Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    1.809
    Пол:
    Женски
    IMG_20251218_151355.jpg Здраво мајки,
    Со што да ја намачкам? Ја шетав надвор имаше лигавче и капче, не знам како ја изгребало , до толку ли се триело...
     
  2. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    142
    Не се секирај ке и помине мачкај си од лосионот што си ја мачкаш, мојава цела се гребе и крв си пушта како раничка ке и се напраи и ке и помине, не се секирај
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Ќе и помине само :)
     
    Последна измена: 19 декември 2025
  4. ira.franko

    ira.franko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Мајки ми треба совет :) Бремена сум трет триместар и сега купуваме креветче.
    Отсекогаш имав замисла да спие бебето во креветче до мене, на кој и да го кажам овој став наидувам на осуда и на нетрпеливост: наводно сите родители ги земале бебињата со нив во спална да спијат.
    Јас никој не осудувам: за себе лично ми е страв бидејќи многу се вртам и имам длабок сон па би се чувствувала побезбедно вака. Ме убедуваат дека било безбедно ама јас некако повеќе сакам во креветче.

    Некоја на која бебето и спиело во креветчето од старт?
    Паралелно и некој практичен совет какво креветче да барам комплетно сум збунета: овие за новороденче ми се убави ама дупол трошок ќе треба поголемо да купиме потоа...дрвените ми се како гломазни и напорни за станување на вечер?
     
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    5.508
    И јас како тебе се нервирав кога ќе ми речеа џабе купуваш креветче :D. На крај испадна во право биле, јас не успеав да го научам. Ќе пробаме пак кога ќе го одбијам од цицање (fingers).
    Иначе ние имаме многу убаво на Чико, не сакав дрвено од истите причини па ова е со мрежа и не е воопшто мало.
    https://www.encimenci.com.mk/krevetche-next2-me-forever-cosleeping-cot-ash-gray-chicco-796506100
     
  6. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    5.820
    Пол:
    Женски
    Јас имав така замисла и така бидна фала богу. Не ја доев снемав млеко. Си спиеше на креветче повиена до кај 3 месеци, на 3ч се будеше за млеко. Преку ден и во дневна на кревет до мене спиела мн мала, не се вртеше, после трет месец во креветче во спална беше и преку ден, на камера ја гледам. Така спие до ден денес а 8++ месеци сме. Ја земам кога е настината само кај мене и тогаш во главно ја држиме да диши добро. И жива ненаспана сум од лошо не/спиење.
    Сестрами исто во креветче од старт она па од 6 месеци ја префрли во нејзината соба, беше лето денот голем, се навикна си спие таму сабајле станува ги вика. Ја земаат ќе се поврти кај нив. Јас здравје да поминат овие два скока ќе ја пробам. Мојата е помала прематурче е, за два месеци е помала.
    Креветче имам од енци менци некст то бед што е, тоа е до 9 кг, сега треба да го сменам мало и е више. Др го зедов од бебе супермаркет, дрвено класика. На двете спиела, мислам на дрвеното подобро спие, душекот е убав.
     
    Последна измена: 20 декември 2025
    На ira.franko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    И јас се изнаслушав такви муабети, како за џабе ќе било, како само ќе ми служело како закачалка за алишта...ама мене исто ми беше страв зашто мм немирно спие и има многу цврст сон, па се плашев да не го повреди. Уште од прв ден си спие во креветче до мене, знам само за време на скокови ако се буди многу често ноќе да го земам (тогаш мм се преместува во дневна), ама штом му поминат тие периоди, одма го враќам во креветче. Навикнат си е и си спие без проблем. Јас имам дрвено ама од тие што едната страна може да им се спушта, сега таа страна ми е потспуштена и креветчето е наместено до спалната, со тоа што креветчето е на малку повисоко ниво од спалната (страната е на малку повисоко ниво од душекот за безбедност, а сепак доволно ниско за да ми е удобно за земање. Кога веќе ќе почне да се подига и кога душекот ќе треба да се спушти на најниското ниво, планирам скроз да ја извадиме едната страна и така ќе биде на иста висина со спалната.
     
