Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    6.834
    Јас давам суви кајсии бидејќи се богати со железо, сливи имам замрзнато. За синко давав суви сливи. Битно да се без конзерванси.
    Вода ако ти прифаќа шише, можеш со шишенце. Сум давала и од чашка за ракија. Моментално давам од некапечка чашка на Нук, и првото и сега второто од прва ја прифати.
    Флаширана вода никогаш немам превривано.
     
    На Karanfilce14 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  2. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    593
    Јас земам роса и ја превривам. Бебелан земав за секој случај да имам при рака доколку ми притреба, таа не се преврива. Не ја сака многу ама пивнува колку толку. Педијатарот рече битно е да пробува.. немора да значи дека треба се да испие ...сеуште се учат :D само периодот за намирници е за никаде а плус тоа што не ми текна ништо да си замрзнам :|
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    Од новороденче му правам АД со Роса, ниеднаш не сум ја преврила. Флаширана вода е. Немаш потреба од превривање, иако не спаѓа под ,,бебешка” вода.
     
    На Dijana DM, Karanfilce14, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Human8o

    Human8o Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво, бебето ми е 4 месеци и сме на адаптирано млеко Aptamil cesar biotic сакам да го префрлам на Holle A2, ако има некој искуства со holle да ме посоветува?
     
  5. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Беба 5 ипол месеци, почнавме со, вкусови и блокиравме кај морковчето. Од кога го проба не се покака, денес е трет ден.
    Што да правам освен вежбички и масажа на стомаче. Колку е нормално да не кака.
    Иначе сме на доено млеко и се какал секој ден...
     
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    Пробиотик даваш?
    Ако сте почнале со вкусови, можеш да дадеш слива или кајсија, помагаат.
     
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    6.834
    Дај му сега круша. Понуди му водичка. Морков и компир одложи ги за понатаму.
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Пробиотик прекинавме уште во втор месец да даваме.
    Се мислам дали денес да дадам крушичка да помогне малку или скроз да стопирам додека се искака
     
  9. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Кај нас слива инстантно помага, јас би ти рекла со тоа да пробаш денес
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    И јас би те советувала денес слива да дадеш.
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    На самата бебешка вода пишува откако ќе се отвори шишето да се чува во фрижидер и ако стои два дена отворено да се преврива, ова како предлог а не дека мора.

    А кашичките со вода ги спремате или ад и мајчино ?
     
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    8.464
    Пол:
    Женски
    Јас давам обично Холе дохрана 2, 3 пати на ден. Со тоа почнав, ок е, немаше грчеви иако беше на комбинирано, кака еднаш во 2 дена или секој ден, напредува супер. Мада може 1/3 од дневен внес може му е ад, не знам како би било да е цело време на ад.
     
  13. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Јас мешам малку со мајчино млеко.
    Доколку имаш убаво е со тоа да мешаш, но се е избор :)
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Здраво мајка, извини вака што се мешам у муабет.
    Јас почнав да давам АД од скоро дека одбива да цица од скокот. 4 месеци е. Давам Аптамил ар , супер го прифати. Е сега малку сум у збунета околу све. Пример ако е гладен ако не цицал ич пие 120 мл максимум ако цицал претходно 60 мл одвај и пак незнам дали е ок тоа зошто на пакувањето пишува за неговата килажа треба да пие 180мл. Нема шанси толку да испие и коа е гладен.
    Давам 2,3 пати адаптирано инаку е на доење . Исто се грижам да не ми се намали млекото. А немам време да се измолзување имам тодлер 3 години што не застанува и сама сум дома 80% од времето.
    Како одржуваш лактација и даваш ад? И дали е ок да пие толку количински ?
    И пример ако пиел АД после колку време да дадам цице е ок ?
     
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    8.464
    Пол:
    Женски
    Јас му давам ад обично приквечер односно попладне бидејќи тогаш ми се намалува млекото осеќам. Плус детето поголемо си доаѓа од школо, да го видам малце без да ми дреме на цице малово, и ако сакаме некаде да прошетаме му го давам цел оброк ад (со 120 мл вода). После пред спиење обично цица, па накај 12 му давам ад цело шише, па до сабајле само цица уште 2 3 пати. Бидејќи навечер јас имам највеќе млеко, ова во 12 кога ќе го скокнам цицање градиве ми се прават камења до кај 3 искрено, ама јас бев спремна ич да не го дојам навечер, а млеко не ми се намалува еве скоро 3 месеци и затоа му давам. После во текот на денот некогаш опционално 3 пат му давам како дохрана. 90 мл правам, што испие испие зошто знае да е кенкав, никогаш не одбива. Јас почнав со ад зошто не фаќаше да цица на почетокот, нешто молзев нешто ад, не можев фул тајм да се молзам во тој хаос и продолжив да му давам. Ама се разочарав зошто имав прво затнати канали, после мастит фатив, со авент шише не ми јадеше, па му земав со поголем проток, и еве уште цица, а бев спремна скроз да пропадне доењето. Беше Јасна, на 2 недели некаде цицаше по 90-100 мл и ми рече не давај ад, ама искрено продолжив зошто беше научен некако не можев да му го скратам. Башка лаком е и цело време е гладен, тој и саат ипол 2 после ад би цицал, и цица (обично гледам да поминат 2 саати мин.), па немам многу дупка без да цица за да ми се намали млекото преку денот. На 2 месеци и 10 дена беше 6 кила, така да си сака да јаде. Зимава уште да поцица за имунитет, може и да се одбиеме што е до мене, супер што успеавме и волку да се доиме, на сите препреки од почетокот. Инаку гледај колку пие, јас еднаш му направив со 150 мл вода, значи околу 180 млеко, ама испи само 150 вкупно, па продолжив со истата количина.
     
