Сега како друго бебе. Пред две недели стиснати тупаници, многу малку се смееше, не пробуваше да се врти ни ништо. Сега е заинтересирана за околината многу повеќе, фаќа чепка секој звук ја интересира. Заспивањетоо ни е со молење.. Цуцлата си ја вади, па не може точно во уста да ја погоди ја брца во уво, око.. Па така ќе се изнервира и ајт од почеток.. Прееска саат време спиеше и ја гледам почнува да ми се смее цела радосна што ме видела. Со мм се криеме од нејзе Ама пак не наоѓа. И пак заврши со мене на спална
Чучнување на седење мислев, знам дека е рано после 6 месец се мислам препораките. Инаку кога се молзев тешко вадев млеко, повеќе од 30 мл не можев никако и баталив пумпата. Секако ќе почнам со каши за неколку недели па ваљда ќе се најади еднаш ова бебе мое ненајадено Да ве прашам друго, дали ви се случило да ви е незгодно да јадите пред бебе ? Со маж ми јадиме абе во лајци ни се пули, се криеме со грб дури јадиме, загреота Ептен покажува интерес за храна, едвај чекам да видам како ќе се храниме
@Anaroz1 @Peperutce6 @Cvetce_ Во скоро се што пишавте го пронајдов и мојот. И јас почнав навечер да му давам АД. Педијатарот ми рече дека нема потреба, ама исто како Цветче што пиша некогаш многу нервозен станува на града, тегне се лути, пробав да измолзувам во различни периоди од денот и забележав дека навечер имам мн помалку млеко. Вака со АД си заспива мирно, брзо и си врзува 4-5 саати (кои јас не ги спијам заради тропањето со нозете ). За исправањето веќе ни на подлога не е заинтересиран да лежи, само во раце или релаксарот и да пробува да се подига. За на 45 степени мене педијатарот ми рече дека сега од 4 месеци можам да го ставам. Пробавме му ја наместивме хранилката и го седнавме на 45 степени, ептен уживаше. Сега планирам и со количката да пробам. Ии тоа со вадењето на цуцлата па неуспешното ставање, пресмешно ми е
Јас од 4ти месец вњќе почнав на 45 во anex релаксаторот многу го сакаше на 4ипол некој ден пред 5ти месец веќе и во количка ја возев на 45 педијатарот од систина ми советуваше да ја следам неа ако сака да се подигнува е спремна за 45. Сега веќе и седи на фотеља/кревет до мене на 90 некогаш и паѓа уште не е стабилна скроз ама смешна е
Син ми зајдуваше ко бебе, ама свест изгуби голем на скоро 4 години кога мислев дека ги надраснал и кога ни на крај памет не ни беше дека е ради тоа. Иначе ко бебе почнуваше да плаче и наеднаш само го гледаш како плаче, а не слушаш ништо. Се викаат breath holding spells и се многу стресни за нас, за нив мислам не се страшни. Немој да му пикаш прст во уста, тоа никако. Ми кажале и да не му дувам во фаца. Јас не знам, не памтам што сум праела во тие моменти ко бил бебе, од стрес сум ги заборавила тие моменти, знам само дека штом почнеше да плаче трчав по него и оставав што и да правев, не го остававме ич да плаче. Не ни направиле никакви испитувања, сами ќе поминат и тоа е тоа.
Ние се учиме да спиеме во креветче ..ама мн плаче навечер..ненаспана сум скроз..дајте ми совет ве молам како да се навикнеме да ни е полесно на двете спијам на штрек цело време во континуитет да не и ја згмечам раката А станувањево земање од креветче враќање заспивање..трае може по 40мин на едно будење во ноќта и сум како во бунило..
Јас така умрев со првото дете до над година. Кога почнав на работа веќе не се трпеше, ми викаа тренинг на спиење да правам ама не можев. И се откажав, го земав до мене па проспавме двајцата. Ова од сега си го земав до мене, не спие инаку. Вака станува 6 до 7 пати а не па во креветче да го местам. Истражи начини на безбедно спиење, има како да се наместиш за да не го повредиш бебето, ако сакаш да спиете заедно мислам. Инаку сега над 4 месеци ако е бебуш можеш да почнеш со некој вид на "тренинг", што не е да го оставиш да вришти додека не заспие. Има повеќе методи, побарај некоја што ти одговара на нет ги има. Или пиши на профиливе, др. Гуднајт или наспани.мајки на инста, може да ти дадат конкретни насоки. Не е баш едноставно за некои, со среќа . И ќе поминеее секако
А дечки што да правам со моево бебе што од 2 месеци се влече нанапред и се исправа. Ако седнам со него потпрен на мене се исправа и испаѓа дека седи. Многу е мал, не сакам да си направиме проблем со рбетот нешто не дај боже, ама немам како да го држам кога седам пример. Морам да го искривам за да не може да се исправа. Некој искуство вакво? Исто во кенгур сака само нанапред, знам дека е мал и за тоа ама се го интересира и плаче ако го завртам накај мене
Иста беше и мојата. Кривење буквално како кифла. Исправена на мене од еднаш се исправа. И сега е ама ај викам малце е поголема. Инаку јас ја форсирав ја стискав да стои исправена иако она плачеше зашто не сака така. Кенгур исто, нанапред само ама не ја ставам зашто сметам дека е премногу мала уште, некако многу и се широко нозете така.