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.957
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатиш погрешно, ама за жал нема да знаеш како ќе биде :D

    Јас исто имав замисла, ама во 5 сабајле (а некогаш и порано) завршуваше на спална до мене - никогаш не ја ставав измеѓу страв ми беше од мм иако спие мирно. И исто имав многу страв за спиењето заедно, ама сфатив дека нема појако од мајчински инстинкт (плус ќе следиш препораки за безбедно спиење).

    Муабетот не ми е воопшто да не купиш креветче, напротив купи си што си мислиш искрено. Јас на почетокот од братучетка ми земав од тие next to me, искрено не се лепеше за мојата спална затоа што не се спушташе толку ниско и ми беше понапорно, зошто ако сакав да ја ѕирнам мораше да се исправам, ако требаше да ја земам морав скорз да станам, па затоа од околу 3-4 месеци ја префрлив на дрвено на кое што му се вади цела страница една и е залепено на спална, иако до кај 6 месеци пак завршуваше на спална па негде после 5ти скок кога почна и да преспива цела вечер си спие во креветче, сѐ уште спиеме така 10+++ е. Дрвеното го купив на старо од тука и сум презадоволна. Да треба да бирам едно би земала директно дрвено, барем тоа според мене.

    Ама повеќе поентата на муабетот ми беше дека кога ќе дојде ден, да не си правиш притисок ако поради некоја причина бебе заврши на спална :) И да не се замараш со другите, и мајка ми ми збореше "ти реков дека ќе спие на спална со тебе", па јас си купив и кревет и ич не се замарав :)
     
    На Autumn Love и naturally им се допаѓа ова.
  9. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Имам ќерка од 6 години и бебенце од 5 месеци. И двете од старт спијат во креветче. Ставено ни е во спална близу нашиот кревет. Бебето не знае каде се наоѓа ако ти сама не го ставиш. Моја беше желбата да си спијат во посебен кревет. Зошто? Затоа што на родителите им треба мирен и удобен сон,а исто така и на бебињата. Можеби е понапорно станувањето ама секако нема вечно да трае. Има ноќи кога сакаме да си се погушкаме,секако и тоа е добредојдено.
    Големата ќерка спиеше во бебешко креветче до 4 години,после и купивме голем детски кревет.
    Имаш моја апсолутна поддршка.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    18.202
    Пол:
    Женски
    Тоа се зависи до бебето. Од две креветчиња на ниедно не спие. Имам дрвено, посебно нарачував душек, се спушта од едната страна за да се залепи за спална, така и ми беше наместено на почеток со замисла да си спие таму навечер и транспортно за во дневна, да спие преку ден. Ништо од мојата замисла, на почетокот првиот месец кога ништо не разбираше спиеше, после тоа дека затворено од сите страни и не се гледа ништо надвор никако не сакаше одма врискаше, така стои во нејзината соба, ставам во него алишта што ми се за пеглање, а дрвеното го преместив во дневна, наредено со играчки и служи како занимална додека треба да завршам некоја работа ја оставам во него 5-10мин.
    И тие 5-10мин не се занимава со играчките, ме ѕирка преку решетките дали сум во соба.
     
    На Cherry333, fragaria, naturally и 3 други им се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Го имам креветчето на chicco што го постираше naturally погоре и сум презадоволна. Дека е поголемо си викав и да не го користам како новороденче, ќе го користам понатака ама искористено ми е бар 60% што е ок за мене. Дур беше новороденче ептен ми користеше што директно си ја гледав до мене во креветчето како спие, а пак се осеќав безбедно дека не можам да ја нагмечам. До пред некоја недела (на 8 месеци) ми беше залепено до нашиот кревет а сега е одвоено ама пак на пола метар од моја страна. Ја одвоив дека ми се смачи од тоа да легнувам и станувам со лизгање на гз од што немав простор ради креветчето, а и не станува толку често ноќе па немам потреба да е залепена. Од сам старт поголем дел од времето си спие таму бебка, освен периодот од кај 2 до 6 сабајле кога ја зимам меѓу нас за цицање и најчесто останува така, сака да се гушка. Имаше период кај што директно ја доев таму некако се местев и знаеше цела вечер да остане да си спие таму (со станувањата во полу сон за доење). Е имаше и период од месец или повеќе (негде околу 4 месеци) кога беше во страшна регресија и се будеше пречесто, тогаш по цела ноќ беше меѓу нас на спална дека така ми беше полесно. Моја препорака ти е ако имаш финансии да си купиш бар некакво залепено креветче до вашето и да пробуваш да префрлаш бебче бар дел од ноќта да спие. Сонот ми бил многу полош и на штрек во ноќите кога била меѓу нас, а и она си осеќа повеќе мрдање од нас и повеќе се буди. Ние имаме спална 200х200 ама пак тесно е сите на кревет, високи и крупни сме и јас и мм, а и бебка е прилично големка.
     
