Јас на педијатар кога го однесов есента го имав облечено по скафандер флис и пелена дебела, ми рекоја ова е премногу за овие темп, кига ќе фати минус што ќе му облечеш, нејсе тоа време беше шашаво, излегуваш надвор ладно, по пола саат сонце ќе пукнеше, најлошо време за излегување ми беше тоа. Овде сме секој ден излезени, го облакам по шпикозни и скафандер плус ќебе или пелена зависи колку е ладно, секогаш спие како јагне, кога му е жешко кемкав е, се жали. Сега му купив вреќа за во количка и ски скафандер водоотпорен ќе му го облакам кога врни или кога е поладно, и ќе ги мафнам тие пелени и ќебиња, за полесно и попрактично оти еднаш и дожд не фати па беба не сакаше во количка и брат ми на дожд до дома го носеше во раце.
Каков термометар купивте за новороденче? Од кој сте задоволни? Разгледував премногу брендови, не знам како да одлучам...
Немора одма вакви коментари де. Идна мајка е и сѐ и е измешано. Тек кога ќе се роди бебе самата ќе знае што-како. Сега овие прашања се најнормални. @Anie93 повеќе од тоа немаш потреба. Дома секако ќе ти биди топло. Јас само толку облекував и таман му беше. Ајде ситно броиш.
Јас го имам Nimo med бесконтактниот и тој НЕ би ти го препорачала, каков и да купуваш немој тој. Цело време покажува различна температура, во рок од 2 минути, дава разлика од цел степен. Единствено позитивно е што има опција за мерење на вода, млеко, па кога ми треба некоја приближна температура го користам него.
Истиот проблем го имам и јас. Многу често сум во искушение за климата Преку ден 26-27 степени е, а бебево ич не трпи да му е топло па преку ден е претежно само по боди. А за навечер, откако го исклучивме радијаторот во спална, околу 3-4ч ноќе температура знае да падне до максимум 23, ама пак е топло и уште си спие со летна вреќичка. Купив една зимна вреќичка за спиење, мислам дека така необлечена ќе остане.
Јануарско бебе плус прематурче, дома држевме околу 22-23 степени, за бањање 2-3 степени плус. Носеше преку ден боди кога на куси, кога на долги, зависи колку "дебел" беше горниот слој и обавезно чорапчиња. Па макар и со стапалца да имав ставено шпикозни или пантолончиња, чорапче ставав. Некако ми идеше дека е во ред таа. Капа, ракавички и слично не сум ставала. Од горе или дведелен комплет или шпикозни. Сепак по самото дете ќе си видиш. Моево и ден денес, години подоцна си бара екстра чорапчиња или топлинки, а веќе е во возраст каде што знае да си каже што сака. Неколку дена и ќе влезете во шема. Со лесно нека ти е.
@Anie93 Јас сега ја облакам вака. Тенко боди на прерамчиња, горе тенко боди по долги и долу панталончиња. Или боди на прерамки и шпикозни. Хулахопки и носам само со фустанчиња. Кога се роди тек, август, мн топло. Јсд ја облакам по боди по кратки свекрва ми и облака по кратки, долги , панталони, чорапи, и ја повива. Не и одговараше тоа цела се нафрла со тенки точки. Сега мислам дека ова и е идеално. Навечер спие со боди по долги, потенка вреќа без ракави и чорапи. Може не треба чорапи не знам, ама јас и во сред лето сум со чорапи имам некоја фобија од прелада преку нозе Надвор кога ја изнесувам и облекувам скафандер и горе тенко ќебе. А секое бебе обожава да е голо. Кога се играме и соблекувам панталончињата и правиме вежби. Гледам дека ужива некако така.
Не беше злонамерен коментарот, и дадов споредба само дека ако е многу ладно тогаш да го наоблечи, мала шала
Вервај бетер ми е, не од вртоглавици туку од други работи Поќе од три сати немам спиено. Не се лути, коментарот беше шала, ќе видиш сама дека и бебе не трпи многу облека, повеќе сакаат во ладно да спијат, нас парното кога ни беше искл поради технички проблеми цела зграда тогаш ми се чини најмирен беше бебуш, варница ни е дома инаку, претопол е станот и никако не можам да спуштам температура под 24 степени, врати отварам џабе е се, бебе е испотено во стопала од што е жешко
Како што ти рекоа повеќето членки, ќе видиш на крај и по самото бебе. Мојата е родена крај на јануари. Јас држев температура од околу 22-23. Преку ден си беше во боди до долги плус шпикозни со ноџиња. Ретко се случуваше и чорапче плус да и ставам, ако мене ми се видеше поладен ден. Навечер спиеше во боди по долги и шпикозни со ноџиња, без чорапи, и или со дебела вреќа, или со дебело ќебе, а имаше и неколку дена и со јорган кога ја покривав кога мене ми изгледаше поладно иако греевме во собата И си спиеше, немаше гајле. До ден денес сака топло. Така да зависи и до бебето, ама треба да се внимава сепак да не се прегрее. Ќе проверуваш дали е испотено и тоа е тоа
Второ бебе гледам, првото само по боди на кратки зима/лете израсна, на ова второво се опрајв па хелаччиња му облакам надолу . Пола ден на под го поминува, чорапи само за надвор ставам. Исто сме со градско парно, температура дома ни е 26 степени, а толку ми е и на лето со клима пуштено па ми нема логика да ги наоблекувам оти е зима надвор. Навечер само по шпихозни спие, не ја редам во вреќа оти утоп се прави и вака. Сите бебиња трпат ладно подобро од жешко, нечини претоплување, американците имаат изрека за ова, од ладно може само да плачат, прегрејување се поврзува со сидс. Кога ќе почнете со цврста храна.
Здраво девојки, ние почнавме со вкусови, моментално сме и во 5 скок и го преживуваме некако . За намирниците ги пробуваме по два дена некои три кога како. Првиот ден обично давам малку колку да видиме за реакција а втор и трет ден околу 10-15 лажички од кои секако пола ке ги плукне од житарките ориз пробавме, е сега прашањето ми е за палента и просо какви користите.. ? Од овошје слива и кајсија немаме пробано. Дали давате купени или да почекам до сезона ?
И јас за недела две почнувам со вкусови, па ме интересира вода како давате, во шише или со лажиче, колку мл, ( на листот од патронажната што ми го даде пишува 120 мл дневно ) и дали купечката бебешка вода треба да ја превријам пред да ја дадам. Јас планирам да давам домашни на почеток, купив блендер со готвач на пареа па едвај чекам да го пробаме