Незнам каква рутина имате фатено јас еве од бебе го оставав сам да заспива.Навечер бањање цицање и во кревет на спална со цуце во уста гасам светло и излегувам.За кратко проверувам е заспан.Јас спијам сама со него и секогаш одма го сетам кога ќе почне да се буди.Веднаш го земам сонлив да цица и кога ќе се нацица пак цуцла лажливка му ставам и продолжува без прекин.Некогаш кога знае да се размрда за брзо само со рака го допирам по главче или меше и го галам и тивко ќе му прозборам за да знае дека сум тука и ќе си заспие.Веќе овие денови практикувам да почнам да го учам да не станува за цицање или ад. Овие денови кога се разбуди ама одма чим се размрда му давам цуцла лажливка и го галам по меше и продолжува.Една ноќ ми успеа да спие така од 9 до 6 сабајле. Некогаш знаеше да се буди на 15 минути откако ќе се разбуди околу 3 саат сабајле за прв пат и тогаш давав да цица зошто ми беше мисла да не е гладен. Така и планирам само ако несака да презаспива неколку пати едноподруго да нудам инаку со цуцлата ќе средиме хаха. До сега околу спиењево немав мака ама денски сака ептем внимание кенкав е и малку дремнува. Но си велам боље нека си спие вака јас одморена сум па како така денот ќе го поминеме и во раце
Пробај кога седиш да го седнуваш на колено. Твоето колено меѓу негови ножиња ќе биде исправен да си гледа и нема да биде баш она седнат. Инакуу во Систина ми рекоа од 4м во количка да го возам на 45° и многу повеќе сака така да се вози си разгледува и на креветот дома со перници околу него го седнувам на 45° и му е интересно. Пробува да се исправи ама не може. Друго што вежби да правам да ги сака. Пробувам да го вежбам да се врти јас кога му помагам се врти. Го лажам со играчка демек да ја дофати и да проба да се заврти ама моето мрзливо бебе гледа дека не може и се откажува не се ни обидува. Не знам дали сме уште во 4 скок ама спиењето ноќно кога се подобрува ќе ме израдува оти врзал 3-4 саати и затоа наредна ноќ станува на 1-1.5 час. Денско успивање ако не е со цицање скоро е невозможно или вришти зајдува додека заспие. Од што не сум спиена мислам веќе и снага ми се тресе.
Леле женски хелп. Женскава моја е 3++ месеци. Последнава недела ипол е хаос со спиењето. Навечер е ок, станува 2 пати за цицање и спие ама денски е хорор. Само во раце сака да спие. Ако ја оставам се буде и вреска. 3 скок пишува дека вчера завршил ама денеска некако најлоша е... ме измори. Дали и вашите овој период се вака или да одам на педијатар дали ја мачи нешто?
Ве читам и коски ми се треса Ехее колку пати ќе се разбудам скроз навалена над него, ако е поголемко од 4 месеци си имаат тие сензор за тргање не се секирај, јас еднаш до кебето покриено преку глава го најдов, свеста ми се зеде, од тогаш пазам повеќе. И полесно ми е да спие до мене оти дојам, спие во креветче сега ама полесно ми е заедно на спална, плус топли бреее како греалче мече ми е кога ќе го гушнам, за ништо на светот не го менувам ова спиење, сега и да сака нема креветче
ако имаш опција да извадиш ограда од креветчето и да го залепиш до спална, кај нас е така и практично ја спијам до неа и помирно спие и мене ми е практично пошо се буди цело време за цицање.
Спалната ни е долга и тесна,креветчето е кај нозете од едната страна ..ќе треба да спијам обратно,не ме собира.. И јас, затоа ја навикнав така поради доењето .. да ми е полесно
Земи креветче за кослипинг и залепи го до спалната, има ефтини, можиш и половни да најдиш. Моето е чико ама не се спушта оградицата скроз до креветот така да пак ше треба да го подигнувам и да го спуштам а вака практично ми е под мишка беблак
Не ја земај од кревет освен ако не плаче, тапкај, нишкај, шшкај, музика . Да се навикне на креветчето, и преку ден таму оставај ја да спие. Сега освен ако ја земаш за јадење навечер, па да ти се буди. Мене така на почетокот скроз се расонуваше, после од 3месеци почна да спие и одби млеко вечерно. Јас од старт во креветче ја ставам од прв ден како ја зедов од болница. Може и во инкубатор беше навикната незнам ама не плачеше.
Имам јас креветче залепено, џабе е. Абе го легнувам навечер кога гледам дека му се спие, демек да заспие сам, го галам тапкам, не се предава да заспие, вреснува и кога ќе го земам вреска уште во раце додека не заспие, а не заспива брзо. Навечер спие до мене, ако мрднам не го допирам крај е. Ми се моча вода ми се пие кој ме врти. Дење нема спуштање од раце доле, ќе стане одма па дупло нервозен, цел ден на града дреме, цуцла неќе, и ад да му дадам вечно е гладен. Станот хаос, ручек што е тоа. Ахххх будала мислев второто ќе спие
Bebe e 4 ipol meseci I pocnavme so race da da go potkrevame za da sedi , na pernica na agol 45 stepeni da podsednuva na kratko I kolickata ja podesovme na 45 stepeni . Ova e so po preporaka od ortoped.