 1 месец педијатар викам чим е на доење нема потреба а на големиот и тој беше на само на доење па давав ова е кажано од истиот педијатар
за правата давав, за второво не, сама одлучив да не давам, во консултација со педијатар од систина. двете на доење