Ќе ти пратам сега тоа што имам во порака па види, јас мојот педијатар не го следам не ми се свиѓа начинот на кој ми кажа како да давам храна, приватно бев во Ремедика и мислам дека е океј. До сега не ми повратила храна и гледам да давам мерам и точно толку и е таман, не форсирам ако се најаде.
Мајки да прашам во кола во седиште, овој период, како ги облакате бебенцата? Мојата е 4+ и планирам во седиште од сега да ја ставам, ама дсли во скафандер облечена да ми е или како? Пошто е ладно
Во седиште дете се облекува без горен слој, значи само тренерчиња или како и да ја облекуваш, заради безбедносни причини. Ќе земеш ќебенце за да го покриеш бебето на почеток додека да се загрее колата и тоа е тоа
Дали сте нарачувале свеж зеленчук од Sezer's Organic Farm's Post? После НГ треба да почнеме со вкусови... Искрено незанм од каде да купам. Овошје сега нема здраво освен цитрусните, а исто мислам и за зеленчукот. Па дали имате искуство со оваа фарма од Охрид?
Мајки помош. До мене е или до детето? Скок помина, ноќно спиење уште ни е катастрофа. Денските дремки ги средивме спие по 4ч дневно. Го успивсм 19-19:30 во 20:30 буден како дремка да му било. Прееска заспа во 21:30 цо 23:00 стана. Го презаспав 23:20,23:30 стана 20 мин вриштеше оддвај го презаспав. И по цела ноќ станува на 2ч некогаш и помалку.
И цитрусните се премачкуваат со парафин, пр. мандарини. Здраво нема скоро никаде, за жал, освен од некој што има сопствена бавча и си произведува за себе. Од информации од пријатели кои работат на оваа проблематика, би ти кажала дека зеленчукот и овошјето во Кам е генерално со добар квалитет, лабораториски проверено. За други места не знам со сигурност. Не ми е позната охридската фарма.
Зборот ми беше за пестициди. А зошто бил толку обоен, навистина не знам. Како што кажав и погоре, нема здраво скоро ништо.
Дали ги користите анатомските перничиња што се во комплет со постелнините и оградиците? Ми предложи продавачката во локо кроко да купам такво перниче за конусно главче ако има после породување, јас реков не ми треба тоа. Сега гледам во комплетот постелнина има и перниче, па не знам дали се користи ако навистина е главчето сплескано?
Најмалку до година не се препорачува спиење на перница. А доколку при пораѓањето се издолжи главчето, минувајќи низ самиот породилен канал, тоа се средува само, нема потреба од перници.
Хејјј, јас нешто да прашам. Дали сите давате пробиотик на бебето? Еден педијатср вика мора, друг нема потреба