Знам дека сите деца се различно но морам да прашам дали е нормално еве денес сме 5 месеца да не се превртува сама на меше со мала помош може да се преврти и ново ми се тресе со рачињата кога е возбудена, гладна или нервозна.
Мамички што витамини давате на бебињата? Јас купив вигантол, по една капка. И омега и давам од бејбитол. 4м е. Гледам некој дава омега некој не, во мисла сум.
4 месеци и една недела не се врти. Се врти само со горниот дел ама изгледа тешко и е газето не може сама И помагам и правам вежбички. Има вежби што можеш да и правиш ама секако ќе се сврти кога ќе биде спремно бебчето
Мојава е 5 и пол месеци сеуште со помош се врти, до сега само 2 пати едвај сама се има завртено. Раце тресе за се и од некни почна само да се мава по лице хаха. По цел ден само вика и писка
Јас давав сѐ што му беше кажано па прекинав (на 2 м) оти сфатив дека грчевите беа од тоа изгледа капките и витамини Сега давам само д3 Повремено омега на бабитол ама и со тоа има грчеви И треба мултивитамини well baby пробав и дента имаше грчеви и тоа три пати така баш внимавам кога ќе дадам и има грчеви А на границата е со хемоглобинот и не знам стварно што да му давам
Д3 со омега заедно во една ампула се на бејбитол и пробиотик био гаја ништо друго сега… ама не редовно пробиотик понекогаш кога гледам дека се мачи да се искака потешко.
А зошто да му даваш витамини на толку мало бебе? Доктор те советуваше, поради железото или? Дека знам за железо и други суплементи даваат ама не знам од која возраст. Првото дете ми нема проблем со тоа, ова сега на прва крвна слика слабо хемоглобинот некако, не знам како ќе биде натака.. Може кога ќе почне да јаде со храна ќе се потсреди ама рано е уште.
Сега гледам на моето 106 и бил хемоглобинот на прва крвна слика. На доење е ама и јас тапа сум со железото и хемоглобинот можеби и затоа. Сега ќе правам пак, земав суплементи да пијам и ќе видам дали има разлика ако мене ми се подобрило.. Вака докторката рече не е страшно ама не е ни многу добро..
Биотрина капки, прочитај ги. Прекрасен состав. Моево примаше првите 4 месеци. Хемоглобинот и е одличен. Еве сега сме 8 ипол месеци и сега ја боцкав мислев ради настинка, тоа заб било и хемоглобинот одличен.
Не би требало да е од тебе. Мене со претходното бебе многу ми ослабе железото во бременост, а со ова ич, а имам секогаш добри вредности вака нетрудна. Ама претходното изгледа си собрало резерви, ова не. 100 му е хемоглобинот
Омега давам обавезно и планирам да давам подолго време, мн важни за развојот на говор, мозокот општо. Д3давам како вигантол, бев на ортопед, одлична е и продолжуваме со него. Давам Бејбивит витамини моментално исто ради коските развојот дека е прематурче. Пробаланс бејби пробиотик до годинка планирам, кака одлично со него и покрај вакцини и цврста храна и све тоа.
Мене последниот медец ми беше 4 железото. За еден месец од 17 на 4 падна. До крај на бременост некако го кренав на 7....
https://mydrxm.com/products/galenik..._hvfmQrjRHX4vbx04fbmPxJ_eRzeu7BKA_X3o7Q1Xegqm Овие од србија ги земам, тука нема. Здравје од годинка ќе се префрлам на молерс омега шишето. Една капка вигантол и во омегава има плус.
давам само омега и д3 на бебитол, се мислев и јас вигантол да почнам да давам, како и го даваш? со лажичка или директно во уста? иначе мојата е 4 ипол месеци, од пред два дена почна да се превртува на меше, ама не знае да се врати назад, и се заглавува раката и пишти
Мене најубаво ми е да и ставам на цуцлата и цуцлата во уста Директно нема шанса зашто паѓа секаде само во уста не. А со лажице и давам исто понекогаш. Едвај чекам да се свртии се мачи она Се врти ако е на страна ама од грбче не знае. Последниве недели само вика. Туку, можно ли е деновиве кога јадеме и она онака прави со устето како да ручка или така се погодило