Јас сега почнав скоро 4ти месец сме за неколку дена, има многу коса. Многу кратко 10-15секунди, на растојание од главчето и послабо да дува.
Зависи колку косичка ќе има мајка. Ние немавме скоро ич, па не ми требаше фен. Едно поминување со пешкирчето и сув е.
ме замисливте сега. Мојата ептен има коса ама ми е страв до фен. И ја сушам убаво и не сум приметила до сега да не е убаво исушена или слично
И мојот има коса и не ја сушам мајка. Со крпата убаво ја собирам водата и го оставам дома е топло да се досуши. Не дувам со фен нема потреба не го изнесувам после бањање секако
Мојава се роди со многу коса (сега бајаги и е падната) ама никогаш и ја немам исушено. Само со тетра/пешкир и дури и малце мокра и останувало па гајле немала. Ја бањам пред спиење и околу 23 ни е во спална
Првото дете беше со коса многу, како бебе не го сушев со фен, роден декември, после следната есен зима се плашеше и така фен не видел. Сега го шишаме кратко и пак не користиме.. Ова има умерено косичка, се суши со 2 3 бришења
Здраво мајки цела ноќ немам спиено. Бебе има 4 ,5 месеци. Вчера почна да плаче до зајдување и изгуби свест на кратко. Маж ми и брцна во уста да не е погатнат јазикот нп од паника не знае дали го извадил или не. После тоа бебе се смири и заспа. Дали на некој ми се случило вакво нешто?
Јазик не се вади со брцање во уста, само на страна го легнуваш без разлика дали се работи за дете или возрасен. Мене само не ми е јасно зошто не отидовте на лекар ако сте сигурни дека изгуби свест?
Траеше колабирањето 3-4 секунди. Се слушнав со матичната и рече ако се повзори тогаш ке правеме испитувања. Сега си е ок бебе. Но многу сум исшлашена
Официјално почна да лупа секоја ноќ со нозете. Ги крева во вис и ги мава од еднаш.. Еве до сеа сиг 10пати..... Баш ве читав скоро за ова.. Фаза ли е што ли е А да не зборам што во 5 саат сабајле и се игра и гуга
Не е можно сите исти фази да поминуваат прејако Еве го и мојот, прејак ми е кога ќе ги крени во вис и ќе ги тропни од спална Сега деновиве си научи да си ги фаќа. Не само тоа, туку и во раце кога го држиме онака со грбчето потпрен на моето тело, се исправа бре, ти се чини ќе тргни негде хаха Па да прашам, кога почнавте да ги чучнувате ? Да се спремаме полека полека за прихранвање. Почнавме со ад два три пати во денот давам и пие корни, и цица и пие. Дефинитивно не му стига од мене млекото затоа што ќе цица се убаво 5 мин и после тегни се нервира, влечи ама изг толку е млеко во градата, ќе му спремам ад ќе го испие и бајче е. За будење се буди сеуште на два часа макс, повеќе не знае да врзи сон Ќе пробам да дадам некогаш само формула навечер и да зголемам доза, инаку по 100 мл пие два три пати денот. Приметив и на пелените, повеќ мокри пелени
Женскава ги фаќа за сега ама коленцата, не може од стомакот повише За исправањето исто, дури и се нервирам зашто седи така скифлена. Од еднаш собира сила и се искривува мислиш сега ќе искочи низ вратата. Сега научи да фаќа, ама секако дека не се игра со играчки туку со спакуван ЧОКО БИСКВИТ. Секој ден само тоа.... Инаку за млекото можеш да пробаш и да се измолзуваш, па ако имаш тоа да му го даваш од шише.Е чучнување ич не знам што е? Како полуседење или? Мислам твојот е поглем, мојата за 10 дена прави 4 месеци. Сеуште или лежи или е во раце само.
@Peperutce6 , @Cvetce_ Иста возраст се нашите и мојата одамна ги крева нозете и мава, така искача од креветче и доаѓа до спална. почна да се исправа, ич не се сеќавам од кога се ставаа под некој агол 45 степени мислам, ако некој знае нека пише, 4-5 месец мислам. И ние сме со ад сабајле и навечер по 100 мл и веќе некој период си стануваме во 5 среќни и насмеани не знам за вашиве ама мојава се повеќе седи будна и некако потешко заспива.