Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Јас сум така
     
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам од искуство, по раѓање на бебе кога сте го донеле дома, особено вие со декемвриски/јануарски бебиња. :) Во дневна темп ни се движи од 21-23степени, некогаш знае плус минус да појде, се грееме на клима па би сакала да ми кажете како да го облекувам бебето? Преку ден планираме да седиме во дневна :)
     
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    1.697
    Пол:
    Женски
    Исто како вие што сте облечени, плус еден слој повеќе. Пример ако ти си по тенка блуза, него боди и шпикозни. 20-22 е идеална температура. Раце, нозе не се индикатор дали му е ладно или топло. Грбчето и стомачето ако му се ладни значи ладно му е, не треба да му се испотени.
     
    На Anaroz1, Joanna28 и Anie93 им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Женски
    некако многу ми личи, јас сум секогаш во долна маичка и дуксер. Него да му облечам боди по долги и плус шпикозни и плус уше нешто ли? :tmi::worried:
     
  5. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    1.697
    Пол:
    Женски
    Реадактирав мислењето погоре. За како да видиш дали му е топло или ладно. :)
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.776
    Пол:
    Женски
    Ќе видиш по самото бебе како ќе му биде кога ќе го пипнеш под врат или позади врат.
    Еден слој повеќе од нас зошто не се во движење и немаат циркулација. Ти шеташ, стануваш, средуваш, тоа реално ќе спие и лежи.
    Со лесно:)
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    5.820
    Пол:
    Женски
    Па не е многу бебе толку мало нема уште развиено систем за регулација на температурата, кожата е мн тенка губи топлина, нема масно ткиво плус спие голем дел од денот мирува. Сега јас моево 8++ лази цел ден , го облакам боди по долги, шпикозна и вреќа за спиење навечер. Преку ден е со боди по долги и тренерки по дома, за излегување хулахопки, боди по долги, тренерки, јакна, топлинки, капа, плус имам зимско додаток на количката полнето е. Дома ми е 24-25 со конзолна клима сум. Во спална 21-22 степени.
     
    На Anie93 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  8. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Брзо губи топлина ама уште повеќе загреваат.
    Секој си знае најубаво за своето бебе ама јас толку алишта не би му ставила.
    Откако дојдовме Германија ни едно бебе не видов да е набабарено со облека, ги облакаат во волнени комбилизони и во вреќа со крзно во количка, капче тоа се знае и толку.
    Затоа имаат поголем имунитет децата тука, а кај нас кога ќе ги видам дома облечени со хулахопки па над хулахопки чорапи, па тренерки па боди одоздола чиниш на северниот пол живееме. Тоа нервоза ствара кај бебе, ние без чорапи боси цела зима ја истеравме дома, хулахопки не сум ни купила не ни планирам да ставам такво нешто, во вреќа спие и мојот ама ја трга да ја вади од шо му е жешко
    Боди по долги + шпикозни и вреќа е премногу по мое, имаше на тие вреќите колку слоеви за која вреќа да се облакаат
     
    На КаринаТ, Autumn Love, EnaEnA30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    Јас многу тенко го облекувам исто. Летото само по пелена првите 3 месеци беше а новороденче. Некогаш само по боди по прерамчиња. Откако залади боди по долги, надолу тенки тренерчиња ако е потопло по пелена само кога е на под. За надвор облекувам боди по долги, тренерчиња и дуксер/блузон одозгоре. Во поларни шпихозни, без јакна без ништо само во вреќата во количката, таа претопло држи и кога дува капче за надвор. Исто и ние кога идеме Австрија сите така шетаа само по поларни шпихозни и во вреќата од количката. Јас првиот ден скафандер му облеков тој се склетисува, ги гледам така си ги облекуваат и почнав и јас само по тоа.
     
    На Cvetce_ и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    6.931
    големата ми е родена во декември, ја облакав дома боди на долги и шпикозни, за спиење плус кебенце, вреќа никогаш не сум користела, некако мислам дека ни е дома претопло за тоа, сега бебето второ ми е 4 месеци, исто ја облакам боди на долги и шпикозни плус за спиење кебенце, од 21-23 е кај нас во спална, дневната е 23-24, на парно сме.добив вреќичка сега на поклон, ама не планирам да ја користам.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    Февруари имав новороденче јас ама скоро исто е.
    Јас тој месец го облекував по боди на долги и шпикозни за по дома. Преку ден температура држев 22-23 степени. И ние сме со клима. Кога спиеше го покривав со средна дебелина ќебенце.
    Не е многу според мене, сепак е новороденче. Боденцата се тенки, барем јас ги земав потенки. Плус шпикозна со ногавички и толку.
     
