Моето е исто ненајадено вечно, 4 месеца веќе не памтам да има одбиено да цица или да одбие шише, што ќе и дадеш тоа ќе пие, ништо не одбива. Покажува и кај мене интерес за храна, пред некој ден јадев со лажичка, посега со рачињата и се налути почна да плаче и дадов да цица па се смири, сега избегнувам да јадам пред неа, а малечка е уште има време за да ручка. Се што ќе дофати става во уста, буквално се, веќе пазам многу што ставам во близина, пред некој ден што ја бришев палома ја дофатила, јас набрзина да и испеглам боди да ја облечам, гледам тивко нешто, госпоѓата си работи, паломата во уста ја ставила, мини срцев удар добив. Премногу се лигави, за 5 минути лигавчето е водено, изнакупив еден куп лигавчиња и само менувам и перам. Во врска со спиење, заедно си спиеме, веќе се навикнав, не се ни обидувам да ја преместам во креветче и сега иако спие со мене на кревет мора да ме допира, а истата е и преку ден. Денеска за прв пат ја изнесовме на подолга прошетка, потоа седнавме во ресторан. Ресторанот беше празен кога седнавме, за 5 минути скрос се наполни, а веќе нарачавме. Седеше, ја игравме, дојде терминот за спиење, галама, неможе да запие и почна да плаче, да вришти(таква и е плачката со вриштење секогаш), мене ми падна незгодно, непријатно и си станав, седев во кола со нејзе, додека не потпорасне не ја носам никаде, наместо да се опуштиме малку, мене кортизолот ми се качи. Дали ги изнесувате вие вашите бебенца по ресторани, кафичи? Каде најчесто ги изнесувате?? Дали ви е незгодно ако се најдете во ситуација да плачат и како постапувате во таа ситуација? Моево е научено се на тивко, мирно, не е навикната на бучни места, дури некој да и прозбори погласно или да вика се плаши и плаче.
Минатиот викенд бевме во Охрид цело попладне шетавме, единствен проблем беше што претпоставувам од возбуда што му е ново многу кратки дремки имаше. Во ресторан во гужва беше мирен, си гугаше си играше. Само јас од родено на галама го научив. И ја сум бучна и кога шепотам сум гласна и фамилија е гласна од галама мака немаме. А за плачење само што испаднавме на кеј почна да вришти до степен сите во нас да гледаат. Седнав на клупа му дадов да цица се смири заспа и си продолживме. Проблем ти е што е научена на тивко без галама, верувам и дома сте тивки и затоа мислам. Сепак може е и до карактер на бебе сите се различни
Мајки колку е прозорот на будност кај вашите 4 месечно бебиња ? И дали фаќаат играчки више со рачињата? Моево фаќа ама одма ги пушта. По интересно му е да си го фаќа и да со го јаде лигавчето. Почна многу често да се буди навечер. Многу е ќенкав и сака само во раце.На стомак или на подлога ако го легнам одма вришти. Мислам дека сме и во скок. Сега направи 4 месеци ама роден е 3 недели пред термин. Треба да ставаме втори вакцини ама му тече носе ќе видиме прво крвна слика. Како поминавте со вторите вакцини ?
И мојот пред некој ден направи 4 месеци. Прозор на будност му е 1ипол саат, ама веќе гледам дека попладневните ги продолжува до 2 саати, ама уште му варираат некој ден 2 саати, некој ден после саат и 20 минути почнува да трие очи и да кенка. Со рацете граба се и одма пробува да стави во уста, играчки, тетра пелени, ќебенца...кога го дојам обавезно цело време ми ја граба блузата или си ги тегне шпикозните. Ама играчките не ги задржува многу во рака, ги зема, пробува да ги стави во уста и одма ги пушта. А за лигавчињата исто, јас се откажав дома да му ставам лигавчиња од таа причина, иако се лигави многу и само му менувам облека. За спиењето веројатно 4ти скок и регресија. Мојот беше хаос 2 недели, сега прво врзува по 5ч. и после станува мноогу често. Некогаш штом му подадам цуцла веднаш презаспива ама некогаш знае и скроз да си се расони и да не можам да го презаспијам и цел саат. За на подлога исто не сака нешто многу во последно време, сака да го држам во раце и да пробува да си ја подига главата и нозете, тоа му е омилена позиција периодов.