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    6.931
    кога се роди ми спиеше само во раце, евентуално во гнездо до мене, сега спие во креветче веќе 2 месеци, 4 месеци е сега, имам класично креветче дрвено, едната страна од оградите ми е извадена и залепено е креветчето до мојата страна од спалната, практично пак е до мене и немаме никаков проблем. секако да си купиш креветче, не е голем трошок, дај боже да го научиш да спие во креветче, неизбежно е дека ќе дремнува со тебе на спална :)
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе ти дадам совет ако има од кој да позајмиш позајми, или ако веќе сакаш ново гледај да е поефтино оти шансите да не ти спие во креветче се огромни и ќе ти служи само за алишта збирање :)
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    2.292
    Пол:
    Женски
    Moeto e 4,5meseci I od pocetok e vo krevetce. Preku den moze so mm na spalna da go poigrame pa slucajno da Dremne... no celo vreme spie vo krevetce
    A za lugeto ic ne mi e gajle koj sto rekol ...
     
    На Надеж♥️ и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  15. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Јас имам најобично дрвено креветче и од старт си спие во него залепено до спалната (страната од кај спалната е извадена). Кога се буди за јадење го земам и го враќам, секако е одма до мене. Јас мислам во секој случај да си земеш креветче, секако ќе ти треба.

    Немам ставено оградици уште, ама изгледа ќе морам да ставам, се буди сабајле и се турка со нозете нагоре, сабајле за малку ќе го удреше главчето
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Јас користам од креветчиња до спална што се и малиот таму спие од новороденче. Во првите речиси три месеци со пелена од тие за повивање со лепенка спиеше.
    Практично и за мама лесно, кога ќе се разбуди само си го земам на спална за доење.
    Јас сум задоволна а и совет прави си ти како мислиш дека ќе ти биде подобро и полесно. Штом имаш длабок сон и зашто да ризикуваш поради кој што рекол. Постпартумот знае да биде и напорен некогаш. Затоа прави си како мислиш дека ќе ти е најдобро тебе
     
  17. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Девојки мамички
    Во врска со складирањето на овошките и зеленчукот како ги чувате за утре дента.
    Како е најбезбедно дали свежи сецкани и во фрижидер или веќе сварени.
    Незнам како е најдобро да чувам. До сега секој ден лупам, сецкам нов зеленчук...
     
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Јас ќе правам поголема количина и ќе замрзнувам во коцки
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Секако дека е подобро и најбезбедно бебето да си спие во негово креветче и да не го мислиш. И јас поради истиот страв не сум го оставала до мене додека не пркне. Новороденче никако спиење во мој кревет, земање за цицање и враќање во негово креветче до мене. Да, потешко е заспивањето и понемирно спијат одвоени, ама мора да му се ствара навика дека таму треба да спие. Утре и за дневните дремки ке го оставиш и сигурен си кај е, а не да го заградуваш со перници, па ќе прооди и ќе го мислиш додека да научи да се симнува од кревет дали ќе тресне.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Се тоа убаво ама ако ви спијат навечер бебињата и се будат два три пати макс. Мојот на секој час се буди за спиење, уште да спиеше во креветче па да морав на секој сат да станувам да нишкам, сега пчејнца ќе раздаваа за мене :)
     
    На Kitanova77, 1RedLipss, Cherry333 и 2 други им се допаѓа ова.