На моето комбинацијата на масла му правеа проблем. Давав д3 со к1 и омега посебно. Па ни рекоа да појачаме д3 да земам д3 со омега и плус д3 со к1 само што почнав да му давам така, вриштење. Да не знаеш како да го смириш... Прекинав, дете нормално како пред тоа. Пак дадов пак вриштење. Прашав педијатар и ми рекоа посебно да давам омега посебно д3 како и пред тоа и така нема проблем еве. Сега само без к1 чист д3 му давам и посебно омега. Џабе тогаш купував одма реквизити за грчеви и појас купив, ништо не искористив... Си има гасови ама не со плачење, си прди
Бебчево е една недела, денес треба да одиме на прва контрола. Како да го облечам, хелп!околу 0 степени е
Исто бејбитол ама посебни ампулки така? Прашувам зошто ја забележувам и мојава дека прави некои скандали попладне а не сум баш редовна веќе со бејбитолот знам некогаш и да заборавам и неколку дена ама не можам да потврдам дали е од нив или не
Мене грчеви само од бебјбитол д3со к1 ми имаше. Тој го прекинав и се смири од омега со дха нема проблем
Новогодишно болни. Кашла синко и тт има. Го однесов кај матичен не знам што се научени крвна слика добра антибиотик превентивно.. Решив ако е вака да не го давам не дај боже ако се влоши да дадам. Ми рекоа и инхалација да му правам. Совет ми треба од кој инхалатор сте задоволни не знам што да земам
Да прашам едно без везе прашање ама више од баби ќе се мрднам. Дали пред 40 дена ги вадевте надвор децата? Деновиве е убаво чист е воздухот сакам да ја изнесам барем на 20 минути ми кажуваат бабини деветини и ме фаќа шубе. А искрено и мене ми се излегува се мрднав дома има детево скок најверојатно се смени скрос не спие не полуде.
Во јануари е родено моето, во топли денови ја вадев, на балкон, низ двор. Не дека одевме којзнае каде ама си седевме надвор. Облечено убаво спрема температурата надвор.
големата ми е родена во декември, ја вадев надвор имаше исто вака имаше убави сончеви денови како денес, на кратко по 15-20 мин низ двор
Moeto e letno bebe. Go vadevme od porucekta na kratko nadvor pred 40 dena. Ne go setav po grad I po molotovi ama na Patekata do pred zgrada da .
Кога го носиш на доктор на контрола секако го вадиш надвор и пред 40 дена. Моето исто е летно бебе, секако дека ја вадев надвор по малку да се адаптира на надворешна средина, на балкон, во двор. Можеш да ја изснесуваш по малку 10-15 мин и тоа на сонце, да не дува ветер, сепак сега е многу мало бебето, а тоа пред 40 дена нема врска, не гледав на тоа, демек 41 ден веќе готово можеш да го изнесеш нема да се разболе.
Да, ако е чист воздух да нема силен ветер врти круг. Поубаво ќе спие, ќе видиш разлика. Ич никакво шубе нека не те фаќа, не мораш да с еобјаснуваш и да кажуваш на другите што правиш или планираш
Воздухов деновиве е чист ама остар е … и ја не би вадела толку мало бебе сега. Мојата е јунско бебе летово беше едно од најтоплите што го памптам… ја извадивме во маало на 9ти ден од раѓање пола саат попладне беше, си лежеше во корпа мирничка и си уживаше.