Кичма, плешки, стомак се боли мајкаа. Моето е 8кг на 4++, на 3++ 7 бевме. Не те тешам исто е и сега како што ти е тебе. Лежи на подлога на кревет кратко сака после во раце. Во раце се успиваме многу ретко на кревет легнати заедно оти вришти. Цица и се го интересира не се надевај уште некое време за брадавките и повеќе ќе се тегне. Ама па е многу интересен и повеќе си игра сега така да се лошо се заборава кога ќе се насмее. Инаку му земав глодалка од локо кроко едно слонче лесно му е за држење дека се сакаат во уста. Го нема извадено, го чешка интересно му е.
Да се пофалам изгледа полека излегуваме од 4 скок. Денските дремки се стабилизираат. Последниве 2 дена имаме 3 дремки првата е 1ипол час втора 2ипол и 3 40 мин што е олеснување преку ден и не ги спие во раце Уште ноќното спиење да се стабилизира и да не станува на секој 1ипоч-2ч и супер ќе сме. Битно големите плачки се поминати и имам разликс во бебето си игра повеќе, повеќе се смее, се го интересира и успешно повеќе пати се првртуваме од меше на грб
Најмногу 2ч ,некогаш 45 мин до 1ч секогаш различно, чим гледам дека почнува да си ги трие очињата ја преместувам во креветче и ќебенцето и се бута во него и заспива.Ние обожаваме раци да пикаме во уста,правиме вежби и на меше почесто.Ние вторите ни ги одложија требаше на 1.12 бидејќи и беа покачени малку леукоцитите, на контрола бевме по 1 недела и не боцнаа. Поминавме исто како со првите малку кенкави малку температура ден два ама мине за брзо.