Исто значи скрос. Си ги тргне блузите нагоре. Коа цица мене ме тегне за мајца, за ланче. За прозорите за тоа и прашав, баш варираат,порано на 1 саат и 20 сам заспиваше за брзо. Сега знае да седи буден и по 2 саати. Мојот и одбива да цица,све е по интересно од цице. Па цица само пред или после спиење,легнат на спална строго. Ако пробам да го навалам во раце одма вика се буни. Одвај го заспивам. Само сака исправен да го држам и напред да гледа. И сака да седи, се исправа сам кога го држам навален на мене си седнува. Ставивте ли вакцини вие и како поминавте?
Прозорот на будност се зголеми на час и половина, до два часа. Кога почна да ги шири прстињата и да пројавува интерес да фаќа и купив малечка ѕвезда глодалка, јас и ја ставав во рачињата, не беше свесна дека ја држи и одма ја пушташе. Најпрво почна да си игра со моите прсти, па почна да си го тегне лигавчето, подлогата што ја пресоблекувам, ќебето, алиштенца ако имам оставено во близина се фаќа и директно во уста става. Пружа рачиња кон плишани играчки да ги гушка ама и тие одма ги става во уста. Полесни тропалки и ги давам да го зема во рачињата и одма ги носи до устата, некогаш не знае како да го пушти од рацете и плаче, уште го прави тоа некоординиро, несвесно. Ја навалувам на масичето и одма пружа рачиња да ги фаќа предметите, да бутка. Само во раце сака, ни подлога сака, ни на меше, не можам минутка да ја оставам одма плаче, мозоков веќе не ми работи. Потполно истото го прави. За два дена сме на вакцина, психички се спремам, првиот пат два дена со температура бевме, цело време спиеше.
На 1,5 месец прв пат бевме во кафич, а потоа уште неколку пати. Пред 2 недели имавме семејна прослава, со жива музика, и нормално и бебе беше. Кога ќе плаче, излегуваме од гужвата или некаде на страна се тргаме да цица и да заспие. Минатиот викенд 3 дена во Охрид и секој ден во некое кафанче за ручек. Бебе е 3 месеци. Ако плаче, нема зошто да ти е незгодно, ќе се смири. А и нема причина ти да се оддалечуваш од луѓе, дружења. Животот тече понатаму. Гордо носи си го бебе со тебе. Не мора секаде нормално, но од време на време добро е за тебе да излегувате.
Значи сите се исти Уште немаме ставено вакцини, следната недела ќе го носам. Претходните релативно добро помина, само имаше неколку дена грчеви од ротата, па сега педијатарот ми препорача превентивно пробиотик и Колиеф неколку дена пред и по вакцина, се надевам ќе биде подобро.
Девојки ми треба совет. Бебе е 5 ипол месеци. Уште од прв ден го ставав на меше и се си беше во ред, но од 4ти месец бебево скроз ми се смени, несака на меше воопшто а кога го ставам рацете ги носи наназад и главата мнооогу малку ја крева (колку да не му биде на под). Кога ги примаше вторите вакцини бевме и на систематски и таму ми посочија дека треба повеќе да го ставам на меше. За овој проблем разговарав и со педијатарот неговото мислење е да не го форсирам дека се во свое време ќе си совлада. Мене сепак не ми е сеедно и незнам што да правам. Иначе пробувам и перниче под градите да му ставам, пробувам и кај мене на нозите па рачињата да му одат напред ама никако несака, плаче или ќе подаде раче ќе си ја земе играчката и пак почнува да се нервира за да го завртам. Ми треба совет ако некоја мајка се соочила со истово што и како да правам? Како да го стимулирам или можеби едноставно да почекам сам да совлада
Ставај го на тебе на гради да се поткрева или носи го на рака на меше. Мој совет е да му правиш вежби за вртење од грб на стомак, има на нет видеа. Може ќе му стане интересно и ќе почне сам да се врти. Друго, седни ти на под и стави го него со мешето преку една нога и пружај му играчки, ќе видиш дали ќе се сака така (не сфатив дали вака го редиш на нозе). Иначе и син ми исто не сакаше на под, ни минута нема лежено пред да почне да се врти сам. Буквално, премногу плачливо бебе што зајдуваше од плачење ако го оставам. И перниче шарено му зедоме, џабе. Крајно несоработливо бебе беше, ништо не сакаше да вежба, се има совладано сам. Од дете кое израсна во раце сите моторички milestones пред време ги совлада, а денеска да го оставиш на дрво ќе се качи. Така да и муабетот од педијатарот држи вода.