    Последна измена: 23 декември 2025
    На fragaria и Ena0310 им се допаѓа ова.
  16. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Моето е 4 месеци има 6300 , последен месец качи само 200 грама. Совет од педијатар да се молзам и да почнам вкусови. Он не личи слабо бебе 2950 е роден баш има бутки. Ама премногу ми е мал за да почнам вкусови, би почнала за некоја недела, месец од сега. немам време да мозсм па почнав ад. Моево па не е лакомо воопшто. Никогаш не покажува знаци на глад. Ако му дадам ќе јаде ако не не се буни . Сестра му иста беше живци искинав, еве ја уште нејадач тежок 11 кг е , 3 години. Бебето се засили на почеток по 1400 грама првите 2 месеци. После 500 и еве сега 4ти месец само 200 грама качил. А вака кака мочка полни пелени. Ама од што немам време да го молам да цица по еден саат додека да се навица и јас решив да дадам АД. Па ќе видиме за 2 недели на мерење пак како стоиме.
    Инаку и јас имам млеко. Не ми се прават камен ама коа почнува да влече надоаѓа млекце и само тече, ама џабе е коа он се трга се тегне, све сака да види , све му е по интересно од цице. Се надевам нема да ми се намали млекото и мене. По лесно е сто пати доење крени мајцс и спремно е. Вака шишиња кој,стерилизирај, па вода топли..
    Ама како биде така, важно е да се здрави и сити и да напредуваат...
     
    На fragaria, Cvetce_ и Cherry333 им се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    8.464
    Пол:
    Женски
    Првото дете ми беше така како што кажуваш за твоето, од 4 месеци слабо напредуваше и се друго го интересираше, ама не дадов ад на него. 6 години ќе прави сега, 17 кила е. Многу е жив, троши и не се дебелее, на тоа јадење се чудам од кај наоѓа сили за активност цел ден. А ова е друга прича, ова обожава да спие на цице. Цел ден ќе цицнува и ќе заспива, така да мене некогаш попрактично ми е ад да дадам зошто ме болат брадавиците некогаш од тоа цицање нон стоп |(.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    @Ladyme те прочитав на темава и се сетив дека и ти се породи пред време. Како сте со исхраната. Житарици кога воведе? Сите ме напинаат вклучувајќи и педијатар а мене ми е страв. Пилешко дадов и две ноќи бдеам дан повратат. Ми повраќаа од просо и батат. Моите се скоро 7 ама корегирана скоро 6 месечни.
     
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    5.820
    Пол:
    Женски
    Лиле и дадов безглутенски житарки прво , оризот е лесен земи од хип или холе и со него почнав, пример јаболче и ориз, после слива и ориз... после дадов палента тоа corn 100% од хип исто тие се све безглутенски и така не мн густо направени со овошје. И мн ги сакаше. Мене од храна не ми повраќа, со млекото имаше мн проблем и сега да пие ќе поврати. Полека после ги комбинирав. Просо ќе сварев убаво и блендирано пак со овошје. За ручек пример сладок компир со морковче и амарант и давав. Експандиран амарант го ставам таман додека олади кашичката и тој омекнува. Немој да се плашиш. Па јас почнав да давам храна на 5 месеци родилни. Да пробува вкусови ама ми јадеше да кажам од 10ти ден више 75г јадеше мала кашичка.
    Бело Пилешко по ова јас што следам се дава по 9 месеци. Од 8 месеци телешко преку еден ден . И така давам.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Значи јас прерано сум дала пилешко? Моите повраќа од млеко додека не сменивме Ар формула. Ама сега педијатарот вели да пробаме со обично. Од утре почнувам со новалак 2 и коски ми се местат, што претргав со тоа повраќање. Ама ваљда се големи сега. Ориз давам од Дм Јасмин мислам пишува на него. Зедов инстант ама многу ми беше густ не можев да го погодам. Палента исто од Дм ама ја мелам во нутри булет пошто им е зрнеста многу и не можат да голтнат. Просо дадов ама повраќаа ( додуше мислам ги прејадов, брзо дадов млеко по оброкот) ама педијатарот ме караше не требало просо а од друга страна ме напина со месо и јајца.