    На Anie93, Anaroz1 и Ladyme им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    5.820
    Пол:
    Женски
    Не е премногу, не ставам ќебе. Вреќата ми е 1 тог од ергобејби, пролетно есена. Секој си знае нормално , а тоа дека се здрави таму ваму не, нема врска. Имам јас фамилија таму што живеат со години и седат на 20 степени преку ден навечер на 18 спијат. Пак се болни и деца и тие.
    Се загреваат ако ставиш капче, ракавчиња, облека, ќебе полиестер. Бебе со боди, ширкозни и вреќа со нормална дебелина (памук) на 21степен нема да се прегрее.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    А како правите 20-22 степени ноќе да биде? Ние сме на градско парно, скоро сите радијатори исклучени од пред една недела, и пак ноќе ни е 25 степени. :worried: Откако е загадено и не можам да имам врата на кип по цел ден, претопло е. Јас не можам на толку топло да спијам, а сигурно и бебе поубаво ќе спие барем некој степен поладно да е.
    Облечена е на боди по долги и хеланчиња/пижамки доле или обични памучни шпикозни за спиење, нозе боси дење ноќе
    Не знам како да оладам, пред некој ден клима на ладење пуштив :rofl:
     
  14. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Влезната врата отвори ја :)
     
  15. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Уште тоа ми остана да пробам хаха. Ама нова зграда е, и влезот/ходникот е топол
     
  16. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    5.820
    Пол:
    Женски
    Ние сме северо-запад 2 страни надворешни, една страна стан никој не живее , нова зграда ама нема парно тука. Климата така сега е наместена цел ден се отворени вратите. Со претходната клима во спална уклучуваме плус панел, климата на 30 дуваше и не постигнуваше, беше 18-19 степени па и 17 некогаш ако е надвор ( а не уклучиш панел) мн ладно правеше мн често дифрост . Што мене не ми е пријатно за спиење некако толку ладно, да се покирам со ќебиња многу.
     
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    И јас вака го облекувам, кога читам другите како облекуваат викам јас претерувам. Ама и мене ми е ладно навечер, како само со боди и вреќичка, па јас носам долна маица, пижама и дебело ќебе, бебето само по боди да ми спие под вреќата, и 23 степени да е :D. Во 20 јас не можам да издржам од ладно пример.
     
    На Simon4e0507, Mammamia16 и Ladyme им се допаѓа ова.
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Зборам генерализирано и статистички појак имунитет имаат децата тука, во Шведска на минусни темп. на ветер на снег летаа на точаци, кај нас точак да вози некој на тие темп будала ќе го направат и др ден брохопнеувмонија ќе закачи.
    Јас го наоблеков така еднаш за надвор и ми препоти, тоа уште полошо е, надвор ладно ако го извадиш од количка ќе го здрви ладното.
     
    На Simon4e0507 и Ladyme им се допаѓа ова.
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    6.931
    ваљда зависи од станот, ние сме на градско парно дневната ни е како во сендвич таа е секогаш 23-24, спалната има надворешни ѕидови таму се движи од 21-23, ја па сум зимурлива, некогаш пуштам и клима да догревам во спална :rofl: а и во дневна кога ја бањаме пуштам плус клима, а ја соблечам гола цела се тресе и помодрува
     
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.471
    Пол:
    Женски
    Кај мене по цел ден е во боди на прерамки и шпикозни или тренерчиња. Никогаш не го преоблекувам оти не сака многу топло. Се роди 28 јули на почеток беше првите 2 недели во шпикозни на долги со клими пуштени ма 25,26 степени. После само по боди на куси оти беше кенкав на долги и помирен беше кога е соблечен. И сега кога го соблекувам е среќен разигран и кенка кога го облекувам не сака да е преоблечен. Дома сме со парно, на долниот спрат е пуштено на 25 значи горе ми е 22,23 степени дневната поладна оти е на северна страна. За спиење исто е само со боди на прерамки и шпикозни или пижами. Препорака од педијатар беше како сме ние облечени така и бебе да облекуваме. Сега ја не носам ни маица и сум на долги, многу ретко, само со блуза на кратки ракави сум. Мислам треба и бебуш да се следи како му е и како што кажа членката погоре се следи по врат, по телото дали му е ладно или топло. Јас за надвора му облеков боди по долги тренерки и скафандер му беше топло и цел како со вруќаници ми беше кога си дојдовме.
     
    На Anie93, Simon4e0507 и Cvetce_ им се допаѓа ова.