Девојки Бебе е 4,5 месеци. На стомаче до сега се вртеше додека мениме пелена или пак додека играме. Сабајлево беше извртен скроз на другата страна од креветчето и на денското спиење го приметувам како се врти на стомак и незнае да се врати назад, а главата пошто во сон ја крева и ја бута на кај душекот. Без памет сум. Иначе кога игра кога ќе се измори вришти да го вратам назад
Во кафана го растев јас дури бев Битола, имаме кафана во маало и секој ден таму, абе најповеќе таму спиеше, немаше ни 40 дена на роденден во кафана го однесов ама многу малку луѓе имаше ама сепак, си се разбуди се смешкаше со гостите како свекор некој на маса Мојот е најмирен надвор во количка, спие цело време а и кога ќе стани е мирен, е сега ретко знае да заплачи ама ако не му е погодено нешто.
ние сме секој ден надвор, јас ја носев во кафана на ручек пред 40 дена убаво беше септември, спиеше во количка, кога се разбуди и дадов да цица, после беше мирна, сега седиме на кафе секој ден ама надвор кога има сонце, накај 12 искачаме тогаш е потопло докај 2-3 пешачиме, пијам јас кафе, после се прибирам, некако внатре не би ја внесувала пошо мислам дека ќе плаче, а вака на воздух она ужива во количка ја си пијам кафе на раат, главна шетачка е, еднаш само ми се деси она спиеше, седнаа до нас едни гласни ја разбудија се налути толку многу шо не можев да ја смирам морав до дома во раце да ја носам, во една рака неа, со друга рака количката е сега веќе е проблем и загаденото ама тоа е, дома па не се доседува, сака цело време во раце да е, а надвор ужива мн е мирна во количка си гледа, си спие.
И јас ја шетам и ја испонастинав ...не знам од што..ама не можам во стаклено ѕвоно да ја чувам..и мене ми е супер да си шетнам на кафенце ..во саботата со другарка сме биле од Пиом по кеј кај Авионче на кафе на сонце и назад ..спиеше 2 ипол часа.
јас не можам дома да седам цел ден и ја научив и неа надвор маж ми вика детево само надвор се смирува, по 10тина километри секој ден пешачам со количка, ја облакам во скафандер, капче, кебе, горе затворена во количката е, само ако врне или дува многу сме дома. во неделата малово го оставивме дома со баба и, со големата отидовме на Водно, пешки се качи сама до крстот не ми се веруваше. уште мала ја носевме со ранец и одеше по малце пешки, сега веќе е тешка за во ранец, го спремаме за малово, викам ај ќе тргнеме до кај стигнеме стигнеме, она се качи сама до крстот малце поткуп требаше ама успеа. од пролет едвај чекам сите 4ца да одиме заедно.
Мајка, прозор на будност и е 90-120мин макс ама ретко толку. Играчки фаќа, не дека ја интересираат многу ама ги фаќа, чепка. Ги држи ги врти во раце и се што ќе фати веднаш става во уста. Најмногу прстите си ги сака, ќе стави еден од едната рака друг од другата и така е најсмешна
Бебе е 3++ и имам чувство дека не сум нежна со него. Почнува да тежи за кревање а и мноооогу мрда, пргаво, кога го чувам да подригне е права борба се фрла наназад, мислам врат ќе шине напред не можам со една рака да го префатам поголем е да го држам исправен... не знам како да го држам од која страна да го пазам да не се повреди ...Додека лежи за да заспие рацете нозете му се 200 на саат како моторче да има. Кога цица ќе повлече три пати па се трга, и така 100 пати, тоа страшно ититира, пупката ме боли. Пие и АД па и со тоа почна да се ,, лигави,, го пиеше за 2 минути сега 20 минути ееедвај и пак остава не го пие цело. Кога го држам во раце ако седам он е со грб и пробува да стане се тегне нанапред, не знае да си лежи на мене , многу е мало за да седи па борба е за да не се крева... Пика се во уста и играчки и рацете, цела рака по можност па има нагон за повраќање...и така ... Рацете не ми држат веќе сега, и тоа он е 5 кила и нешто а коа ќе биде дупло јаоооо мајки со големи бебиња како ви е кичмата?
Истото е, моево е еден месец помало а пред една недела беше 6 кила. Ракава ми паѓааа. Поголемото на земја окапа, на подлога, некако го научив така малце кога пркна, само за спиење го нишав. Ама тој беше поситен (мада на година беше 9-10 кила сигурно, јас се забораив со нишање). Со ова ракава десна мислам ќе ми се откачи. Изгледа кога бев помлада полесно беше. Не знам што ќе се прави со ова. Уште некој месец го тинтрам до 6 месеци бараат близина, после ќе бараме чаре.