Мајки навечер колку пати стануваат бебенцата ваши да цицаат на 4 месеци? Мојава почна по 3 пати да станува а стануваше по 2
Исти сме мислам скоро месец.. ај реков до запчињата е, излегоа и истото продолжи, денски само кенка, порано повеќе се заигруваше сам, а навечер се буди по неколку пати со плачење
Мислев 4 ти скок е еден по тешките што го минавме е сега со замав од 5тиов скок гледам сум грешела.Хаос е.6 месеци е.Како бебе 100 пати поубаво спиеше
Немам апликација за скокови, не пратам точно кога се. Неколку дена имаше дневни дремки по 30 мин и по кенкава беше, други драстични промени не забележав во 4ти скок.
Кога сме кај скоковите нас ни се спои и 4ти и 5ти сега и забавата е на највисоко ниво. Сега нај интересно е плукањето, таман кога ке јаде и текнува да брмчи па се наоколу е со морков и тиквици Имам прашање за околу воведување на некои намирници.. на листата што ни ја даде педијатарот од 6-8 пишува месо, кромид, боранија, карфиол, праз, блитва, спанаќ.. ги воведовте веднаш по наполнување на 6 или треба да почекаме
Бидии среќна што се 3 пати само. Се пожалив веќе дека месец ипол стснува на секој 1ипол саат. Рачунај тоа значи дека станува минимум 6-7 пати во ноќта.
Кога ќе ми текне дека станував јас да го проверам оти од 9 до 3, 4 ниту еднаш не се разбудил. Се осеќам како ова да беше пред една вечност, а не пред 3 месеци
Мајки здраво, моето бебенце има две недели, цица и плус дохрана, ни рекоа на 3 часа, ама навечер некогаш многу е заспан и одбива да цица и дохраната знае да не ја допие. Дали ги будите на 3 часа кога се вака малечки или чекате сами да побараат?
Хелло дали има некоја при рака Вигантол капки нови да ми каже дали има некаков безбедносен прстен при отварање? Ми донесоа капки Вигантол ама нема ништо на шишето прстен некаков не знам ... било што да штракне дека се нови, а на нив пишува 6 месеци од отварање. Како да знам...
Јас знам гладно дете не спие кога е на града буди го не му давај да спие губи штипи ќе стане ќе продолжи да цица јас не сум будела
Мајки големиот од синоќа е со температура 37,5 38,4 имаме бебе нема ми два месеци ако нешто недај боже префати што да правам да носам одма на педијатар искуство имате ли
Не мора да значи дека ќе префати бебето. Син ми големиот првиот викенд дома крена температура, бебето 6 дена беше. Одма го депортирав кај баби, после мм се разболе исто, па после уште еднаш стомачен вирус фати со температура плус, бебево ништо. Кај мене татково најголем ризик за бебето е се разболува повеќе од дете во градинка . Не се секирај, малите бебиња имаат имунитет, само следи го за секој случај, ќе одиш на лекар ако има потреба нормално.
Мајки Дали некоја се соочила со собирање на папоче со лепенка поради воздух или кила? На 20ти јануари правиме два месеци забележав папочето кога напина многу се дуе а кога ке се смири со прстот само да допрам како меурче се враќа назад ... Педијатарот ми рече и ми покажа како да го соберам (нежно притискање навнатре) и да му ставам хируршка лепенка.. Не знам дали смее така ама штом рекла докторката дс променам ама колку што имам познавање знам дека не треба Навистина сум збунета
Исто, и ние од скок во скок тераме, навечер е лудило, почна и со плачење да станува и да не прифаќа цице ама упорна сум среќа кратко трае и одма се смирува. Откако воведив храна е ваков, си велам да не му е тешко на меше оти и формула и цица, ќе гледам формулата скроз да ја исфрлам.